Македонија
Јашари: Меѓународен посредник е излез од политичката криза во Македонија

Неопходно е политичко разрешување на една ваква ситуација со меѓународен посредник кој е прифатлив за сите страни, смета министерот за правда Аднан Јашари за политичката ситуација во земјава.
„Решението кое ќе произлезе од посредништвото треба да биде прифатливо за сите страни“, рече Јашари кој присуствува на седницата за избор на нов претседател на Судскиот совет на Македонија.
Тој изјави дека немало никаков политички договор за избор на кандидат за претседател на Судскиот совет. Единствен кандидат за нов претседател, по двата мандати на Александра Зафировска, е судијата Бранко Ушковски.
Јашари, иако претходно излезе во јавноста со тврдење дека има притисок врз судиите, денеска пред судиите беше воздржан и се заблагодари за нивната работа./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетски прашања со било кого, рече Муцунски

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, рече дека Владата се стреми кон компромис кој ќе биде рационален за да се откочи патот кон Европската Унија. Тој е дециден и дека е крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетски прашања со било кого како држава, а се осврна и на владината позиција да се стави крај на билатеризацијата на европската интеграција која ако стане пракса ќе предизвика штета на целиот регион.
„Нашите позиции се да се стави крај на билатеризацијата на европската интеграција и нешто што го повторувам дека создавањето на пракса на билатерализација штети на целиот регион. Процесот на проширување нема да биде конечен без интеграција на целиот регион“, рече Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ.
Шефот на македонската дипломатија изјави и дека посветеноста кон европската интеграција треба да престане да се мери по капацитетот на отстапките на било која влада по однос на националните прашања.
„И што доколку утре се прифати тоа што се бара од нас? Што доколку утре се случат уставните измени и за шест месеци повторно сме во иста ситуација. И повторно ќе треба и дијалог и разговори и повторно ќе биде закочен процесот на преговори. Ги следам и пораките коишто доаѓаат дека реформската агенда доколку се исполни ја врши и дел од работата на самите преговори. Притоа, нагласувам, не мислиме како Влада дека реформската агенда може да го замени процесот на преговори, тоа е далеку од нашата позиција. Но реформската агенда првин може да биде трансформативна за целата држава, а второ ќе ја покаже и на дело нашата посветеност кон европската интеграција“, рече Муцунски.
Тој изрази и надеж дека европскиот парлмент ќе ја продолжи традицијата на извештаи коишто се позитивни кон напредокот врз основа на мерит критериумите за членство во Унијата.
Македонија
Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање тие ги укинуваат визите што беа потребни за патување во оваа земја, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
Набргу, како што појаснува, со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство.
„Се бориме на секој можен начин да им се помогне на нашите граѓани и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина“, пишува Мицкоски.
Македонија
Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на антикорупциската комисија, која споделувала службени тајни на „Вибер“

На претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, одземен ѝ e пасошот откога Кривичниот суд го прифати предлогот за определување мерки за претпазливост како осомничена во дополнетата истрага за предметот „Адитив“.
Таа се сомничи дека преку апликациите за пораки „Вибер“ и „Воцап“ му одавала службени тајни на друг обвинет за поведени постапки за отворање предмети и одлуки против сега обвинетите фирми и лица во предметот „Адитив“, како и податоци за проверка на имот и на неговото семејство.
Судот определи и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело, што подразбира дека осомничената не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети.
За првоосоничениот Б. Н., кој се товари за злосторничко здружување, злоупотреба на постапка за јавни набавки и перење пари, определена е мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Кривичниот суд.
И за осомничената Б. П. М. определени се мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело.
Против овие решенија странките имаат право на жалба.