Македонија
САД и додели опрема на Царинската управа вредна 145 илјади долари

Амбасадата на САД во Македонија во вторник врачи донација на опрема наменета за спречување на незаконско тргување со стоки на Царинската управа и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Опремата која денеска и беше донирана на Царинската управа се состои од рачен рентген скенер од најнова генерација, вреден 50 илјади долари, потоа фиберскопи, бастери, детектори за радијација. На свеченоста по повод примопредавањето, која се одржа на граничниот премин Блаце присуствуваа директорката на Царинската управа, Наташа Радеска Крстевска, помошник директорот на Секторот за гранични работи и миграции, Маринко Кочовски и Заменик шефот на мисијата на САД, Бартон Путни и други претставници на Царинската управа, МВР и амбасадата на САД. Директорката Радеска Крстевска изрази благодарност до Владата на Соединетите Американски Држави за одличната соработка и за силната поддршка која САД ја даваат на Македонија за нејзин развој, за реформите што државата ги прави за унапредување на можностите во сите општествени сфери и посветеноста за унапредување на стандардите и исполнување на државните стратешки цели. Таа додаде дека инвестициите во софистицирана и модерна опрема се од примарно значење како за засилување на оперативните и институционалните капацитети на царинската служба и достигнување повисоко ниво на квалитет и ефикаснo работење во спречување и откривање на недозволената трговија со стока, така и за унапредување на истражните и разузнавачките делувања и поуспешно спроведување на законите.Во изминативе десетина години преку Програмата EXBS, Aмбасадата на САД на Царинската управа и има обезбедено оперативна опрема вредна 1,8 милиони долари, како и обуки што претставуваат поддршка за севкупното царинско работење, поддршкаво исполнувањето на обврските и залагањата за заштита на општеството и олесување на меѓународната трговија. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.