Македонија
Обвинителството не и го дава на Јанева „Маѓар телеком“ и уште два предмети за Верушевски
Специјалното јавно обвинителство ги побарало од Јавното обвинителство Скопје предметите „Маѓар телеком“, предметот за пиштолите во кој е осомничен поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски и уште еден предмет за производство и дистрибуција на детска порнографија во кој е осомничен синот на Верушевски, но скопското обвинителство смета дека овие предмети не се во надлежност на новото Обвинителство.
„Основното јавно обвинителство – Скопје цени дека предметите што се бараат не се поврзани, ниту пак произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, па од тука барањата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не се во согласност со Законот, како и дека со таквото барање се пречекорени овластувањата што на jавниот обвинител кој раководи со тоа обвинителство му се дадени со Законот“, сметаат дека Обвинителството.Затоа побарале Советот за јавни обвинители да се изјасни дали Специјалното обвинителство постапува законски. Според нив Специјалниот обвинител е професионално одговорен за својата работа пред Советот на јавни обвинители.На прес конференцијата на која беше соопштен првиот случај „Титаник“, Специјалното јавно обвинителство соопшти дека започнало и други предистражни постапки.Соопштија дека, засега започнати се предистражни постапки за предметот„ Маѓар Телеком“, кој е побаран од обвинителството за организиран криминал, како и за аферата во јавноста позната како „Надеж“ за кој предмет е изготвено писмо со барање за достава./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

