Контакт

Забава

Австријка ја убила сосетката за да си го плати одморот во Хрватска

Објавено пред

Мајка на пет деца од Горна Австрија признала дека ја убила својата 77–годишна сосетка, со цел да дојде до нејзините пари со кои го платила летувањето за себе и своето семејство во Хрватска, известуваат австриските медиуми

dobivaj vesti na viber

Осомничената 34-годишна жена признала дека, на 27 јули во Тимелкам, место во Горна Австрија, со нож ја усмртила сосетката „бидејќи и требале пари за семејниот одмор“, изјави претставник на полицијата,  пренесува хрватската агенија Hina.Утредента семејството отпатувало на одмор во Хрватска, каде австриската полиција ги побарале за да помогнат во истрагата, како први соседи на убиената старица. Жената убиец и нејзиниот сопруг изјавиле дека не знаат ништо за злосторството.Според полицијата, нејзиниот маж и малолетните деца не ни претпоставиле дека таа е убиецот.Австриските медиуми тврдат дека кај неа биле пронајдени помалку од илјада евра, а полицијата и влегла во трага благодарение на збирката кованици, која по злосторството ги однела во банка.Во саботата по враќањето на семејството од Хрватска, полицијата ја повикала жената на разговор, а ноќта кон неделата, таа го признала убиството.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Претставниците на Албанија на Евровизија ја освоија публиката

Објавено пред

Од

Албанија ги воодушеви гледачите на Евровизија со својот настап во првата полуфинална вечер што се одржа синоќа во Базел.

dobivaj vesti na viber

Дуото „Шкодра Електронике“ ја изведе песната „Зерм“ и се пласираше во финалето. Тие моментално се на деветтото место за победа во обложувалниците за Евровизија.

Видеото од нивниот настап собра 144.000 прегледи на YouTube за 10 часа од објавувањето, со позитивни коментари подолу.

 

„Шкодра Електронике“ е италијанско-албанско фолктроничко дуо формирано во 2019 година во Скадар, град во северозападна Албанија, и го сочинуваат членовите Коле Лаца и Беатриче Ѓерѓи. Тие се албански имигранти кои пораснале во Италија.

Музиката на „Шкодра Електроник“ се карактеризира со фузија на жанрови како што се електронска музика, поп и традиционална албанска музика. Нивните текстови често се занимаваат со теми како што се љубовта и секојдневниот живот.

Прикажи повеќе...

Забава

(Вознемирувачко видео) Објавена снимка од нападот на Диди врз поранешната девојка: Ја удира, ја клоца, ја влече по подот…

Објавено пред

Од

Се појави вознемирувачко видео од безбедносна камера на хотел во Лос Анџелес, на кое јасно се гледа како музичкиот могул Шон (Диди) Комбс брутално физички ја напаѓа својата тогашна девојка Кеси Вентура.

dobivaj vesti na viber

Снимката, која беше прикажана во целост пред поротата на судењето, ги прикажува морничавите моменти на насилство од 2016 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Сенчури Сити.

Во видеото Комбс бесно ја брка Кеси по ходникот, ја зграпчува за главата, ја турка на подот и ја клоца додека таа лежи неподвижна. Потоа ја влече по подот, а подоцна во видеото се појавува обезбедување, кое се обидува да интервенира. Видеото нема звук, но визуелната содржина е толку вознемирувачка, што ја остави судницата во целосна тишина.

Обезбедувачот Израел Флорез, кој сега е полицаец, беше првиот сведок на судењето и сведочеше дека Комбс потоа се обидел да му понуди поткуп за да го прикрие инцидентот.

Кеси Вентура дала детален опис на годините физичко и психолошко малтретирање што ги претрпела за време на десетгодишната врска со Комбс. Таа тврди дека тој целосно ја контролирал, честопати ѝ упатувал закани и оставал оружје во куќата за да ја заплаши.

Најшокантните обвинувања се однесуваат на таканаречените забави Freak Off – повеќедневни сексуални оргии, во кои Комбс ја принудувал да учествува со платени мажи додека тој гледал и снимал.

„Во првата година од нашата врска тој ми предложи брак под изговор на воајеризам. На почетокот сакав да му угодам затоа што бев заљубена, но бргу сфатив дека тоа е нешто што не сакав да го правам. Немав избор. Се плашев – од него, од последиците, од уцената“, рече Кеси низ солзи.

Таа рече дека забавите траеле од 36 до 72 часа, понекогаш и подолго, и дека десетици шишиња бебешко масло биле користени во една сеанса.

Таа исто така откри дека Комбс редовно бил физички насилник.

„Ме удираше во главата, ме шутираше додека бев на подот, ме влечеше низ станот. Ме удираше толку силно што белките од очите ми поцрвенуваа“.

И покрај сè, Кеси стоеше со Комбс на црвениот тепих држејќи го за рака на премиерата на „Совршениот пар“ два дена по нападот во 2016 година. Кога ја прашале зошто останала, таа рекла дека се плашела – не само физички туку и психолошки.

„Ме увери дека може да ме уништи ако некогаш си заминам“.

Обвинителите тврдат дека Комбс водел криминална организација, која сексуално експлоатирала и заплашувала жени со децении, користејќи моќ, пари и слава за да ги контролира и замолчи.

Доколку биде осуден, тој се соочува со доживотен затвор.

Прикажи повеќе...

