Контакт

Македонија

МВР поднесе кривична пријава против првиот човек на „Макпетрол“

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против првиот човек на нафтената компанија „Макпетрол“, Андреја Јосифовски и за уште 20 други лица, членови на Управен одбор, членови на надзорен одбор, одговорни во Централниот регистер, Централниот депозитар за хартии од вредност и Комисијата за хартии, кои се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

dobivaj vesti na viber

Полицијата ги сомничи за незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво „Макпетрол“ во командитното друштво со акции „Оилко“.Првоосомничениот, Јосифовски, кој се јавува во својство на претседател на Управен одбор во „Макетрол“ и комплементар и управител во командитно друштво со акции за транспорт „Оилко“ Скопје, второосомнилениот С.Л.(60), како член на Управен одбор и комплементар и управител во „Оилко“, заедно со останатите осомничени, искористувајќи ја службената положба и овластување нанеле штета на акционерите на „Макпетрол“ во износ од 375 милиони денари( околу 6,1 милиони евра) , притоа овозможувајќи им на комплементарите да се стекнат со право да располагаат и одлучуваат за акционерски капитал и права на глас во „Макпетрол“  во износ од 19.95 отсто, а пак на командиторите да се стекнат со капитална добивка во вкупен износ од 304.193.176 денари.Членови на Управен одбор, во втората половина на 2006 година, спротивно на законот за трговски друштва без да има било каква одлука на собранието на акционери на „Макпетрол“ за утврдување на интересот на друштвото за вложување во идното друштво „Оилко“, самоиницијативно и нетранспарентно преземаат повеќе активности, како подготовка за основање на „Оилко“, со цел прикривање на вистинската намера и нивните лични интереси од основањето на „Оилко“. Притоа подготвиле противзаконска и штетна (за останатите акционери на  Макпетрол АД),  „Предлог одлука за  вложување во командитно друштво со акции како зделка со заинтересирана страна“, а всушност станува збор за Договор за основање на ново друштво во кое што „Макпетрол “ е странка. Истата таа одлука, која е незаконска, подоцна е донесена на Собранието на акционери на Макпетрол, кои биле нецелосно и неправилно информирани. „Одлуката е незаконска, бидејќи сопствените акции на „Макпетрол“, вложени во „Оилко“ немаат имотна вредност и не претставуваат имот, па следствено на тоа не може да претставуваат влог во основна главнина. Освен тоа, одлуката истовремено не била во интерес на сите акционери, бидејќи со вложувањето на сопствените акции на „Макпетрол“  во „Оилко“ правата од истите кои согласно чл. 338 од ЗТД дотогаш мируваа, со вложувањето се активираат и пренесуваат на новиот сопственик Оилко  т.е на двајцата комплементари“, пишува во соопштението на МВР.Исто така, двајцата првоосомничени, како комплементари-управители на „Оилко“, во периодот од 18.01.- 23.01.2007 постапиле спротивно на Закон за хартии од вредност, на начин што не превзеле дејствија, „Оилко“ во законски предвидениот рок да достават до Комисија за хартии од вредност „Првичен извештај за сопственост на акционер“, во врска со стекнувањето со акциите од издавачот Макпетрол, како друштво со посебни обврски за известување. Пријавените се товарат дека горенаведените извештаи не ги доставиле до КХВ и до „Макпетрол“, со намера да го прикријат правниот основ за вршењето на недозоволениот нетрговски пренос, односно Договорот за основањето на „Оилко“, при што иако со самото недоставување на извештаите согласно чл.166 ст.6 од ЗХВ, го губат правото на глас од акциите, пријавените како одговорни лица на „Оилко“ во наредниот период континуирано го користеле правото на глас од стекнатите акции.Пријавените членови на Надзорен одбор на „Макпетрол“, во втората половина на 2006 година, иако биле должни да извршат надзор и да преземат мерки за спречување во намерата на членовите на Управниот одбор незаконитата и штетна предлог одлука да се стави на дневен ред на 9-тото Собрание, тоа не го сториле, туку и тие самите со  донесување  на заклучок  и потпишување на известување дека се заинтересирана страна, му предложиле на Управниот одбор да свика седница на Собрание на акционери со што придонеле противзаконитата и штетна „Предлог одлука за  вложување во командитно друштво со акции како зделка со заинтересирана страна“, да се најде на дневен ред. Со тоа членовите на Надзорен одбор овозможиле сопствените трезорски акции на „Макпетрол“ да бидат искористени како непаричен  влог во основањето на „Оилко“. Исто така на 15-та Седница на Надзорен одбор донеле повеќе одлуки за давање на одобрение на членови на Управен одбор на Макпетрол да бидат комплементари и управители во Оилко-командитно друштво со акции. Притоа на овој начин пријавените се стекнале со капитална добивка во вкупен износ од околу 5 милиони евра, а пак на двајцата првоосомничени им овозможиле да се стекнат со управувачки права како комплементари во Оилко, а притоа нанеле значителна штета на останатите акционери на Макпетрол АД за проценетата вредност на вложените сопствени трезорски акции на Макпетрол АД  во вкупен износ од  преку 6 милиони евра.