Култура
„Жени без мажи“ на Гшлахт лауерат на „Браќа Манаки“ 2010
Жирито, Вилмош Жигмонд (претседател), Наташа Браер, Кристине Долхофер, Доминик Фури и Дарко Митревски во петок вечер во битолскиот Дом на културата ги додели наградите на годинешниот Меѓународен фестивал на филмската камера, додејлувајќи му ја Златна камера 300 на филмот „Жени без мажи“
„Ако некогаш во филмот постоело совршено осветлување и композиција, овој филм прикажува што може да се стори со такви осве тлување и композиција. Се користат стари и нови техники на исцртување на атмосферата на минатото и сегашноста на една специфична политичка ситуација на нацијата“, се вели во орбазложението на жирито што го искажа претседателот Вилмош Жигмонд објавувајќи го името на годинешниот лауерат и добитник на наградат аЗлатна камера 300 на филмот „Жени без мажи“ на Мартин Гшлахт. Наградата Сребрена камера 300 му е доделена на „Влез во празно“ на Беноа Деби, за Доминик Фуро доделувајќи му ја наградата на Најџел Вотерс, претседател на ИМАГО, Европска федерација на киноматографери од името на жирито образложи дека „Слободата на креативноста значи да се делува меѓу границите. Кинематограферот и режисерот на овој филм креирале нов, непознат свет. Да се биде високо во воздухот а да се гледа удолу кон осветлен јапонски град, претставувајќи навистина надреална реалност.“Бронзената камера 300 е доделена на „Либан“ на Ѓјора Бејач, за кој Дарко Митревски годаде следното образложение на жирито: „ Кинематограферот имал мошне предизвикувачка обврска, снимајќи го речиси целиот филм во тесната внатрешност на еден тенк. Морал да смисли многу креативни идеи со осветлувањето, сето тоа во навистина исцрпувачки услови.“Наградата Мала златна камера 300 му е доделена на филмот „Почетокот на зимата“ на Тиери Годфро.Наградата на „Мосфилм“ Специјална камера 300, којашто се доделува за посебен придонес во развојот на светската филмска индустрија, му припадна на „Г-дин Никој“ на Кристофер Бокарне. Наградата ја додели Игор Форманјук, генерален директор на „Мосфилм“.Награда за уметничко постигнување на авторот на филмот „Пал Адриен“ на Адам Филенц, му ја врачи врачи Владимир Талевски, градоначалникот на Општина Битола, која ја доделува наградата.Награда на Постпродукциско студио „Фокс фокус“ му е доделена на „Ништо лично“ на Даниел Буке, кому наградта му ја врачи Горјан Тозија, претседател на Друштво на филмски работници на Македонија.Фестивалот „Браќа Манаки“ додели специјална диплома на „Мосфилм“ поради долгогодишната соработка.Амбасадорот на САД, Филип Рикер му додели награда за Културна дипломатија на кинемарографот Виктор Жигмонд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“
Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“
Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.
Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.
Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.
Култура
Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“
Денеска се распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година.
Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.
Со државната награда „22 Ноември“, пак, се оддава признание на личностите од политичкиот, културниот и општествениот живот во нашата држава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година траат од 1 до 31 мај 2024 година.
Конкурсите се објавени и на веб–страницата на Министерството за култура на следните линкови:
Државна награда „11 Октомври“ – https://kultura.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/odluka-3.pdf
Државна награда „22 Ноември“ – https://kultura.gov.mk/22-%d0%bd%d0%be%d0%b5%d0%bc%d0%b2%d1%80%d0%b8/
Култура
Мајските оперски вечери немаат никакви примеси на економски ниту политички стремеж, организаторите го најавија 52-рото издание
Мајските вечери немаат никакви економски ниту политички стремеж, еден ваков уникатен собир ќе го обележи и Скопје и Македонија, соопштија организаторите на прес-конференција.
„Оваа манифестација датира од крајот на 60-тите години. Тогаш имало криза со публика, која не била изразена само во Скопје. Во првите години мајските оперски вечери се празни, но со текот на годините заинтересираноста расте“, изјавја организаторите.
Како што велат оттаму, ова е еден од најголемите фестивали во регионот и со квалитетна програма сите овие години.
„Оваа година ќе има екслузивна програма. Очекуваме одлични резултати“, додаваат оттаму.
Реномираниот македонски режисер Иван Поповски, со успешна кариера во Русија, ја поставува операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, со чија премиера ќе се отворат 52. Мајски оперски вечери (МОВ) на 9 мај во Националната опера и балет (НОБ). Диригент ќе биде Енрико Довико (Италија), сценографијата ја работи реномираниот Миодраг Табачки од Србија, костимите Марија Пупучевска, а кореографијата Саша Евтимова.
Во рамките на 52. Мајски оперски вечери, во фоајето на Националната опера и балет, од 9 до 31 мај ќе биде поставена и изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова. Изложбата ќе ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија, уметнички портрети и фотографии кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.
„Оперска одисеја“ е резултат на институционалната соработка помеѓу Музејoт на македонската борба за самостојност и Националната опера и балет. Автор на изложбата е Василија Чали, соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.