Забава

Четири хороскопски знаци секогаш ги обвинуваат другите за своите проблеми

Објавено пред

Сите од време на време бараме некого да го обвиниме за сопствените неуспеси, особено кога се наоѓаме во непријатна ситуација.

dobivaj vesti na viber

Сепак, некои хороскопски знаци имаат речиси вродена потреба да обвинат некој друг за секоја нивна грешка или неуспех во животот – без разлика дали станува збор за пријатели, партнери, колеги или самата судбина.

Наместо да се прашуваат што можат да научат од своите постапки, тие претпочитаат постојано да бараат надворешни причини за сопствените падови.

Иако секој знак има свои силни и слаби страни, овие четири се издвојуваат особено затоа што речиси никогаш не преземаат одговорност за она што им се случува.

Близнаци

Близнаците се познати по својата комуникативност и брза прилагодливост, но зад тој шармантен изглед честопати се крие неподготвеност да ги признаат сопствените грешки.

Кога работите тргнуваат наопаку, Близнаците вешто ќе ја свртат приказната и ќе ве убедат дека немаат никаква врска со тоа – дури и ако сите индикации укажуваат на спротивното.

Лав

Лавовите имаат силно его и силно чувство за достоинство, што често ги спречува да признаат дека погрешиле.

За нив, нивниот сопствен имиџ е исклучително важен, па затоа попрво ќе ги обвинуваат другите отколку да го оштетат својот углед. Кога нешто тргне наопаку, Лавовите прво ќе се запрашаат кој им ги уништил плановите, а дури потоа ќе го разгледаат сопствениот придонес во ситуацијата.

Стрелец

Иако изгледаат отворени и оптимистични, Стрелците не сакаат да преземат одговорност за своите зборови и постапки.

Нивната импулсивна природа и склоноста кон брзоплети одлуки честопати ги доведуваат во незгодни ситуации, но наместо да признаат дека згрешиле, Стрелците ќе тврдат дека едноставно ја следеле својата интуиција или дека околностите биле против нив.

Риби

Рибите се емотивни и чувствителни, но често бегаат од реалноста, особено кога треба да ја признаат сопствената одговорност. Наместо да се соочат со последиците од своите одлуки, Рибите претпочитаат да ја преземат улогата на жртва.

Ако ги соочите со фактите, тие ќе се повлечат во својот свет или ќе бидат преплавени од емоции, со што ќе го одвлечат вниманието од вистинскиот проблем.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Јаневска за одењето во Здравство: Ќе бидам таму каде што премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, втор ден резервирано одговара на прашањата дали ќе стане министерка за здравство, иако...

Македонија12 минути

(Видео) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со...

Македонија55 минути

(Фото) Спречени обиди за криумчарење лекови и медицински материјали

Царинската управа извести за спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди...

Свет1 час

Макрон најавува можност за распоредување нуклеарно оружје во цела Европа

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Франција е подготвена да разговара за можноста за распоредување на своето нуклеарно оружје во...

Свет2 часа

Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС-пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“,...

Македонија3 часа

„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие...

Македонија4 часа

„Владата на Мицкоски со своето неодговорно однесување се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјата за членството во ЕУ“, велат од ДУИ

„Владата на Христијан Мицкоски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето...

Свет5 часа

Трамп: Само будала не би прифатила бесплатен авион од Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека има намера да го прифати авионот Боинг 747-8,...

Европа5 часа

(Видео) Кремљ: Нашата делегација ќе пристигне во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и...

Свет5 часа

(Видео) Пред 35 години ги убија родителите во САД: нивната казна беше намалена, сега може да бидат ослободени

Калифорниски судија го расчисти патот за условна слобода на браќата Менендез, познати во САД и низ целиот свет по убиството...

Европа6 часа

Мелони и Ердоган разговараа за претстојните руско-украински преговори во Истанбул

Италијанската премиерка Џорџа Мелони телефонски разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за преговорите за прекин на огнот во Украина,...

Регион6 часа

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени го погоди островот Крит во Грција во средата, објави ЕМСЦ. Според објавените информации, земјотресот...

Македонија15 часа

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки...

Македонија21 час

Во оваа фарса убијците добиваат милост, 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин: семејството на Фросина повика на протест

„Ги повикуваме утре на протест против гнилиот судски систем сите наши пријатели, роднини и сите родители чии деца секојдневно минат...

Македонија22 часа

На Јаневска ѝ е рано да размислува за ресорот здравство: Имам толку многу да доработам во Образование во овој мандат, премиерот ќе одлучи

Премиерот и преговарачкиот тим во коалицијата ќе одлучат кој ќе биде нов министер за здравство на местото на Арбен Таравари,...

Македонија23 часа

Фрчкоски реагира: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

Љубомир Фрчкоски, поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при ООН во Њујорк, реагира по кривичната пријава за злоупотреби во...

Македонија24 часа

(Видео) Манасиевски: Таравари се интересира само за бизниси и за Груби и за Заев, досега не се разговарало за размена на ресори

Вечерва партијата ќе има редовна седница на Извршниот комитет на која што ќе се разговара за обвинувањата на Таравари за...

Македонија24 часа

Во историјата на овој суд не е изречена 12 години казана затвор за вакво дело, но го задржуваме правото да бараме поголема, рече обвинителот

Обвинителот Александар Марковски го задржа правото да бара поголема затворска казна од 12 години колку што денес му пропиша Основниот...

Македонија1 ден

Таткото на Фросина: Судот ги скри клучните сведоци, кои биле во возилото со Васил, едниот снимал, па ја избришал снимката

Дванаесет години казна е награда за ова најбрутално убиство во сообраќајот, изјави таткото на усмртената Фросина, Тодор Кулаков. Тој повика...

Македонија1 ден

Дванаесет години затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин. Во...