Економија
Уругвај земја на годината за Economist
Влијателниот британски економски магазин The Economist го избра Уругвај за земја на годината, особено фалејќи ги пресвртничките реформи во оваа држава, за коишто смета дека би можеле да бидат од позла за целиот свет. Станува збор за прв избор на „земја на годината“ на лондонското списание.
Уругвај, имено, годинава го усвои законот со којшто се легализира и регулира производство, продажбата и употребат ана марихуаната, а го легализираше и склучувањето брачна заедница за лица од ист пол. Таквите одлуки од реномираниот The Economist се означени како политика којашто го „зголемува глобалното количество среќа неа никакви финансиски трошоци“.
„Истополовиот брак е мерка која оди надвор од границите на државата, којашто го зголемува глобалното количество на среќа без никаков финансиски трошок. Уште неколку земја годинава донесоа такви одлуки, но Уругвај е единствената којашто, покрај тоа, ги легализираше производството и продажбата на марихуаната. Таа одлука, којашто ќе ги сопре ситните измамници и крадци и ќе и’ овозможи на владата да се посвети на справувањето со потешкиот вид криминал, евидентно е толку чувствителна што ниту една друга земја уште не ја спровела. Доколку другите држави почнат да го следат Уругвај, и во тоа вклучат и некои други наркотици, тоа драстично би ја намалило штетата којашто другата му ја нанесува на светот“, појаснува во своето образложение списанието.
Признание му се оддава и на уругвајскиот претседател Жозе Мујика, без кого реформите не би се случиле. „Човекот на врвот е восхитувачки скромен. Невообичаено искрен за политичар, живее во дрвена куќарка, се вози до работа во ‘бубва’ и лета со економска класа. Скромен, но храбар, либерален и забавен, Уругвај е нашиот избор за земја на годината“, заклучува The Economist./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

