Контакт

Култура

Дон Кихот – витезот со тажен лик

Објавено пред

Во неделата навечер, Светскиот ден на театарот Народниот театар Битола го одбележа со одличниот приказ на претставата „Дон Кихот од Ла Манча” во режија на Владо Цветановски

dobivaj vesti na viber

Идејата на Народниот театар од Битола да го освежи својот репертоар со „Дон Кихот од Ла Манча” е повеќе од одлична, особено имајќи го предвид фактот дека режисер на оваа претстава е Владо Цветановски кој со својот театарски јазик им дава една посебна димензија на делото, на просторот, на јазикот, на играта, на сцената, на музиката, со еден збор – на амбиентот во кој се одигрува претставата. Актерите Кирил Ристески и Мими Таневска, гости од Скопје, и Петар Мирчевски, првенецот на Народниот театар од Битола, полека, преку сценски приказ ја раскажуваат приказната на Дон Кихот, на витезот со тажниот лик кој ги бара своите победи, кој тежнее да биде витез и да победува се’, па дури и самиот себе, кој ја бара својата љубов Дулчинеја, кој му пркоси на се’, но и на својата „лудост”, па белото го прави црно, а црното бело, како што вели во една своја реплика Санчо Панса, за својот господар и вечен содружник.Сценската игра, актерската екипираност и сето она што ја прави претставата единствена и гледлива е целосен придонес на кохезентната игра на актерите и режисерската моќност за визија. Бидејќи она што ни го даде Владо Цветановски како режисер на сцената на Народниот театар од Битола, моќноста на неговите визури во креативниот дух, ни овозможија да видиме нешто несекојдневно, кое дури и ретко се појавува на сцените на македонските театри, воопшто. Тоа е така затоа што режисерското кредо на Цветановски покажува дека навистина е надмоќно.Можеби и затоа, чинам, дека со оваа претстава Народниот театар од Битола од себе ја изнедрил длабоката суптилност која заслужува големо внимание и почит, затоа што „Дон Кихот од Ла Манча” не е сувопарна театарска претстава во која ќе се гледаат стереотипите на актерската игра, туку напротив, меѓу другото, и еден вид на сценско-музичка атракција, која сака железното време да го направи златно, како што вели во една од своите реплики Дон Кихот – Кирил Ристески.Имајќи го пред себе моќното дело на Сервантес, Владо Цветановски преку своите авторски решенија пресудно придонесува да се одигрува играта на сцена со една целосна театарска визија која лесно ќе ве плени како публика со својот автентичен разигран карактер, но и со јасни и целосно легитимни основи на моќната театарска режија со моќните актери кои и’ даваат на сцената уште помоќно и помагично дејство.Владо Цветановски, „Дон Кихот” ја дефинира во стилски рамки, така што и до крајна суптилност ни го пренесува шпанскиот темперамент преку Дулчинеја – Мими Таневска. Благодарејќи на неговиот студиозен пристап кој ни најмалиот детаљ не го остава на случајноста, со леснотија, да речеме на медитерански полет ни го доближува чувството до целосниот белег на претставата. Во таа смисла, не смееме да ја заборавиме играта на патувачкиот театар „Дулчинеја”.Кирил Ристески во ликот на Дон Кихот уште еднаш пред битолската публика ја покажа својата брилијантна игра во едно несекојдневно дело, бидејќи, да не бидеме шкрти, ликот на Дон Кихот е тежок и кога само се чита, а не пак да се одигра, затоа што бара брза трансформација. Со еден збор, брзо „читање” на сопствената победа. Педесетгодишникот одеднаш читајќи ги витешките романи од многу читање го поматува умот и одлучува да стане витез и заминува во авантури низ Шпанија. Станува храбар и непоколеблив и си поставува цел од која не се откажува. Иако тој е безумен во своите постапки, сепак, има благородни намери. Иако покажува доза на лудост, треба да се каже дека таа не е патолошка лудост, туку само начин на неговото постоење и дејствување. И затоа режисерот Цветановски не го сведува ликот на Дон Кихот на некаква лакрдија, па ниту му го одзема човечкото достоинство. Тој не е отфрлен од околината, туку издигнат над неа иако на прв поглед не се чини така.