Контакт

Култура

Унифицирани тезги за книги во центарот на Скопје

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски и градоначалникот Коце Трајановски денеска ги промовираа новите11 унифицирани тезги за книги поставени на градскиот плоштад и на улицата Македонија

dobivaj vesti na viber

За изработка на тезгите од градскиот буџет се потрошени  40 илјади  евра, а една тезга чини околу седум илјади евра. Според скопскиот градоначалник Коце Трајановски ова е најниска цена избрана на тендерот.Стилизираните тезги се изработени од лиено железо и ќе се даваат под закуп на физички лица кои продаваат стари книги, за месечен надоместок од илјада денари, а со останатите четири тезги ќе стопанисуваат книжарниците „Три”, „Ѓурѓа”, „Табернакул” и  „Дијалог” кои  ќе плаќаат ист месечен надомест,,На овој начин продажбата на книгите им ја доближиме на граѓаните, а на продавачите на стари книги им даваме можност да ја зголемат својата понуда бидејќи досега беа на две локации, кај МАНУ И кај библиотеката ’Браќа Миладинови’. Дел од тие продавачи ги сместивме во центарот“, вели Трајановски.Тој не најави дислоцирање на останатите продавачи на стари книги кои не добиле на тендерот за изнајмување на тезги, туку истакна дека за нив.Градската власт веќе изработува проект за поставување на слични вакви тезги на тој простор, со што според Трајановски ќе се обезбедат подобри услови за работа.Со овој проект Градот прави обид да го реши долгогодишниот проблемот со нерегулирање на дејноста на продавачите на стари книги кои се продаваат на импровизирани  тезги во никакви услови.Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на официјалното отворање на тезгите, иако не даде изјава се почести со две книги „Мисијата на Сигмунд Фројд” и „Македонија во делата на странските патописци”, а Трајановски, пак го избра насловот “Латински цитати”.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Фестивал на перформансот во Музејот на современата уметност

Објавено пред

Од 3 до 6 октомври во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се случува четиридневен Фестивал на перформансот. Влезот е слободен.

dobivaj vesti na viber

„МСУ – Скопје фестивал на перформансот 2024“ е составен од две програми. Главната програма е тридневен настан насловен „(Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија” куриран од Биљана Тануровска – Ќулавковски и Славчо Димитров и се состои од проекции, предавања и перформанси.

Додатна програма е програмата на партнерите, која произлегува од резиденциите, педагошките и истражувачките активности во партнерство со фондацијата „Арт Експлора“ (Франција/Албанија) и нејзината резиденцијална програма Вила 31 во Тирана, како и соработка со алумни од Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC) и уметници соработници на Иницијативата за усна историја во Приштина (OHI).

Општата идеја на фестивалот е да се измислат различни начини на делување, кои ќе се занимаваат со пренесување на уметничкото наследство во проширениот контекст на историјата на модерноста, и засилување на рецепцијата на идеите и гестовите во релација со постојано еволуирачките чинови и форми, кои се во потрага по еманципација.

Фестивалот е второто поглавје од европската програма Култура.ЕУБалкан (2022-2024), чија цел е да се поттикне размена на уметници, истражувачи и културни чинители, меѓу Западниот Балкан и Европската Унија и да се промовира ширењето на нивните практики и нивните истражувања. Претставата на NAM Choreolab е претставена во соработка со ППФестивал на Локомотива и проектот Движење на неврзаните, поддржан од Креативна Европа/ Програма за европска соработка со Западен Балкан и Министерство за култура на Република Северна Македонија.

МСУ – Скопје фестивал на перформансот е настан кој се организира на годишно ниво, овозможувајќи експериментирање и споделување на уметничката пракса на резидентите и уметниците од регионот, ЕУ и меѓународните сцени. Преку партнерства со културни институции, како и организации, здруженија, школи, универзитети и истражувачки центри, фестивалот ќе се вклучи во пошироки соработки со можност за проширување на други јавни и отворени простори.

На 3 октомври фестивалот ќе биде отворен со партнерската програма.

Во 18:30 часот предвидена е презентација на партнерите од иницијативата Култура.ЕУБалкан и дискусија со Јета Реџа, директор на Иницијативата за орална историја – OHI, Приштина; Жозефин Дофин, одговорна за резиденцијалните програми на „Арт Експлора“, Париз/Тирана; Камил Кингуе, раководителка за меѓународни прашања и кариерен развој на Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC), Париз. Модераторка ќе биде Ивана Васева, кураторка во МСУ. Потоа следува Хакерски водич кон шумата: музејско издание, перформанс од Колектив Tree (Елизабет Баном, Кетрин Маршал, Мартијн ван Елферен), алумни на Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC). Од 21 часот ќе бидат прикажани куси видеа: Транс’нистрија и Абхазија отпосле од Ванѓуш Велаху, Трнарче и Како се раѓаат ѕвездите? од Олсон Ламај и Кучките за нивниот дин од Ана Еренштајн, гости на Вила 31, резиденцијална програма во Тирана која ја води фондацијата „Арт Експлора“ (Франција/Албанија).

