Култура
Изложба на фотографии и театарска претстава за Тесла вечева на Скопско лето
Манифестацијата Скопско лето 2010 продолжува вечерва со два многу интересни настана. Прво во 20 ч. Во Музејот на град Скопје, ќе може да се проследи изложбата на Швајцарецот Александер Бајер, а потоа во 21.30 ч. Во Сули-ан ќе беде изведена премиертата на „Деветте книги на Никола Тесла“
Фото изложба „Хуманитас” на Александер Бајер од Швајцарија, има поднаслов „Причина и последица“ кај портретите. „Бесот е причината, личноста излегува на површина; Стравот е последицата, личноста се повлекува; преку тој мој темен премин, може секој да се постави во средина на причината и последицата. Портретите се она што сме сите ние, „луѓе” без разлика од која раса сме или кој пол, дали дебели, ниски, стари, млади, хендикепирани, трансексуалци итн. Колку повеќе се оградуваме од поделбиве, толку повеќе припаѓаме на еден пол – човечкиот пол и сите сме браќа и сестри.“, стои во најавата на оваа изложба што претставува доволна провокација да погледнеме како швајцарскиот фотограф ни ги доловува психолошките состојби кај портретираните. „3327 ( Деветте книги на Никола Тесла)” всушност претставува мултимедијална театарска претстава по текст, режија, сценографија и видео концепт на Златко Славенски. Во улогите на Мајката гулабица се појавува Славица Петровска-Галиќ а на Детето гулаб, Нада Талевска. Музиката е на Кокан Димушевски, Видео и аудио креативна реализација: Милчо Узунов (3-Д Проџект Студио), информатичка подршка и програмер е Кирил Марковски, а извршен продуцент на проекто е Александар Герасимовски.Во своето тематско средиште, овој сценско-музички и визуелно-театарски проект, ќе го има делото на светски познатиот научник Никола Тесла. Осамен и остарен, познатиот научник умира во хотелот „Њујоркер” во собата бр.3327 во којашто престојувал неколкуте последни години од својот живот. Веднаш по неговата смрт, се раѓа легендата дека во таа соба биле складирани многуте списи, нацрти и останати пишани матерјали од неговите научни пронајдоци – а кои дотогаш не биле обзнанети во јавноста. Се шпекулира дека тие документи се изгубени, или пак (според други извори) се запленети од страна на тајните служби. Некои, пак, сметаат дека немало никакви списи, туку дека генијот со помош на фотографското паметење сето тоа го имал меморирано во својата глава – па така сето тоа благо го однел во својот гроб. Во оваа смисла, наративната оска на претставата ќе биде една своевидна истрага за тоа што всушност имало позади вратата бр. 3327 и тоа ќе биде всушност едно визуелно-музичко патување низ богатиот свет на Никола Тесла. Две собарки од хотелот, со помош на двата гулаби кои ги чувал Тесла до неговата смрт, ќе ги откријат 9-те книги испишани од генијот. Низ тие 9 книги, кои се однесуваат на 9 фундаментални состојби и собитија на постоењето на светот и животот, всушност ликовите ќе завлезат во животот на научникот, но и ќе ги ре-откријат т.е. потврдат човечките сфаќања и стремежи за апсолутното и совршеното – а кои се од најважно значење за опстанокот на човечкиот род на планетава.Репризата на мултимедијалната театарска претстава „3327 (Деветте книги на Никола Тесла)” ќе биде изведена на 9 јули во 21,30 часот на Факултетот за ликовна уметност – Сули-ан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Љубов, серенади и поезија во срцето на Дебар Маало
Општина Центар и годинава е домаќин и покровител на традиционалната манифестација „Дебармаалски средби и серенади“, која се одржува по повод празникот на виното и љубовта, во организација на здружението „Гороцвет“ и Здружението на пензионерите од Општина Центар.
Манифестацијата почна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, каде што градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со познатиот уметник Живко Поповски-Цветин и присутните граѓани, симболично закрои лозово гранче и испрати порака за љубов и мир.
„Центар ќе продолжи да ја поддржува оваа прекрасна традиција, која нè враќа во старите убави времиња на серенади, поезија и романтика. Дебар Маало и денес е место каде што се негуваат дружењата, уметноста и културата. Наша обврска е да ги чуваме овие вредности и да ги пренесуваме на идните генерации“, рече Герасимовски.
Програмата продолжи со поетски рецитал, староградска музика и прошетка низ дебармаалските улички и ресторани. Со поддршката на ваквите културни настани, Општина Центар ја потврдува својата посветеност на зачувување на традицијата, културното наследство и автентичниот боемски дух на Дебар Маало.
Култура
Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата
Кога уметноста и хуманоста ќе се спојат, резултатот е вистинско ремек-дело.
Полна сала, насмевки и громогласен аплауз во Театар Комедија го одбележаа изведувањето на претставата „Олд Сејбрук“, првата за која компанијата Mozzart им делеше бесплатни билети на граѓаните.
Со оваа фантастична комедија започна проектот „Театарот на хуманоста“, кој има двојна цел – да им овозможи на љубителите на театарот да уживаат во претстави без да купуваат карти, а истовремено да поттикне хуманост преку донации за Банката за храна на Македонија.

Посетителите добиваа флаери со број за донации, а секоја испратена порака значеше бесплатен оброк за оние кои не можат да си го дозволат.
„Прекрасно е што секој има можност да дојде и да ја погледне претставата, а истовремено да направи добро дело,“ порача актерката Маја Љутков, која ја толкува една од главните улоги во претставата.
Од компанијата Mozzart велат дека ова е само почеток: „Успешно ја започнавме реализацијата на проектот ‘Театарот на хуманоста’. Целта е љубителите на театарот да уживаат во културни содржини, а истовремено да донираат за хуманитарни цели. Првата претстава помина одлично, а веќе се подготвуваме за следната,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Фактот дека картите беа поделени за само половина час зборува за огромната љубов на граѓаните кон театарската уметност. Токму затоа Mozzart најавува уште неколку бесплатни претстави, продолжувајќи да ја поддржува културата и хуманоста.
(ПР)
Култура
Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин
Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.
На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.
Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).
„Мораме да се држиме подалеку од политиката“
Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.
Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.
– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:
– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.
Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.
– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.
Берлинале – фестивал на „лицата на светот“
За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.
– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.
На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.
Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.

