Македонија
Нема притвор за началникот на Петтата управа ниту мерки за претпазливост за Јанкулоска
Судијата на претходна постапка ги отфрли предлозите на Специјалното јавно обвинителство за определување на притвор на началникот на Петтата управа, Горан Грујовски ниту мерки за претпазливост за останатите четворица обвинети, меѓу кои и поранешната Министерката за внарешни работи, Гордана Јанкулоска за случајот „Тврдина“.
„Кон предлогот за определување мерка притвор Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не достави докази и со забелешка се повика на Наредбата за спроведување истражна постапка НСК КО.бр. 17/15 од 29.03.2016 година и копија од доказите на кои се базира основаноста на сомнението кои биле доставени до судот како прилог кон предметот IV КОК ПП.бр. 103/16“, се вели во образложението на одлуката на судијката Александра Поп-Стефанија.Странките во постапката имаат право на жалба на решенијата на судија на претходна постапка до Кривичниот совет во рок од 24 часа по приемот.Предметот под име „Тврдина“ се однесува на незаконска постапка за уништување на опрема за следење на комуникациите, поточно два технички системи. И покрај тоа што опремата не била технички застарена и била функционална, била уништена.На Грујовски пред одлуката за аболиција на Претседателот, Ѓорге Иванов, му беше одреден притвор, но по одлуката на Иванов тој излезе од затвор. /крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

