Македонија
Започнува ИЕДЦ натпреварот во бизнис студија на случај 2015
Почнува дводневниот натпревар во бизнис студија на случај 2015 во организација на ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент.
Натпреварот во бизнис студија на случај има за цел промовирање на бизнис образованието и конкурентноста на компаниите, а е од огромна важност за секоја компанија која има за цел да остане на врвот на бизнисот и цели кон постојано унапредување на сопствените вработени и менаџери да се едуцираат и стекнат нови вештини и знаења да се развијат во препознатливи бизнис лидери.
Овој натпревар се организира трета година по ред, а овогодишни учесници се шестчлени тимови кои ги претставуваат компаниите ОНЕ, Кроација осигурување, НЛБ Тутунска банка, Адриатик група, како и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Натпреварот се состои од бизнис случај кој се анализра и потоа се прави презентација на предлог решение. Бизнис случајот е избран од страна на комисија која одлучува и за победник на натпреварот. Натпреварот за бизнис студија на случај секогаш се занимава со реални компании и со реални проблеми или предизвици.
Целта на овој натпревар е зајакнување тимскиот дух во самите компании, поттикнување на нивната иновативност, како и да им се помогне на вработените да изнајдат сопствени креативни и иновативни решенија за актуелните бизнис предизвици.
Ментор на целата оваа активност е реномираниот професор и декан за образование на Менаџмент институот Jack Welch од универзитетот Strayer, Дани Спиро, од кого тимовите ќе имаат можност да добијат корисни совети и препораки при анализирањето и решавањето на бизнис случајот.
Тимовите имаат време од 24 часа да се подготват за презентација и креативно решение за дадениот проблем. Исто така имаат шанса за пробна презентација и со повратни информации и совети од членовите на комисијата се дозволени уште неколку часа за финална презентација пред да се прогласи победникот.
Наградата за победничкиот тим е учество на еден од изборните МБА курсеви во ИЕДЦ-Блед школа за менаџмент. Победниците ќе ги измерат силите против победничките тимови од другите држави во Глобалниот натпревар на ИЕДЦ за студии на случај (Хрватска, земјата во која пред шест години се роди целата идеја, Словенија, Србија, Молдавија, Бугарија и Романија). Тимот кој ќе победи на својата земја, исто така, добива право да се квалификуваа и за Глобалната Студија на случај.
Наградата за победничкиот тим во нашата земја ќе ја додели Н.Е. Бранко Раковец, Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