Дон Кихот е желбата на човековиот сон и на човековата безумност, на човековите страдања и постојаната борба за првада, вистина и недостижни идеали. Тој можеби напати е луд, но е мудар и видовит, така што напати доаѓа и до чистите спознавања за себе и за сонот што го води. Во битките тој е немилосрден, храбар и ладнокрвен. Што е и незамислива промената во занесот кога и се обраќа на Дулчинеја пред секој двобој кој е достоен само за најголемите љубовници. Дури и испраќа писмо преку Санчо Панса, а за тоа време чека во гората. И мислејќи дека Санчо ја завршил мисијата со писмото, патот ги води во Тобосо, каде Дон Кихот сака да ја посети Дулчинеја. Санчо, кој требаше претходно да им договори средба, се одлучува да се послужи со итрина и за првата селанка која ќе ја сретне по патот му кажува на својот господар дека е Дулчинеја. Дон Кихот кажува дека таа девојка не може да биде Дулчинеја, туку сигурно лошите магепсници ја претвориле во гадурија. Потоа, Дон Кихот и неговиот верен пријател го продолжуваат патот на кој доживуваат разни згоди и незгоди, а меѓу нив е кога Дон Кихот се бори со театарските кукли.Пред смртта, сепак, разумот му се враќа и лажното име Дон Кихот го отфрла па умира како Алонсо.Мими Таневска, битолската публика ќе ја запознае преку ликот на Дулчинеја, љубената жена на Дон Кихот, која не дава да биде освоена од витезот со тажното лице, од “лудакот” кој се’ што го опкружува го поистоветува со непријатели. Дулчинеја се обидува да го разбуди од сонот во кој длабоко навлегол Дон Кихот, но без успех затоа што тој во своите пазуви го чува витешкиот роман.Петар Мирчевски, првенецот на Народниот театар од Битола, битолската публика ќе го види во ликот на Санчо Панса. Тој и’ е познат на битолската публика, по сите одлично одиграни ликови. Санчо Панса е препознатлив лик, на човек кој и денес може да се сретне. Иако за него се мисли дека заради неговата неукос не знае ништо, сепак подоцна се покажува спротивното. Додека Дон Кихот преку авантура се упатува да го бара идеалистичкото, Санчо сето тоа го прави заради своја полза. Наспроти Дон Кихот, тој ги избегува физичките пресметки иако е подготвен да се брани колку што може. Малку е себичен, но тоа е затоа што сиромаштијата го натерала да се однесува така. А дека е умен доказ се и неговите цитирања на некои малограѓански поговорки, со кои сака да го боцне „противникот”, а Дон Кихот пак бара да се откаже од нив. И бидејќи крушката паѓа под крушата, една од репликите на Санчо, тој по малку се вовлекува и во светот на соновите на својот господар. Заемните патишта на Дон Кихот и Санчо Панса ги водат до имотот на војвода кој добро ги знае нивните авантури, па одлучува и малку да се пошегуваат на нивна сметка, (сцената со бричењето на Санчо) дворјанките се вљубуваат, а врв на сето тоа е појавата на маѓепсаната Дулчинеја, која ќе биде ослободена од магијата само ако Санчо сам си удри 3.300 камшици по задникот. Згора на тоа, Санчо го поставуваат и за управител на островот Баратарија кој владее мудро, но неможејќи да го издржи сиот тој притисок, му се враќа на Дон Кихот.Санчо е толку многу приврзан кон својот господар, што ќе го поддржи и на неговата последна лудост иако знае дека неговиот господар е на смрт и повеќе ништо не може да му вети дека ќе му исполни.