Македонија
Хелсиншки: Ромите се деградирани, понижувани и дискриминирани
Ромите како никогаш претходно се деградирани, понижувани и дискриминирани, реагира Хелсиншкиот комитет по повод одбележувањето на меѓународниот ден на Ромите, 8-ми април.
„Состојбата со Ромите во Република Македонија никогаш не била полоша, со оглед на масовната дискриминација која се случува на граничните премини на нашата држава од страна на Министерството за внатрешни работи кон оваа етничка заедница. Веќе подолг временски период во јавноста се известува за прекршувањето на уставно загарантираното право на Ромите да ја напуштат државата, при што врз нив се врши расно профилирање од страна на полициските службеници. Ромите како никогаш претходно се деградирани, понижувани и дискриминирани, но не само на граничните премини, туку и при пристапот до социјална и здравствена заштита, до основни услови за домување и живеење, но и до правото со стекнување со државјанство и лични документи. Се уште опстојува децениската сегрегација на децата Роми во образовниот процес, кои посетуваат училишта за деца со интелектуална попреченост, наместо да бидат вклучени во редовното образование“ реагираат од Хелсиншки. По објавените разговори во јавноста, во коишто наводно високи функционери Ромите ги нарекуваат „Цигани“ и ги злоупотребуваат нивните избирачки права, организацијата потсетува дека обврска на власта е почитување граѓаните кои се еднакви во слободите и правата независно од нивната боја на кожа и социјално потекло.Од Здружението за јакнење и организирање на ромската заедница „Романо Авази“ по повод 8 Април, организираат протестен марш за гордост и за достоинство. Маршот ќе тргне од ромската населба Топаана во 11:45 часот и ќе заврши пред канцеларија на ромската заедница „Романо Авази“ со прослава и со музика.Целта на маршот, како што велат од здружението е да покажат дека се горди што се Роми и дека имаат достоинство.По повод светскиот ден на Ромите државниот врв, претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски упатија честитки до ромската заедница во Македонија.„Вреднувањето на различноста и културните посебности на секоја заедница која е дел од нашето мултикултурно општество е традиција на која сме посебно горди. На овој ден Македонија ја обележува културната специфичност и традиции на ромската заедница која е една од најстарите на нашата територија. Со Вашата единствена и препознатливa култура Вие ја збогатувате разноликоста по која нашата држава е препознатлива“ с евели во четитиката на премиерот Никола Груевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

