Култура
Меморијалниот центар на холокаустот ќе се отвара на 10 март
Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите кој е лоциран во поранешното еврејско маало во Скопје, ќе биде отворен на 10 март 2011 г., во знак на вечна почит за 7.148 Евреи убиени во логорот Треблинка
На отворањето ќе му претходат настани кои ќе се одржат во Скопје, Битола и Штип на 8 и 9 март следната година. На отворањето ќе присуствуваат државници од целиот свет, премиери, претседатели и претставници на еврејските заедници, а покровител на настанот ќе биде премиерот Никола Груевски.Меморијалниот центар претставува мултимедијален центар, составен од повеќе функционални делови, и ќе претставува споменик, музеј, образовен и истражувачки центар, културен центар, место за изложби и регионален центар за Југоисточна Европа.Меморијалниот центар во Македонија ќе биде еден од четирите центри во светот заедно со центрите во Израел, САД и Берлин.Центарот ќе биде отворен во неколку фази. Во првата фаза на 10 март ќе се отвори музејскиот комплекс кој во себе ќе содржи поставка која ќе го претстави животот на Евреите. За поставката ќе се погрижи познатиот Мајкл Беренбаум, кој во светски рамки претставува лидер за оваа проблематика. Беренбаум ја има поставено поставката и во Меморијалниот центар во Вашингтон.Средствата за изградбата на центарот се добиени од Фондот на холокаустот добиени со законот за денационализација, односно со враќање на имотите на Евреите во Македонија, кои немаат правни наследници, со голема поддршка од Владата и институциите во државава.Љиљана Мизрахи, претседател на Фондот, на денешната презентација на центарот истакна дека постапката за денационализација на имотите која заврши во 2007 година беше сериозен и тежок процес.„Македонија е прва и единствена земја во светот што на ваков начин се сети на оние кои загинаа во концентрациониот логор Треблинка, а кои нема кој да ги наследи. При тоа, треба да паметиме дека настаните што се случија на 11 март 1943 година се нешто што не може да се препише било каква вина на македонскиот народ и на етничките заедници во Македонија“ – истакна Мизрахи Панде Лазаревски, член на Управниот Одбор на фондот, истакна дека во Македонија не постои антисемитизам. Според Лазаревски за време на втората Светска војна 98 отсто од вкупната еврејска популација, од кои 50 проценти биле деца, биле испратени во концентрациониот логор Треблинка, на територијата на окупирана Полска„На 10 март ќе биде официјалниот погреб на 7.148 наши сограѓани, кои беа убиени во концентрациониот логор Треблинка. Да не се заборави дека тука живееле луѓе што повеќе ги нема, што исчезнале во лудилото на Втората светска војна“ – рече Лазаревски. Тој најави дека фондот следната година ќе побара од комисијата за одбележување на значајни настани да се одбележи и 100 годишнината од македонско – израелската поврзаност.Денеска еврејската заедница во Македонија брои 250 членови и важи за исклучително важна заедница во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.
Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.
Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.
Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.
„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.
Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.
Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.
Култура
Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија
Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.
Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.
Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.
Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.
Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.
Целосна ПРОГРАМА
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