Што се однесува до патувачкиот театар „Дулчинеја”, односно до прекрасната млада екипа на актери на Народниот театар од Битола, кои го сочуваа во претставата, а станува збор за Мартин Мирчевски, Филип Мирчевски (овие наследници на одличниот актер Петар Мирчевски, само го потврдија фактот дека се талентирани актери и полека го стигнуваат својот татко), Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Јулијана Мирчевска, Валентина Грамосли, Елена Моше и Катерина Аневска, може да се каже дека режисерот Цветановски ги постави (подвргна) на една визуелно-техничка и јазична симплификација, за кои со право може да се рече дека  за неколку години ќе мора комплетно да го носат театарот на својот грб и со прекрасните игри да ги продолжат неговите успеси.Исто така, треба да се каже дека сценографијата е на Валентин Светозарев, кој направи посебно впечатлива сценографија со своето успешно сценографско решение, која досега е невидена на некоја театарската сцена, по својата оригиналност, тежина, која го исполнува и најмалиот простор од сцената. Ваква сценографија, рака на срце, може да направи само Светозарев и никој друг, оти тој со секоја сценографија внесува дел од себе, а ни дава голема уметничка визура.Музиката е на Зоран Маџиров, кој првпат работи на театарска музика и тоа доста успешно го прави, затоа што различните комбинации потребни посебно за секоја сцена, поблиску го отсликуваат и периодот на играта. Костимите се на Благој Мицевски, човек кој многу придонесува во театарот како колективна игра.Се’ на се’, слободно може да се каже дека со театарската претстава „Дон Кихот од Ла Манча”, Народниот театар од Битола се враќа на скалилото на успехот, бидејќи, пред се’, оваа е тешка и масивна претстава, која со својот однос прави гледачот полесно да ја прими во себе, имајќи го предвид фактот дека романот „Дон Кихот” е тежок за прочит, а уште потежок за негова драматизација и театарска изведба, бидејќи тој содржи 126 глави, 1.200 страници и 670 ликови.Впрочем „Дон Кихот е книга од која цел живот можат да се прават претстави, затоа што таа во себе ги содржи сите теми на еден човечки живот. А човечкиот живот (веќе со сигурност можеме да тврдиме, потпирајќи се на сопствените искуства) е едно големо талкање низ замаглените предели на неизвесноста. На тој пат, на таа VIA DOLOROSA, се судираат сонот и јавето, мистичното и реалното и од тој судир се изнедруваат Духовните вредности, чиј врвен застапник е Дон Кихот. Тој оди по светот, како месечар, барајќи привиденија, барајќи сон и илузија, во модерниот нов живот каде што се’ е обично, сурово јаве. Дон Кихот го носи поривот на длабоко човечката особина да се трага по изгубениот идеал, по Љубовта, по Среќата, по Правдата, по Добрината, по Убавината, по Слободата како нешто најскапоцено, без кое не вреди да се живее.Највисоката среќа за Дон Кихот е во моралното задоволство и спознавањето.Во смеата на Сервантес се чуствува возвишениот напор на човек кој гордо ги крие солзите и ги претвора во смеа.Дон Кихот е роман – планета, со безброј врати. Зависи низ која ќе влезеш.  Ние, случајно или не, влеговме низ вратите кои ги отворале Достоевски, Борхес, Киш, Унамуно, Кундера…Ако ја следиме линијата на длабоката запрашаност на Дон Кихот пред себеспознанието, како да сме влегле во светот на Бекет, немоќни и поразени пред неодгатливата тајна на животот“, ќе рече кон оваа престава режисерот Владо Цветановски.Значи, ова е дефинитивно претстава која публиката навистина ќе ја сака.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Улогите по кои ќе го паметиме Роберт Дувал

