Забава
На светилиштата на Маите осaмна муграта, светот преживеа
Зазори во петокот по локално време над древните мајански светилишта во Средна Америка со славење на многубројните посетители, носејќи го со тоа новиот циклус за народот Маи, а за разочараните песимисти донесе уште едно, сепак за среќа, неостварено пророштво за крајот на светот.
Мистици, шамани, хипици и туристи, но и претседатели на земјите од регионот ги запоседнаа остатоците од древните градови на Маите за да се одбележи крајот на 13-от бактун или Периодот на Петтото Сонце, периодот од околу 400 години, и изразија надеж во подобра иднина за човештвото.
Имено, 13-от бактун во 5.125 година во стариот календар на Маите предизвика неоправдани стравувања предизвикани од погрешни толкувања и научнофантастичната белетристика дека на 21-ви декември 2012 година ќе дојде крајот на светот, или барем до помала катастрофа.
Со години научниците експерти за цивилизацијата на Маите од целиот свет, па дури и американската агенција за вселенски истражувања NASA, упорно повторуваа дека Маите не предвидувале крај на светот, туку почеток на нов циклус во нивниот календар, но сеедно, пред 21-ви декември по интернет кружеа сериозни изблици на стравувања од масовни самоубиства, природни катастрофи, епидемии или удар на астероид во Земјата.
Меѓутоа, за многумина од посетителите на светите градови на Маите, крајот на нивниот календарски циклус значи сосема спротивното.
„Благодарен сум што воопшто сум тука. Се надевам дека нешто ќе се случи, што ќе ме направи подобра личност, а доколку добијам и малку вселенска помош нема да ја одбијам“, веки 21-годишнито Греам Хоклфелде од американската метропола Сен Луис кој го посети храмот во Чичен Итца/
„Не е крај на светот, туку будење на совеста, добрата љубов и духовноста“, тоа веќе се случува“, вели 53-годишната Мери Лу Андерсон, советничка за информациски технологии од Лас Вегас во САД.
Остатоците од некогаш величествениот храм во Тикал во Гватемала, во петокот рано наутро го посетија гватемалскиот претседател Ото Перез и неговата костариканска колешка Лаура Чинчила, за да присуствуваат на свеченост на огнот и да ги дочекаат првите зраци на Сонцето првиот ден од новата ера на Маите.
Цивилизацијата на Маите која својот врв го доживеала меѓу 250 и 900 година од новата ера, ги опфаќала областите на денешно јужно Мексико, Гватемала, Белизе и Хондурас./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Најзгодната Британка никогаш не била толку секси
Ѕвездата од ријалити шоуата, Маура Хигинс, се појави на престижниот настан „Women of the Year“, кој традиционално секоја година собира голем број познати убавици.
Како и обично, Маура се погрижи сите очи да бидат вперени во неа, а најзаслужна за тоа беше нејзината провокативна облека. Исто како и на нејзиното претходно јавно појавување, ријалити убавицата ги оправда очекувањата.

Црниот вечерен фустан со проѕирни делови, така што само градите ѝ беа покриени со свила, остави магичен впечаток кај сите. Таа маестрално и самоуверено ја истакна својата завидна фигура за собраните фотографи.

„Најзгодната Британка“, како што популарно ја нарекуваат, не сакаше да претерува со деталите и да „уништи“ сè што постигна со фустанот, па затоа не носеше впечатлив накит или впечатлива шминка. Ја собра косата во пунџа и остави прамен од едната страна.

Целата убавина и раскош на заводливата Маура дојдоа до израз, и иако беше многу провокативна, ја задржа својата смиреност и ги освои сите со својата елеганција.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Северина се сплетка и падна: скокаше на концерт во високи потпетици, а потоа го бакна подот
На социјалните мрежи почна да кружи видео од концерт на Северина, која во еден момент падна на сцената.
За време на изведбата на песната, Северина скокаше и трчаше по сцената во штикли, а во еден момент се сопна и падна на глава.
„Опа“, извика момчето што го сними падот на пејачката.
Таа продолжи да лежи на грб со раширени раце некое време, а потоа стана и продолжи да пее.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Кралици на издржливоста: растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив
Ако сте еден од оние кои искрено ја сакаат идејата за зеленило во својот дом, но секое растение на крајот пропаѓа, проблемот можеби не е во вас, туку во погрешниот избор.
Кактусите и сукулентите често се сметаат за најбезбеден избор, но тие всушност бараат повеќе светлина и соодветна грижа отколку што мислите. За среќа, постојат голем број растенија кои се поотпорни, лесни за одржување и изгледаат уредно и декоративно.
Што всушност значи „издржливо растение“?
Издржливо растение не е она што можете да го заборавите со месеци, туку она што добро толерира помалку од идеални услови: послаба светлина, повремено прескокнување на наводнување и промени на температурата. Ваквите растенија се идеални за зафатени, често отсутни или едноставно заборавени сопственици кои сепак сакаат нивниот дом да изгледа живо.

Сансевиерија
Сансевиеријата не бара многу. Толерира сув воздух, ретко наводнување и потемни простори. Идеална е за станови каде што нема многу природна светлина. Освен што изгледа елегантно, го прочистува воздухот и е речиси невозможно да се уништи.

Растение пајак
Растението пајак е едно од најблагодарните собни растенија. Толерира различни услови, брзо се шири и лесно се обновува, дури и по долготрајно занемарување. Треба да се полева само еднаш неделно, а листовите повремено да се бришат. Исто така, добро се снаоѓа и во висечки саксии, што го прави естетски интересна опција.

Потос
Потосот е растение кое успева речиси насекаде. Не му пречи вештачката светлина, па затоа е чест избор за канцеларии. Лесно се размножува и брзо расте, а треба да се полева само еднаш на секои две недели.
Единствената претпазливост: држете ја подалеку од домашни миленици.

Замија
Замијата е исклучително отпорна и може да издржи и суви простори и заборавеност. Не бара речиси никакво внимание: доволно е да се полева еднаш месечно. Листовите се темнозелени и сјајни, што го прави просторот веднаш да изгледа поуреден и посвеж. Често ја избираат луѓе кои сакаат зеленило без обврска.

Аспидистра
Аспидистра, честопати наречена „железно растение“, со години има репутација како едно од најотпорните собни растенија.
Може да расте во агли каде што другите растенија не напредуваат, а толерира и слаба светлина, сув воздух и нередовно наводнување. Идеално е за постари станови или канцеларии со вештачка светлина.
Како да изберете растение кое одговара на вашиот ритам?
Пред да купите, земете ја предвид светлината, температурата и вашите сопствени навики. Ако патувате многу, изберете растенија кои толерираат суша (замија, сансевиерија).
Ако сакате нешто што лесно се размножува и брзо создава ефект на „зелен агол“, изберете го растението пајак или потос. А ако барате растение за темен агол од собата, аспидистра е безбеден избор.
фото: принтскрин

