Македонија
Демонстрантите од протестот пред влада ја признаа вината
Деветмината демонстранти кои што беа обвинети за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување на службени дејствија“, на протестите кои се случија пред Владата на 5 мај, пред судот ја признаа вината.
Сите деветмина се изјаснија дека се виновни и дека вината ја признаваат без никаков притисок, јави репортерот на Макфакс.
Меѓу обвинетите повеќето се млади момчиња, меѓу кои има и студенти и еден член на Студентскиот пленум кој учетвуваше во организирањето на студентските протести.
Речиси сите демонтранти се неосудувани освен двајца, едно момче и вујкото на убиениот Мартин Нешкоски.
Адвокатот на петмина од демонстрантите, Мирослав Вујиќ, побара судот да ја земе во предвид состојбата во која се наоѓал вујкото на Мартин Нешкоски како дел од семејството кое изгубило близок член.
За половина час се очекува судијката да ја соопшти пресудата за овој случај.
Протестите на 5 мај беа организирани откако опозицијата објави аудио снимки во кои што високи функицонери од власта наводно се обиделе да го скријат убиството на Нешкоски, кое се случи ноќта помеѓу 5 и 6 јуни 2011 година, додека власта ја славеше изборната победа.
На протестите пред Владата дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