Пријавениот овластен регистратор во Централниот регистар се товари дека не проверил дали  влогот што се вложува има имотна вредност, дали може да се процени и изрази во пари, и не го зел предвид фактот дека акциите кои што се вложуваат не претставуваат влог во ствари, туку се вложуваат „правата од акциите“ кои не можат ниту да се проценат ниту да се изразат во пари. Исто така, не ја зел во предвид одредбата од чл.338 од ЗТД, според која правата од сопствените акции мируваат, па следствено на тоа неможат да се вложуваат.Пријавениот Директор на Централен депозитар за хартии од вредност на 18.01.2007 година, постапувајки по предметот „Барање за пренос на обични акции издадени од „Макпетрол “, иако знаел или требало да знае дека наведениот правен основ и доставена документација во применото барање не претставува законски правен основ за вршење на нетрговски пренос,  издал усен налог на лице распоредено на работно место „оператор на сметка“, да го спроведе предметното барање како нетрговски пренос., по што предметот бил заведен во Деловодникот како завршен. Пријавената претседателка на комисијата за хартии од вредност не преззела мерки и активности кои се во нејзина надлежност за спречување на незаконскиот пренос на обичните акции издадени од „Макпетрол“.По формирањето на „Оилко“, меѓу фирмата „мајка“ “Макпетрол“ и фирмата ќерка „Оилко“ се склучени поголем број договори од кои според годишните биласни, целиот профит оди на страната на „Оилко“, додека Макпетрол бележи загуби. Имено, при извршената анализа утврдено е дека во периодот од 2002 до 2007 година Макпетрол АД, Скопје работи со добивка и oстварило нето добивка во вкупен износ од 1.128.185.175 денари, а пак за период од 2007 до 2014 година Макпетрол АД-Скопје остварува нето загуба во вкупен износ од 446.626.307 денари. „Оилко“, во овој период работи со добивка и остварува нето добивка во вкупен износ од 230.408.250 денари што претставува сомнеж дека средствата од Макпетрол АД-Скопје се слеваат на сметка на „Оилко“./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде

Објавено пред

Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.

dobivaj vesti na viber

Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија  потекнува од нашата држава.

„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство  сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.

Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.

МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје

Објавено пред

Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.

dobivaj vesti na viber

„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во

Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија11 часа

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија11 часа

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија13 часа

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија13 часа

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет14 часа

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет14 часа

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија17 часа

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија18 часа

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија1 ден

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија2 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија2 дена

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија2 дена

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија2 дена

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија2 дена

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет2 дена

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија2 дена

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет2 дена

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет2 дена

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...