Култура
Почина шпанскиот филмски класик Луис Гарсија Берланга
Шпанскиот филмски режисер и сценарист Луис Гарсиа Берланга еден од главниот протагонист на класичниот шпански филм, починал во саботата во Мадрид во својата 89 година, соопшти шпанската филмска академија, пренесе AFP
„Ова е огромна загуба за шпанскиот филм и целата шпанска култура“, изјавил за државното шпанско радио RNE, министерот за култура Анхелес Гонзалес Синде.Претседателот на шпанската филмска академија Алекс де ла Иглиеса ја изразил својата жал за како што рекол „смртта на најважната и највлијателната личност а шпанскиот филм на сите времиња“.Луис Гарсиа Берланга е двоен добитник на престижната шпанска Наградата на Принцот од Астируја за уметност во 1983 и 199 3 г. и на Наградата Гоја за еден од неговите последни филмови „Сите во затвор“, кој го сними откако веќе заболе од Алцхајмеровата болест. Порталот на шпанскиoт дневен весник El Pais во саботата пишува дека Берланга последен пат во јавноста се појавил на отворањето на кино салата во Мадрид која го доби неговото име.Берланга е роден на 12-ти април 1921 г. во Валенсија. Неговата кариера почна во времето на диктатурата на Франко. Најпознатиот филм го сними во 1952 г. под „Добродојдовте господин Маршал“, иронична приказна за секојдневните проблеми на малите луѓе, филмувана сатира која ги исмејува илузиите на шпанските политичките дејци кои ги предизвика познатиот Маршалов план, американскиот проект за подигнување на разорената од Втората светска војна Европа,Неговите други познати филмови се „Пласидо“ (1961 г.) кој доби Оскар за најдобар странски филм, „Крвник“ (1963 г.), „Национален лов“ (1978 г.) а во последниот филм „Парис-Томбукту“ од 1999 г. во која ја разработува темата на смртта.Во својата долга кариера Берланга освијуваше многу награди на значајните светски фестивали како во Кан, Валенсија, Монтерал, Берлин и Карлови Вари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денес е Ден на македонскиот јазик
Петти мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.
Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.
Култура
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“
На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.
Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.