Од 4 до 6 октомври ќе се случува главната програма: (Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија. Куратори на тродневните настани се Биљана Тануровска – Ќулавковски и Славчо Димитров.

На 4 октомври од 18:30 предвиден е перформанс на Христина Иваноска/Документ што недостасува: За методологијата (текст, глас, и тело) (2014). Потоа предавање на Јована Караулиќ/Изведување на државата: Културолошки перформанси на југославизмот. Во 20:45 часот, проекција на филм од Марта Попивода „Југославија, како идеологијата го придвижуваше нашето колективно тело“ (2013)/ Србија, Франција, Германија. За крај на фестивалската вечер – видео инсталација на Попивода, во соработка со Ана Вујановиќ/ Површини кои значат: Денот на младоста 1988 (2022).

На 5ти октомври од 19 часот, перформанси на Клелија Живковиќ/ Кој те научи да се чувствуваш добро? (2024); на Милица Ракиќ и Владимир Бјеличиќ/ Истражна постапка: Досието на една Југословенка (2024) и на Оља Грубиќ/ ИКЕБАНА (2018).
Од 20.30 часот предвидено е перформативно предавање на Дражен Драгојевиќ/ Како што се партизаните со не.

На последната фестивалска вечер на 6 октомври во 18 часот закажано е предавање на Јасмина Заложник/ Заземање простор. Нови пракси на перформативната уметност во Југославија. И за крај перформанс на НАМ КореоЛаб: Соња Преград, Ана Дубљевиќ, Викторија Илиоска, Дражен Драгојевиќ/ Како што се римува со не, Не не се повторува. Но се римува. (2024).

Прикажи повеќе...

Култура

Аплаузи и овации за познатиот актер и комичар Драган Маринковиќ-Маца во Крива Паланка

Објавено пред

Со громогласен аплауз и на нозе беше поздравен еден од омилените актери и комичари во регионот Драган Маринковиќ-Маца, кој синоќа настапи со претставата „Каква ти е сопругата – таков си и ти“, во продукција на „Златен заб“ на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

dobivaj vesti na viber

Публиката во салата на НУ Центар за култура Крива Паланка беше воодушевена од оригиналната актерска игра на познатиот и харизматичен Маца, се смееше на неговите шеговити реплики за вечната тема за бракот и машко-женските односи, но поттикна и размислување за смислата на животот.

Маца поентираше со пораката дека годините не смеат да се потрошат залудно, за да немаш со кого да се вратиш назад или со кого да продолжиш напред, нагласувајќи дека во животот не постои ништо важно, освен љубовта.

Тој ја поздрави кривопаланечката публика и изрази големо задоволство од гостувањето на театарскиот фестивал и престојот во Крива Паланка.

„Првпат сум во Крива Паланка, знам дека сте Град на културата, а со години слушам дека овде гостуваат многу мои колеги- актери, музички ѕвезди и уметници и постојано се прашував: „Боже колкава е таа Крива Паланка?“ Целосен респект што ја сакате уметноста и што уживате во неа. Ви посакувам уште многу фестивали“, порача Маринковиќ.

Вечерва, на шестата фестивалска вечер на МТФ„ Св. Јоаким Осоговски“ настапува Народниот театар„Стерија“ од збратимениот град Вршац, Србија, со претставата „Симпатија и антипатија“.

Прикажи повеќе...

Култура

Во КИЦ групна изложба „Резонанца” по повод наградата „Борко Лазески“

Објавено пред

Во Културно-информативниот центар во Скопје, најавено е отворање на изложбата на графики и слики од Јана Николовска, Антоанета Малинковиќ и Дорина Тенева насловена „Резонанца“

dobivaj vesti na viber

Групната излжба “Резонанца”, по повод наградата “Борко Лазески” ги обединува визуелните истранувања низ различните медиуми на авторките, ги претставува нивните лични, интроспективни тематики кои имаат за цел да го доведат гледачот во контемплативна состоjба.

Јана Николовска е родена во Битола 2000 година. Завршила средно уметничко училиште во Cкопjе во ДCУЛУД “Лазар Личеноски”, насока сликарство. Дипломирала на факултетот за ликовни уметности во Cкопjе во 2023 година насока сликарство во класата на проф. Антони Мазневски, а моментално е во тек со магистерски студии.

Антоанета Малиновиḱ е родена во Cкопjе 2000 година. Завршила средно училиште во гимназиjа Јосип Броз Tито, а го студира сликарството и дипломира во 2023 година на Факултетот за ликовни уметности во Cкопjе. Истата година таа станува член на Друштвото на ликовни уметници – ДЛУМ и учевствува на групни излонби.

