Забава
Панцири за деца
Колумбискиот дизајнер Мигел Кабаљер почна да произведува како моден детал, непробојна облека за деца кои треба да се заштитат од напаѓачи и смета дека неговата компанија има обезбедено голем пазар во САД.
„Пазарот за детските производи се наоѓа во САД“, вели Мигел, затоа што „таму навистина имаат проблем“.
Насилството, смртта и убиствата се секојдневие на креативниот бизнисмен кој во својата фабрика произведува панцирна облека и тоа во Мексико и Колумбија, две клучни локации каде оперираат латино-американски банди.
Кабаљеро смета дека нуди решенија, а непробојната облека треба да ги заштити деца во училиште и на улица од напаѓачи со огнено оружје.
Вели дека неговиот производ е направен од модерни материјали кои се непробојни а ќе ги заштитат децата од куршуми.
Маицата е лесна и може да се носи како поткошула, а со помош на неговите кошули, блузи и јакни децата имаат изгледи да преживеат вооружен напад.
За да ги увери купувачите вели дека е подготвен во својата канцеларија да облече дел од неговите производи и да му даде на некој вработен од непосредна близина да пука во него и тврди дека никој нема да биде повреден.
Вели дека луѓето во кои е пукано ќе почувствуваат допир на проектилот како лесен удар, но нема да бидат повредени.
Во неговиот каталог има 500 производи, воени елеци, цивилни сакоа, наметки, кожни и трапер -јакни, а цените се од 300 до 3.000 долари.
Мигел има изработено непробоен фустан за Октоберфест, како и непробоен повез за една Библија.
Идејата за вакво производство ја добил од еден полицаец кој се мачел под тежината на панцирот, а на крај и го соблекол, па изработил за него лесен панцир.
Денес, дваесет години подоцна, неговата фирма има 180 вработени, а до сега продал 32 илјади разни производи.
Кабаљеро вели дека неговите непробојни производи изгледаат нормално и дека негови клиенти се шефови на држави.
Тој го облекувал колумбискиот претседател Алвао Урибе, а и претседателот на Венецуела Уго Чавез носи негова облека.
За венчавката на шпанскиот принц Фелипе и принцезата Летиција, набавиле панцирни јакни. Според податоците на фирмата 11 претседатели на држави се нивни клиенти.
Кабаљеро тврди дека шефови на мафијашки групи не се негови клиенти. Инаку, добро се чуваат податоците за клиентите, да не се дознае кои се. Тоа што сега произведува за деца и млади не го вознемирува.
„Јас не ги правам проблемите, јас ги решавам“, вели Кабаљеро.
Планира да отвори погон и во Лима Перу, а стравот е тој што му ги носи клиентите, пренесува `Дојче Веле`./крај/дв/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.