Македонија
Ќе се градат домови за стари лица со ниски пензии
За пензионерите со ниски примања кои не можат да си дозволат престој во приватните старски домови, ќе се градат нови домови, најави во среда, премиерот Никола Груевски.
Владата планира изградба на нов дом за стари лица, односно за лица чии пензии се толку ниски што не може да бидат прифатени во приватните старски домови, најпрво во Скопје, а потоа и во другите градови. „Сакаме да помогнеме да се зголеми капацитетот на државните старски домови, но не сакаме да им бидеме конкуренција на приватните. Од една страна тие помогаат со згрижување на стари лица кои имаат потреба од такви домови, а од друга страна не ја вршат работата за оние пензионери кои имаат пониски пензии и немаат имот. Нашата одлука е да почнеме градба на нов старски дом, прво во Скопје, а потоа и во други градови во Македонија кои ќе ги згрижуваат лицатакои не можат да бидат прифатени во приватните домови“, рече Груевски, при промоцијата на новата лабораторија на Клиниката за гинекологија во Скопје.Премиерот рече дека во изминативе неколку години отворени се 17 нови старски домови во кои се сместени околу 600 лица, а во моментов во Скопје е исполнет капацитетот во државните домови.„Она што ние го планираме е речиси дуплирање на овој капацитет, изградба на нов дом кој ќе се одвива во три фази. Првата фаза ќе биде за 170 лица ќе чини околу милион евра. Министерството за труд и социјална политика во наредните две-три недели ќе ги започне постапките за проектирање на старски дом. Во втората половина на идната година откако ќе биде избран проектант и откако ќе биде објавен јавен повик за изведувач на објектот, очекуваме да започне и изградбата на првата фаза“, појасни премиерот Груевски./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

