Контакт

Забава

Порно актерите во Лос Анџелес и дефинитивно со кондом на снимање

Објавено пред

Порно актерите во Лос Анџелес и дефинитивно ќе мора да носат кондоми за време на снимањето на филмовите, врз основа на одлуката што ја потпиша градоначалникот Антонио Вијараигоус.

dobivaj vesti na viber

Порно актерите во Лос Анџелес и дефинитивно ќе мора да носат кондоми за време на снимањето на филмовите, врз основа на одлуката што ја потпиша градоначалникот Антонио Вијараигоус.Здравствени работници ја поздравија одлуката на градските власти на Лос Анџелес, која веќе стапи на сила, но се уште не се знае на кој начин ќе биде спроведен прописот.Некои од најзначајните претставници на порно индустријата, вклучително и Вивид ентертерјнмент, веќе најавија дека во случај властите да ја спроведат оваа одлука, ќе го преместат своето работење од Лос Анџелес, центарот на американската порно индустрија.Според проценките, речиси 90 отсто од филмовите за возрасни во САД се снимаат на територијата на Лос Анџелес, поточно во долината Сан Фернандо.Претставниците на американската порно индустрија истакнуваат дека конзументите на ваквите филмови едноставно не сакаат актерите да носат кондоми и веќе ставиле до знаење дека ваквите филмови немаат намера да ги гледаат.Индустријата за филмови за возрасни во САД остварува годишна заработувачка од осум милијарди долари годишно.Актуелната светска криза не ја одмина ниту оваа индустрија, а се’ поголем проблем претставува и бесплатната порнографија на интернет, поради што обврската за задолжителна употреба на кондом ќе предизвика дополнителна финансиска штета.Наспроти ваквите тврдења, фондацијата за борба против сидата оценува дека порно филмаџиите со години ги игнорирале постоечките закони во Калифорнија. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) По неуспешните љубовни врски, таа бакнува некој 10 години постар: фатени на дело

Објавено пред

Моделот Емили Ратајковски официјално е повторно вљубена. Таа е во врска со францускиот режисер Ромен Гаврас, 10 години постар од неа, а неодамна фотографите ги фатија како се бакнуваат на улиците на Њујорк, потврдувајќи дека се нов пар.

dobivaj vesti na viber

Двајцата шетаа низ Њујорк, држејќи се за раце, разменувајќи нежности и покажувајќи дека нивната врска оди во вистинската насока. Емили не можеше да ја тргне насмевката од лицето, а ова беше нивното прво јавно појавување заедно.

Гаврас е познат и во јавноста како поранешно момче на Дуа Липа, со која беше во врска осум месеци, а која сега е верена со актерот Калум Тарнер.

За нивното прво јавно појавување, двајцата носеа лежерни комбинации; Емили носеше впечатливо кафеаво кожно палто со крзнени украси, широки панталони и патики, додека Ромен го следеше нејзиниот стил, носејќи патики, лежерна кошула со раскопчани копчиња и темно сино палто, а додатоците ги дополни со капа.

Емили пред оваа врска имаше краткотрајни врски со Хари Стајлс, Ерик Андре и Пит Дејвидсон, а беше поврзана и со пејачот Шабузи.

Кружеа гласини дека таа била во врска и со Бред Пит.

Од бракот со продуцентот Себастијан Бир-Меклард го доби синот Силвестер. Се венчаа во 2018 година, а се разведоа во 2022 година. Дали оваа врска ќе трае подолго од другите и дали популарниот модел конечно ќе се смири, останува да се види.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Најздравиот појадок на светот: топи масти, слабее и го зајакнува телото

Објавено пред

Нема сомнение, ова е најздравиот појадок на светот и идеален за носење на работа. Заборавете на гладот ​​до ручек, ослободете се од токсините и стопете ги мастите.

dobivaj vesti na viber

Секој знае дека појадокот е најважниот оброк, но кој е всушност најздравиот појадок? Нутриционистите се согласуваат: тоа е овес или овесна каша. Но, бидете внимателни, не зборуваме за оние брзи, преработени житарки.

Вистинската моќ е во кашата добиена со готвење цели зрна овес. Телото ја обожава! Лесно можете да најдете овес во која било продавница за здрава храна.