Дорина Tенева е родена во Cкопjе 2001 година. Завршила средно уметничко училиште ДCУЛУД –“Лазар Личеноски” по насока сликарство. Продолнува да го студира сликарството на Факултетот за ликовни уметности во Cкопjе под менторство на проф. м-р. Антони Мазневски, а дипломира во 2023 година. Истата година станува член на Друштвото на ликовни уметници – ДЛУМ и учевствува на групни излонби.

Изложбата ќе биде отворена до 20.10.2024 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Ќе се забрани пристапот до 100 странски онлајн-коцкарници што се користат кај нас, Андоновски алармира дека се вклучени малолетници  

Откако беа згаснати домашните онлајн коцкарници кои нелегално приредуваа игри на среќа, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека...

Македонија10 минути

(Видео) Пожар во зграда во Чаир, станарите евакуирани, неколкумина побарале лекарска помош оти вдишиле чад

Пожар избувна во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир, а неколкумина станари, пожарникар и полицаец побарале лекарска помош...

Македонија3 часа

Македонското МНР го осуди иранскиот ракетен напад, граѓаните да не патуваат во Израел, Иран и Либан

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во...

Македонија3 часа

Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно...

Свет4 часа

(Видео) Тројно се зголеми бројот на загинати во Северна Каролина по ураганот Хелен: „Видовме тела како висат на дрвјата“

Бројот на жртвите на ураганот Хелен во шест американски држави се искачи на над 160, а милиони луѓе останаа без...

Македонија4 часа

„Вреди“: Елми Азири подготвен да ја потоне ДУИ

„Елми Азири, пратеник од таканаречениот Европски фронт, во телевизиска изјава јавно призна дека учествувал на состанокот одржан во собраниска канцеларијата...

Свет5 часа

Најмалку 162 изгубени животи: Хелен и официјално е вториот најсмртоносен ураган во САД

Разорниот ураган Хелен однесе најмалку 162 животи, јавуваат американските медиуми. Според информации, црниот биланс е забележан во шест земји. Ураганот...

Свет6 часа

Иран: Ова беше самоодбрана, доколку Израел не возврати, акцијата е завршена

Иранската воена акција против Израел заврши, се вели во изјавата на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Во објавата...

Свет6 часа

(Видео) Моментот кога огромен број ракети се појавија над Тел Авив и Ерусалим

Иран вчера попладне лансираше стотици ракети кон Израел. Според Израел, биле истрелани речиси 200 ракети. Ракетите се појавија над Израел...

Свет6 часа

Нетанјаху: Иран направи голема грешка, ќе плати

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Иран ќе се соочи со последици за неговиот напад ноќеска. „Иран направи голема грешка...

Свет16 часа

Истрелани се околу 180 проектили од кои повеќето се пресретнати, тврди израелската армија

Израелската војска соопшти дека идентификувала околу 180 проектили истрелани кон Израел од Иран. Претставник на израелската безбедност, исто така, рече...

Свет17 часа

Иранската револуционерна гарда: Овој напад е одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападот врз Израел бил одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах. Лидерот на...

Свет18 часа

(Видео) Израелската армија: Иран истрела ракети кон Израел

Израелската војска соопшти дека ракети биле истрелани од Иран кон Израел. Сирените се огласија низ Израел. Израелските одбранбени сили (ИДФ)...

Топ20 часа

На Клиника починала 67-годишна жена од Кумановско

Денеска (01.10.2024) во 02.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив...

Македонија21 час

Филипче: Безбедноста на граѓаните загрозена во 100 дена власт на Мицкоски

Насилничкото однесување на припадници на полицијата, ја покажа погубната страна на партизацијата на безбедносните служби во првите 100 дена од...

Македонија21 час

Ѝ се заканувал со убиство на уставна судијка преку социјалните мрежи: Обвинителството предлага условна осуда за скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за издавање казнен налог против едно...

Македонија23 часа

Минималната плата не стана 450 евра; Трендафилов: Утре ќе биде 101. ден од новата Влада и ништо нема да биде сменето   

Владата на Христијан Мицкоски не го исполни барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од мај годинава – покачувањето на...

Македонија24 часа

Мицкоски за 100 дена Влада: Нема да направиме ниту една отстапка што ќе значи дополнителен срам и понижување на граѓаните

Оваа влада нема да направи ништо спортивно на националните интереси и стратешки правци на граѓаните. Нема никогаш да направи ниту...

Економија1 ден

Трајкоска за 100 дена Влада: Имавме многу високи очекувања, не добивме ништо, немаме информација како парите од кредитот ќе одат за бизнисот

Работодавците немаат никаква конкретна информација на кој начин половина од парите од најавениот унгарски кредит ќе одат за бизнисот. Претседателката...

Топ1 ден

(Видео) Кривична пријава за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...