Македонија
Снег падна на Шара на крајот на јуни

Високите врвови на Шар Планина забелеаа по снегот кој падне ноќта помеѓу 26 и 27 јуни на надморска височина над 2650 метри, јави пораталот Метеопро.
Снимките кои ги обезбеди планинарското друштво Аргентус Маунт од Тетово сведочат за малата снежна покривка под самиот врв на Шар Планина, Титов Врв, инаку висок 2747 метри.
Интересна информација е дека кулата на самиот врв во педесеттите години од минатиот век служела и како метеоролошка станица. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Центар, Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, дел од ул. Мирослав Крлежа и дел од ул. Ленинова, реон кај кафе Правда, општина Центар;
– Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, дел од Булевар Партизански Одреди од библиотека кон ул.Лениново, општина Центар;
– Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од објектите со парни броеви од ул. Иван Цанкар и ул. Вангел Дину, како и дел од објектите со непарни броеви од ул. Франце Прешерн, општина Карпош;
– Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, дел од корисниците на ул. Осло и ул. Будимпештанска, општина Карпош;
– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, ул. Киро Фетак-1, општина Кисела Вода.
Македонија
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
Хрватскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателката, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.
Во рамки на посетата, претседателот на Република Хрватска ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Васко Каранѓелевски 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот Јане Сандански, односно парните броеви од 34 до 64.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.