Оваа каша е идеална за носење на работа, а можете да ја јадете на два фантастични начина:

– Солен вкус: Додадете варено јајце, сирење, малку сланина (ако навистина морате!) или урда. Многу протеини.

– Слатко совршенство: Додадете суво грозје, мед, јаболко, цимет или какао. Вистинско уживање.

Зошто килограмите лесно се намалуваат?

Ако постојано сте на диета, го знаете проблемот: постојано сте гладни. Па, овесната каша е мајстор за ситост, бидејќи го чисти телото од токсини. Овие зрна содржат чудотворно влакно, бета глукан, кое се претвора во густ гел во желудникот. Токму овој гел ве држи сити подолг дел од денот, затоа заборавете на нездравите грицки до ручек. Затоа ова е најздравиот појадок за секој што сака да ослабе.

Ги чисти цревата и го штити срцето – неверојатна моќ
Влакната прават чуда за варењето. Оваа каша ги чисти цревата, осигурува дека сè функционира правилно и го намалува ризикот од запек. Плус, овесот е вистински благодет за срцето. Полн е со антиоксиданси и здрави влакна кои го намалуваат нивото на лош холестерол.

Верувале или не, некои студии покажаа дека редовното консумирање на оваа каша може да има иста важност како и пиењето лекови за висок крвен притисок (секако, терапијата не треба да се заменува).

Како да се подготви: Рецепт што ви овозможува да го понесете појадокот на работа
За да го извлечете максимумот од тоа, заборавете на инстант житарките. Купете цел овес и потопете го во вода преку ноќ. Наутро, гответе околу 15 до 20 минути, додека зрната не се сварат целосно.

Брз рецепт за сладок оброк за носење: Земете 1 чаша овес и 4 чаши млеко. Додадете мед, цимет и суво грозје. Оставете сè во сад преку ноќ. Наутро, гответе додека смесата не се згусне. Префрлете во тегла и одете на работа.

Ова е убедливо најздравиот појадок што можете да си го дозволите. Јадете го со чиста совест.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Ким Кардашијан во бело ги откри своите прекрасни облини

Објавено пред

Ѕвездата од риалити шоуата, бизнисменка, модел, инфлуенсерка, актерка и наскоро адвокатка Ким Кардашијан ја претстави серијата од платформата Дизни+ „Tudo é Justo“ во Бразил, и покрај фактот дека овој проект наводно поминал толку лошо што „не вредело да се спомене“.

dobivaj vesti na viber

Ким реши да го покаже целиот свој сјај во снежно-бел фустан.

Неодамна откри дека сè уште не станала адвокат, бидејќи повторно паднала на правосудниот испит, за што го обвини Chat GPT за давање „неточни одговори“, но, судејќи според нејзиното расположение, не ѝ било баш важно тоа. Како и секогаш, таа продолжи да привлекува внимание – на свој начин.

Се појави на црвениот тепих во фустан без ништо под него, кој повеќе открива отколку што покрива. Горниот дел во облик на градник го „криел“ овој нејзин адут, додека грбот го нагласила со пердуви кои го следат препознатливиот облик на задникот.

Фустанот со гол грб има само две испреплетени прерамки кои ја „држат“ оваа креација, а е исечен на половината како костим за капење за визуелно да ја истенчи половината и да ги нагласи луксузните облини.

Ким ја собра косата во уредно залижана пунџа со детаљ што одговараше на креацијата, а не отстапи од својот стил на шминкање и користеше веќе проверени нијанси.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет19 минути

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија50 минути

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија14 часа

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ18 часа

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија18 часа

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...

Македонија20 часа

Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството поведе истрага против мајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во ‘Ржаничино, која е осомничена...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани...

Македонија21 час

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долг,...

Македонија21 час

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година....

Топ22 часа

Расчистен случај со лажна сообраќајна несреќа во Битола, уапсени две лица

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено...

Европа22 часа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските...

Свет23 часа

(Видео) Силна експлозија на автомобил во главниот град на Индија, најмалку 10 мртви

Силна експлозија на автомобил-бомба потресе прометна област на индискиот главен град вчера, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици...

Европа23 часа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на...

Свет1 ден

(Видео) Трамп му се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет1 ден

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет1 ден

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламската држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија1 ден

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија2 дена

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...