Култура
УНЕСКО финансира 100 илјади долари за четири проекти
Четири од деветте проекти со кои Националната комисија на УНЕСКО при Министерството за култура аплицирала во двегодишна Програма за партиципација на УНЕСКО за 2010 и 2011 година, се поддржани со вкупна финансиска поддршка од 97.000 американски долари.
Четири од деветте проекти со кои Националната комисија на УНЕСКО при Министерството за култура аплицирала во двегодишна Програма за партиципација на УНЕСКО за 2010 и 2011 година, се поддржани со вкупна финансиска поддршка од 97.000 американски долари. Јубилејното, 50-то издание на светски реномираната манифестација „Струшки вечери на поезијата“ ќе биде поддржано со 22.000 американски долари. „Оваа одлука беше донесена со гласање на сите 135 членки на УНЕСКО во рамките на 35. Конференција на Генералното собрание на одржана во Париз пред две години.На 31 март годинава во седиштето на УНЕСКО во Париз, во присуство на тричлена делегација на СВП ќе биде промовирано и одбележано годинашното јубилејно издание.Пред претставници на земјите-членки на УНЕСКО, по повод Светскиот ден на поезијата, ќе биде промовиран филм посветен на фестивалот, а ќе биде претставен и годинашниот добитник на Златниот венец – академик Матеа Матевски. Во Париз ќе биде соопштено и името на добитникот на меѓународната награда на УНЕСКО за млад поет,“ изјави министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска.Со поддршка на УНЕСКО ќе се реализираат и два проекта од областа на образованието, „Градење на капацитетите на средното образование во областа на влијание на проектите од обновливи извори на енергија врз животната средина и општеството“ поддржан со 26.000 американски долари, и проектот „Слободните ресурси за технолошки поддржано, креативно – учење во основните и средни училишта“ поддржан со 18.000 американски долари. Воедно ќе биде поддржан и проектот кој ја засега науката, “Антропогени ефекти на човечката околина во неогенетските басени во Југоисточна Европа“ за чија реализација се доделени 31.000 американски долари. Од центарот на УНЕСКО го информирале Министерството за култура дека досието за номинација на Кокино ги исполнува сите технички барања содржани во Оперативниот водич и дека е испратено до ИКОМОС за понатамошна евалуација. „Сакам да потсетам дека локалитетот Кокино, на чиј простор се наоѓаат мегалитската опсерваторија со веќе потврдени светски вредности и богато археолошко наоѓалиште со одлука на Владата во 2009 година беше прогласен за споменична целина „Археоастрономски локалитет – Кокино“, и истата година беше впишан на Тентативната листа на УНЕСКО. Оваа одлука на УНЕСКО за нас е стимул дека во иднина постои сериозна можност да добиеме уште едно значајно културно наследство, покрај Охрид и Охридското Езеро, на светската листа на заштитени богатства од страна на УНЕСКО,“ додаде министерката Канческа-МилевскаВо последните три години се реализирани донации од УНЕСКО во износ од 668.680 евра и 316.000 американски долари.крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Почина македонскиот актер Лазе Манасков
На 67-годишна возраст денеска почина македонскиот актер Лазе Манасков.
-Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!, наведуваат од Драмски театар.
Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година се вработил како актер во Драмски театар – Скопје и работи сѐ до неговото пензионирање во 2022 година.
Ќе остане познат по своите улоги во „Исцелител“, „Сенки“, „Трст виа Скопје“, „Еурека“, „Солунски патрдии“, Македонски народни приказни, „Преспав“, „Пусто турско“.
Култура
Новогодишен концерт на Зарина Првасевда, „Кадифено“, во Македонската филхармонија
На 20 декември со почеток во 19 и 30 часот во Македонската филхармонија концерт ќе одржи македонската вокална интерпретаторка и музичарка Зарина Првасевда.
На денешната прес-конференција беа споделени детали за концертот „Кадифено“, кој претставува уникатно музичко патување што ги спојува традицијата, современиот звук и светската музичка виртуозност.
Овој проект ја означува премиерата на новиот музички опус на Зарина Првасевда, каде интимниот и длабоко емотивен израз се испреплетуваат со македонската и ориенталната традиција, добивајќи современа звучна форма низ импровизација и модерен сензибилитет.
„Овој концерт за мене е многу личен процес и еден вид враќање кон корените, но и нивно преосмислување. Материјалот што ќе го изведам произлегува од македонската и ориенталната музичка традиција, но е создаван низ слобода, импровизација и современ звучен јазик. Сакав публиката да го почувствува овој концерт како интимен простор – како заедничко доживување во кое музиката не е само изведба, туку разговор, емоција и трансцедентност“, изјави Евгенија Здравевска, позната под својот уметнички псевдоним Зарина Првасевда.
Гостите од Турција, Џенк Еродоган, светски познатиот виртуоз на фретлес гитара и Греми награден уметник како и перкусионистот и мултиинструменталист Ахмет Алан, беа оправдано отсутни поради доцнење на нивниот лет за Скопје од повеќе од два часа, предизвикано од густата магла над Скопје, изјавија организаторите.
Џенк Ердоган е Греми награден композитор и еден од највлијателните фретлес-гитаристи во светот. Како дипломец со First Class Honours и предавач на Berklee College of Music, тој е врвно интернационално име. Добитник е на Yeşilçam награда за Најдобар саундтрак, настапувал со светски музичари како светски познатиот индиски перкусионист Трилок Гурту и американскиот џез фјужн тапанар Дејв Врекл како и турнеи низ Европа и САД.
Ахмет Алан е турски перкусионист кој свири традиционални инструменти како бендир. Гордо го комбинира богатството на турската фолклорна музика со современи ритми, давајќи му свеж, жив звук на традиционалниот перкутерски израз. Неговите настапи често се мешавина од енергија, игра и ритам — што ги прави привлечни и за публиката што ја обожава класичната етно-музика, и за оние кои бараат модерни звучни искуства. Со тоа, Алан е мост помеѓу минатото и сегашноста во светот на турската перкусиона музика.
„Кадифено“ е концерт кој ќе понуди искрена емоција, длабока музичка нарација и редок спој на домашна и меѓународна уметничка енергија – вистинско предновогодишно културно доживување.
Билетите за концертот се достапни на веб страната другастрана.мк.
фото/Кристијан Арсовски
Култура
Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија
Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм.
Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот Центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и љубители на фантастичниот филм. На настанот присуствуваше и директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Васко Шутаров.
Наградата на Цветановски му беше врачена по проекцијата на оскаровецот „Поплава“, по што следеше панел-дискусија на тема иднината на анимираниот филм во регионот. На панелот, покрај Цветановски, учествуваа и истакнатите автори Растко и Ивана Чириќ, Никола Мајдак и Алекса Гајиќ, кои разговараа за предизвиците, новите технологии и можностите за регионална соработка во современата анимација.
При примањето на наградата, Цветановски се наврати на своите почетоци и емотивната врска со фестивалот:
„Мојата прва награда во кариерата ја добив токму на овој фестивал, за краткиот игран филм ‘Мал дисконтинуитет во време-просторот’ во 2014 година. Затоа ова признание за мене носи особена емоционална и професионална вредност.“
Наградата доаѓа како признание за долгогодишната авторска работа на Цветановски и неговиот придонес во современиот филм, со посебен акцент на фантастичниот и анимираниот жанр.