Објавено пред

Роберт Дувал, оскаровец и еден од најкарактерните актери на американскиот филм, почина на 96-годишна возраст. Веста ја потврди неговата сопруга Лусијана Педраса Дувал, наведувајќи дека починал мирно во својот дом во Вирџинија. Семејството соопшти дека нема да има јавна погребна церемонија.

dobivaj vesti na viber

Кариерата на Дувал, долга седум децении, не може да се сведе на еден наслов или еден тип улога. Иако публиката често го памети како Том Хејген, тивкиот и пресметлив адвокат на семејството Корлеоне, неговиот актерски опсег беше многу поширок.

Од раните театарски години во Њујорк, преку подемот во шеесеттите и седумдесеттите, Дувал создаваше ликови на авторитети, војници, проповедници и луѓе на работ на распад, со ист занаетчиски фокус. Оскарот за главна улога во Tender Mercies само формално потврди дека може сам да понесе филм.

Во продолжение се десет филмови по кои ќе го паметиме.

To Kill a Mockingbird (1962)

Филмската адаптација на романот на Харпер Ли е раскажана од детска перспектива, но зборува за длабок општествен судир: адвокатот Атикус Финч брани Афроамериканец обвинет за силување на бела жена на сегрегираниот американски Југ.

Улогата на Дувал е мала, но клучна. Со воздржана телесност и тивки погледи, тој создава лик кој од урбана легенда постепено станува вистинска, ранлива личност.

MAS*H (1970)

Филмот на Роберт Алтман е воена приказна што функционира како антивоен коментар, сместена во мобилна болница за време на Корејската војна.

Дувал го толкува мајорот Френк Бернс – офицер кој ја сфаќа својата позиција премногу сериозно. Наместо карикатура, Дувал го игра со целосна сериозност, а токму од контрастот со циничната околина произлегува хуморот.

The Godfather (1972)

Филмот на Френсис Форд Копола е епска студија за моќта и семејството.

Том Хејген е адвокат и стратег на семејството Корлеоне – човек кој не вика и не се заканува, но разбира системи и правила. Тој е фигура меѓу два света: правниот и криминалниот. За оваа улога доби номинација за Оскар за споредна машка улога.

Apocalypse Now (1979)

Филмот го претвора војувањето во психолошки лавиринт.

Дувал го игра потполковникот Бил Килгор – харизматичен командант кој војната ја доживува како сцена за личен стил. Неговата интерпретација покажува човек на кој насилството му станало рутина. За улогата беше номиниран за Оскар.

Tender Mercies (1983)

Тивка драма за поранешен кантри музичар кој се обидува да го обнови животот по алкохолизмот.

Дувал го игра Мек Слеџ без патетика и претерување. Со минимализам и внатрешна напнатост создава лик на човек кој се бори со минатото. За оваа улога го освои Оскарот за најдобар актер.

Days of Thunder (1990)

Приказна за млад возач кој учи дека брзината бара контрола.

Дувал е Хари Хог – искусен шеф на тим и ментор. Во филм исполнет со адреналин, неговиот лик е симбол на стабилност и практична мудрост.

The Apostle (1997)

Драма за проповедник кој по личен пад се обидува да почне одново.

Дувал го режира и го игра Џулиус Ф. „Сони“ Дјуи – харизматичен, но нестабилен човек, способен и за инспирација и за деструкција. За улогата доби номинација за Оскар.

Jack Reacher (2012)

Акционен трилер за поранешен воен истражител кој открива сложена мрежа зад наизглед едноставен случај.

Дувал се појавува како Мартин Кеш – сопственик на стрелиште со сопствен кодекс и искуство што ја продлабочува приказната.

The Judge (2014)

Судска драма што се претвора во семејна приказна.

Дувал го игра судијата Џозеф Палмер – човек кој целиот живот бил авторитет, а сега се соочува со слабоста и стареењето. Улогата му донесе уште една номинација за Оскар.

The Pale Blue Eye (2022)

Готски трилер сместен во 1830 година, во кој се истражуваат мистериозни убиства во Вест Поинт.

Дувал го толкува Жан Пепе – лик со знаење и сложена историја, чие присуство ѝ дава тежина на мистеријата. Ова беше неговата последна филмска улога.

Роберт Дувал зад себе остави редок опус: без разлика дали играше адвокат, војник, музичар или судија, секогаш внесуваше мирна сила и внатрешна прецизност што ги правеше ликовите незаборавни.

Прикажи повеќе...

Култура

„Глумците ПЕАТ“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

Објавено пред

Од

„Глумците ПЕАТ“ на 24 и 25 март повторно ќе го одбележат Светскиот ден на театарот во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот.

dobivaj vesti na viber

Годинава шоуто е посветено на македонската музика од различни периоди – песни што публиката ги знае, но ќе ги слушне во нова актерска интерпретација. Покрај соло изведби, на сцената ќе има и повеќе дуети и групни точки, што носат поинаква динамика и сценска енергија.

На сцената ќе настапат актери од повеќе генерации – со нови имиња кои за првпат ќе бидат дел од проектот, но и со добро познатите што и досега ја кревале публиката на нозе.

Режијата е на Дејан Пројковски, а актерите ќе ги придружува оркестар под диригентска палка на маестро Љупчо Мирковски. Аранжманите се на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, а костимографијата на Марија Пупучевска.

