Македонија
Платформата за родова еднаквост повикува да се подобрат условите за работа
По смртта на три работнички на работното место, Платформа за родова еднаквост испрати реакција до Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за труд,интер-ресорската група за еднакви можности на жените и мажите собраниските комисии еднакви можности на жените и мажите, за труд и социјална политика и Постојаната собраниска анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, како и до Народниот првобранител.
„Сакаме да ја изразиме нашата длабока загриженост поради смртта на три работнички кои изминатиов месец починаа на нивното работно место. Нашата загриженост се однесува на условите за работа во фабриките во Македонија, недостатокот од редовни контроли од страна на надлежните органи и отсуство од системска евиденција за повредите и несреќите на работно место од страна на државата“, велат од Платформата. Појаснуваат дека на крајот од јуни и почетокот на јули оваа година, медиумите пренесоа вест за три смртни случаи на работнички, две работнички се од фабриката “Дрекселмаер” од Кавадарци додека третата работничка е од штипската текстилна фабрика “Јаја Мезлер” .За преземените дејствија од страна на надлежните државни институции (Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд) постојат само посредни информации преку медиумите. Министерот за привлекување на странски инвестиции информираше дека е направена инспекциска контрола на работните услови во “Дрекселмаер” и не се утврдени отстапки од законски пропишаните услови за работа. Трудовата инспекција изврши контрола во фабриката „Јахја Мезлер“ при што се констатирани недоследности во исполнувањето на условите за безбедност и здравје при работа, за што се изречени и казни.„Смртта на три работнички за краток период дава индикации на влошени услови за работа во фабриките, особено во летниот период. На ова укажуваат и статистиките од годишните извештаи за несреќи при работа на Македонското здружение за заштита при работа. Имено, повредите и смртните случаи драстично се зголемуваат во летниот период, во споредба со другите месеци од годината што упатува на сомневање во примената на законски пропишаните услови за работа од страна на работодавачите (соодветна климатизација на просториите, паузи, достапност на течности и сл.) за превенирање на шок и стрес од топлина“, додаваат од Платформата, од каде укажуваат на непостоење соодветни извештаи и податоци од надлежните државни институции кои се однесуваат на безбедноста и здравјето на работниците.„Недостатокот од такви важни статистики оневозможуваат системска евиденција, анализирање на трендови, дизајнирање на мерки и соодветно постапување во ситуации на нарушување на здравје, повреди и смрт на работно место. Исклучително високиот број на повреди и смрт на работно место (42 смртни случаи во 2014 година ) се состојби кои не смее да се игнорираат“, велат во реакцијата. Препорачуваат надлежните институции континуирано да вршат инспекциски надзор, особено во летниот период и на оние работни места кои се подложни на топлотни шокови (неизолирани хангари, фабрики каде се случени повреди и несреќи, градежни изведби и сл.) со цел да се утврди фактичката состојба и причините за несреќите, а извештаите и заклучоците да бидат достапни за јавноста.Потоа, да се воведе систем на задолжителна евиденција на повредите и несреќите при работа и на работно место, како и преземање континуирани мерки преку кои ќе се информираат, едуцираат и обврзат работодавачите да ги почитуваат стандардите за здравје при работа кои се пропишани со постојните закони и конвенциите.Во Платформата членуваат повеќе здруженија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Адем Чучуљ ја презеде претседателската функција на Антикорупциска
Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Тој најави дека заедно со неговиот тим ќе бара интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции.

„За мене претставува, пред сѐ, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува и Комисијата и државата на полето на борбата против корупцијата. Во таа насока како претседател на ДКСК ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции“, изјави Чучуљ.
Македонија
Обвинетите за „Пулс“ утрово во Идризво ги пречекаа фотографии од сите загинати
Металните барикади пред влезот во судницата во Идризово, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите, утрово се прекриени со транспарент на кој ги има фотографиите од сите жртви во трагедијата во Пулс.
Покрај него мораа да минат сите обвинети.
Со истиот транспарент родителите и роднините на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ во саботата маршираа низ Кочани.
Македонија
Друг затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптоп најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“
Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не биле негови, кажа на деншеното судење неговиот бранител Насер Рауфи.
Сопственикот на телефоните и на компјутерот самиот се пријавил и признал дека се негови.
„По вашата забелешка на минатото судење дека Камбери внел телефони, во меѓувреме детектиран е сопственикот на телефоните и лаптопот од страна на затворот, и не е Камбери. Го молам судот да се обрати до затворот за таа информација“, рече адвокатот Рауфи.
Судијката Диана Груевска-Илиевска неговата забелешка ја внесе во записникот.
Пред почетокот на минатото судење таа го предупреди обвинетиот Камбери дека му следи самица и други казни оти во неговата ќелија биле најдени 13 мобилни телефони и еден лаптоп.

