Забава
Во Мексико почна Крајот на светот

Свеченоста со којашто се одбележува крајот на календарскиот циклус на Маите по 5200 години, кој многумина го толкуваат како пророштво за крајот на светот, почнаа во саботата навечер на мексиканскиот полуостров Јукатан.
Свеченостите чија кулминација треба да биде достигната на 21-ви декември, почнаа со принесување дарови за Икчел, божицата на мајчинството и љубовта кај древните Маи, во спилата во близина на селото Нок-Ака покрај градот Мерида, главниот град на источната мексиканска сојузна држава Јукатан, Локалното население на божицата Икчел, меѓу другото, ѝ принесувал жито, што е симбол на плодноста во мајанската религија.
Почетокот на новата ера за Маите на 21-ви декември, се слави на целиот југ од Мексико, и во уште четири држави под влијание на мајанската култура – Гватемала, Белизе, Салвадор и Хондурас.
Овој датум претставува крај на периодот долг 5200 години според календарот на Маите кој започнал во 3114 година пред Христа.
И додека мнозинството повеќето од локалното население учествува во свеченоста на прославата на крајот на мајанскиот циклус, другите го очекуваат најлошото – крајот на светот. За тоа бездруго придонесоа филмовите за катастрофите, меѓу кои и „2012-та“, на Германецот Роланд Емерих, како и книгата како „Пророштвото на Маите“ на американскиот автор на научна фантастика Стив Алтен.
Експертите за културата на древните Маи со презир ги отфрлаат таквите предвидување. За нив датумот 21.12.2012 е само календарски премин од еден во друг период. Францускиот археолог и експерт за мајанската култура Жан-Мишел Опан тврди дека на 21-ви декември 2012 година го одбележува завршувањето на големиот циклус, Датумот кој ја поттикнува фантазијата и нагаѓањата беше пронајден издлабен на еден камен кој се чува во археолошкиот локалитет Муспани во Ел-Тортугуеро во јужно Мексико./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„2 бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ в сабота во Паркот на франкофонијата

Во сабота, 13 септември, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи големиот бесплатен музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкофонија, во организација на Општина Центар.
На концертот ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи како Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ. Низ целиот концерт ќе не води урбаната дива Вера Јанковиќ.
Водителката Вера Јанковиќ истакнува дека музиката е доказ дека не сме сами, а музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ не асоцира на најдоброто од македонската музичка сцена.
„Драги мои поклоници на македонската музичка сцена, сакам да ви најавам „Нешто што ќе остане“. Тоа ме асоцира на моментот дека музиката е доказ дека не сме сами на овој свет. Нешто што ќе остане, по трети пат, традиционално не асоцира на најдоброто од македонската забавна музичка сцена. И повторно, Парк на Франкофонија овој пат 13 Септември, 19:30 минути. Јас сум Вера Јанковиќ, вашиот водител, домаќин, а се останато што ќе ве изненади таму ќе биде фантазија во која што ќе создадеме уште една ноќ за паметење. Се гледаме, бидете таму!“, порачува Јанковиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека Општина Центар продолжува да вложува во културни настани достапни за сите граѓани.
„Со „Нешто што ќе остане“ создадаваме традиција на заеднички моменти исполнети со музика, радост и култура. Ги поканувам сите скопјани и гости на градот да ни се придружат на оваа прекрасна вечер која ќе остане запаметена“, вели Герасимовски.
Забава
(Фото) Сите зборуваат за патиките на Карлос Алкараз: дали тој е новата модна икона?

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз покажа дека модата може да оди рака под рака со врвниот тенис на теренот.
Во последното финале на Отвореното првенство на САД, Алкараз го победи Јаник Синер, но покрај неговата мајсторија на теренот, тој брзо стана тема и поради неговата облека.
На сите им го привлече вниманието со неговите виолетови патики, како и со неговата маица и шорцеви кои беа во слични нијанси, па затоа не би било изненадувачки ако младата шпанска ѕвезда наскоро стане модна икона.
Алкараз носеше светло розова маичка без ракави и виолетови шорцеви, а целиот изглед беше комплетиран со патики во истата нијанса на виолетова – персонализиран модел Nike Vapor 12, инспириран од патиките Vapor Pro 1 од 2020 година, кои често ги носеше во раните фази од својата кариера.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) По разводот, таа процвета и ја потврди новата врска

Холивудската актерка Џесика Алба одамна не ја крие својата романса со актерот Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа, но до сега немаше официјална потврда.
Џесика се појави и на финалето на Отвореното првенство на САД заедно со своето ново момче.
Двојката го гледаше возбудливиот натпревар помеѓу Карлос Алкараз и Јаник Синер, во кој Шпанецот победи.
Првите претпоставки дека актерката започнала нова врска дојдоа само пет месеци откако поднесе барање за развод од Кеш Ворен.
Џесика Алба беше во брак со Кеш Ворен 17 години и заедно имаат три деца. Сепак, по разводот, ниту тој не губеше време. Неодамна беше виден со нова девојка, манекенката Хана Сан Доер, која е 21 година помлада од него.
Поранешните сопружници останаа во пријателски односи поради своите деца.
фото: принтскрин