– „Глумците ПЕАТ“ не е претстава, ниту концерт, туку спој на театар и музика што им овозможува на глумците барем една вечер да бидат поинакви од она што вообичаено го работат на своите сцени. Имаме многу талентирани уметници кои со голема посветеност ги подготвуваат своите точки и едвај чекаат да ги споделат со публиката, велат организаторите.

„Глумците ПЕАТ“ со години се вбројуваат меѓу најпосетуваните сценски случувања во овој период. Проектот продолжува како наследство на Марин Бабиќ, кој во 1990-тите го создаде шоуто, а подоцна беше возобновен од неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ.

Картите за двата датума се во продажба преку платформата MkTickets.mk.

Прикажи повеќе...

Култура

Прва премиера за 2026 во Битолскиот народен театар „Пламенка“

Објавено пред

Од

Првата прес конференција на Народен театар Битола во 2026-та година, се одржа денес, а истата беше посветена на премиерата на „Пламенка“, што ќе се одржи на 19 февруари, по истоимениот роман на Петре Димовски, а во режија на Софија Ристевска Петрушева. На прес конференцијата присутните ги поздрави директорот на театарот, Васко Мавровски.

dobivaj vesti na viber

„Како што и ветивме, како тим кога дојдовме на позицијата да раководиме со Народен театар Битола, дека акцентот ќе биде на македонските автори на македонската драматургија и на македонските креативци и театарски работници, така и остваруваме. Минатата сезона ја започнавме со премиера праизведба на Жиголо по текст на Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски. Оваа 2026 на мое огромно задоволство ја започнуваме со повторно праизведба на романот на Петре Димовски „Пламенка“. Тоа зборува дека во континуитет сме доследни“, рече Мавровски.

Тој истакна дека Битолски театар конечно е во позитивно салдо. „Во однос на годишната програма, не можам да откривам детали бидејќи треба тоа сето да помине на управен одбор, но, можам да ве известам дека конечно Народен театар Битола излезе од темнината. За прв пат после долги години имаме позитивно салдо, благодарение на премиерот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицковски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, со директна финансиска помош од два милиони денари и со наши сопствени средства некаде повеќе од 2,5 милиони денари, успеавме долгот којшто верувајте многу долго време ни тежеше да го анулираме. Успеавме да го зголемиме бројот на публика од седумнаесет илјади на триесет и четири илјади. Тоа е негде 98%. Успеавме да го зголемиме бројот на изведби на претстави од осумдесет и седум да ја стигнеме бројката 187. А полните сали и интересот на битолчани за театарот е само уште еден мотив и оваа година да продолжиме да работиме посветено, како што работевме минатата година. И сакам да ја искористам приликата на сите 69 вработени во Народен театар Битола од срце искрено да се заблагодарам, бидејќи трудот којшто секој еден од нив поединечно го вложи, верувајте, беше огромен бидејќи правевме нешто за коешто треба малку повеќе време да помине за да може и да се реализира. Имаме рекорден број на премиери во историјата на битолскиот театар. Тоа се тринаесет премиери во неполни дванаесет месеци“.

Во претставата играат: Маја Андоновска Илијевски, Викторија Степановска, Катерина Аневска Дранговска, Вероника Ефтимова, Валентин Дамчевски.

„Пламенка е една претстава во која навистина многу се помачивме да го најдеме правилниот сценски израз. Со оглед на тоа што станува, како што споменавме, драматизација на еден роман, кој што е прилично голем, а ние успеавме да го сведеме на околу 45 страници, во час и десет минути треба да се преживее еден човечки живот, којшто верувајте бил, за една жена, меѓутоа и за луѓето кои што им се случува, за сите тие војни и така натаму, којшто бил прилично тежок. А, можеби сме навикнати во македонската драматургија да слушаме за македонската жена, за нејзината сила, нејзиниот непокор, за трагедиите кои што се случувале. Но, верувајте, Пламенка е само уште едно потсетување дека ние секој, дека секоја фамилија, секој човек има по неколку Пламенки во својот живот“, вели актерката Маја Андоновска Илијевски која со оваа претстава се присети на приказните од својата баба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија14 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија14 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија16 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија16 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ16 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија17 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија18 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија18 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија19 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија19 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет20 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет20 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет20 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа21 час

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа22 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа22 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет22 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ1 ден

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...