Македонија
Груевски го пушти во употреба реконструираниот водовод во селото Ботун
Премиерот на Република Македонија Никола Груевски денеска беше во посета на три населени места во општина Дебарца. Тој присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во селото Ботун, а беше дел и од поставувањето на камен-темелник на колекторскиот систем во село Мешеишта.
Исто така премиерот го посети и селото Требеништа каде што присутвуваше нa свеченото пуштање во употреба на реконструираното училиште.
„На изборите дадовме ветување дека тоа ќе го санираме, односно дека ќе направиме темелна реконструкција со нови извори коишто ќе го подобрат водоснабдувањето, така што во Ботун сега нема повеќе проблем со водоснабдувањето. Отпочна со градбата и системот за одведување на отпадни води, кој е исклучително значаен за Мешеишта и околните населени места, бидејќи овој колектор ќе опфати повеќе канализации и ќе реши многу проблеми на населението“, рече Груевски.
Тој информираше дека во селото Требеништа е напревена темелна реконструкција на локалното училиште, заменети се сите прозорци, подот, а претходно бил заменет и таванот и биле направени низа интеревенции за воспоставување на подобри услови за одвивање на наставата. /крај/охридњуз
Извор: Охридњуз
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

