Култура
Во август по шести пат АКТО
Шестото по ред издание на Фестивалот за современи уметности АКТО ќе се одржи од 11-14 август во Битола.
Шестото по ред издание на Фестивалот за современи уметности АКТО ќе се одржи од 11-14 август во Битола. Оваа година на АКТО како дел од уметничката програма ќе има 30-тина еминентни учесници од Македонија, Италија, Хрватска, Бугарија и Србија, додека во музичкиот дел преку дваесет познати музичари од Македонија Србија и Канада.За своја насловна тема Фестивалот ја избра „Работи (никогаш)!“, а повод за темата е графитот што францускиот филозоф Ги Дебор го испиша на еден ѕид од улицата Сена во Париз кој гласеше Ne travaillez jamais! (работи никогаш), кој е испишан на битолската улица „Солунска“.На годинешниов АКТО ќе настапат домашните уметници Игор Јосифов, Сузана Милевска, Игор Тошевски, Проект Зеро плус, Зоран Попоски, Драгана Заревска, Јасна Димитровска, Никола Узуновски, Филип Јовановски и Атанас Ботев, од Хрватска гостуваат контроверзните визуелни уметници Власта Делимар, Милан Божиќ, Немања Цвијановиќ и Петра Ковачиќ, Иван Мудов од Бугарија, уметничката група DETEXT (Raul Martinez и Valentin Duceac),гостинот кој потекнува од Мексико а живее во Италија Gaston Ramirez Feltrin како и италијанските визулени уметници Alessandro Mancassola, Anja Puntari и Barbara Cesarini Basilico.Во музичкиот дел на АКТО или таканаречената OFF програма пред публиката на денот на отварањето започнува со 20 години слободни канал 103 вечер, настап на ди џеите на канал 103, Millko и Sound Pollution, на 12 август ќе настапи светскит познатиот бенд од Канада Handsome Furs, домашните Т.Б. Трачери, Паркети, ХАХАХА и Молокаи, додека во сабота 13 август гостува познатиот диџеј од Србија Марко Милосавлевиќ и домашните диџеи K. Petrovsky, Saso Resid, Goran Tech и Stojche. Неконвенционалниот избор на простори каде се одржува Фестивалот што се правеше изминатите години продолжуваат и оваа година,со една новост.Дел од визуелните дела на уметниците ќе бидат изложени за време на свеченото отварање во автентичната зградата на Офицерскиот дом во Битола. Таму ќе се формира Акто Павиљонот, а целокупната програма пак ќе се одржува во различни простори, како што е дворот на познатата битолска гимназија „Јосип Броз Тито“, автентичниот простор на планинскиот ресторан „Соколски“, старото напуштено кино „Македонија, старата куќа Ал Хамбра. Организатори на Фестивалот се уметничкиот директор Филип Јовановски и продуцентите Никола Димитровски,Александар Јовановски и Борче Димитровски.
Фестивалот АКТО е дел од Битолското културно лето Битфест што пак е во организација на општината Битола и градоначалникот Владимир Талевски кој и овојпат го подржува Фестивалот технички, финансиски и логистички./крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Поддршка за културата во Битола: MINT зад Шекспир фестивалот 2025
Денес официјално започнува Шекспир фестивалот во Битола, еден од најзначајните и најреномирани театарски настани во регионот, кој годинава повторно ги обединува највлијателните и најиновативните Шекспирови продукции од светот.
Организиран од Народниот театар Битола, фестивалот претставува платформа каде класичните драмски текстови добиваат современи интерпретации, а Битола станува центар на висока сценска уметност.
Во пресрет на свеченото отворање, денес се одржа работна средба помеѓу директорот на Народниот театар Битола, Васко Мавровски, и генералниот директор на MINT Fintech Group, Никола Јошевски. MINT е долгогодишен партнер и спонзор на Народниот театар Битола, а годинава ја проширува својата поддршка и како клучен спонзор на Шекспир фестивалот.
Средбата, одржана во фоајето на театарот, беше можност за разговор за заедничката визија, новите идеи и стратешкото планирање на програмските и културните иницијативи за 2026 година.
„MINT продолжува да вложува во културата не како обврска, туку како уверување дека уметноста ја гради заедницата, а силната културна сцена значи силно и одржливо општество,“ истакнаа од компанијата.
Вечерва, со кревање на завесата, Битола повторно ќе стане театарски центар чијашто традиција, енергија и визија ја прават препознатлива на културната мапа на регионот.
(ПР)
Култура
Објавен „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половина на ХХ век“ од Славчо Ковиловски
„Македоника литера“ објави нова книга на Славчо Ковилоски со наслов „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половинана ХХ век“.
Овој речник се надоврзува на „Речникот на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“, од истиот автор, публикуван во 2022 година. Покрај лажните имиња од сите видови (псевдоними, кратенки, знаци) овде се вклучени и одредници со прекари на публицисти, родените имиња на авторите, како и одреден број партизански псевдоними.
Во Речникот се наоѓаат книжевни псевдоними на 187 автори и 36 псевдоними од други области со вкупен број од 223 лица со скриени имиња. Исто така, има 19 родени (крстени) имиња на луѓе од книжевноста и културата, како и 37 автори чии прекари се споменуваат покрај нивните имиња. Вкупниот број на псевдоними изнесува повеќе од петстотини. Посебно поглавје е посветено на теорискиот пристап при објаснувањето на методологијата, односно постапките за дешифрирање и категоризирање на скриените имиња. Овој дел е особено важен, бидејќи без соодветен критички метод на потврдување или негирање на авторството препишано според псевдоним, не може да се добие релевантен одговор, прецизно дефиниран, елабориран според современите концепции на теоријата на книжевноста, но и на книжевно-историските односи и практики.
Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски книжевен историчар, културолог, поет, прозаист. Автор е на неколку прозни, поетски и монодрамски дела, како и на повеќе монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата. Прикази и статии објавувал во повеќе македонски списанија и дневните весници. Има преведено шест белетристички и научни дела од хрватски и бугарски на македонски јазик и повеќе преводи од српски јазик објавени во периодиката. Делови од неговото прозно и поетско творештво се преведени и препеани на неколку европски јазици.
Работи во Институтот за македонска литература (Одделение за македонска литература во XIX век), при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Култура
Пијано-рецитал „Скопје во петолиние 2028“
Културниот информативен центар – Скопје го најавува пијано рециталот „Скопје во петолиние 2028“ – македонска музичка приказна во чест на Скопје, Европска престолнина на културата 2028.
Овој уникатен рецитал ќе ја раскаже музичката приказна на нашиот град преку внимателно одбрани дела на македонски композитори, претворајќи го Скопје во вистинска партитура, а пијаното – во раскажувач. Рециталот претставува интимна пијанистичка нарација која го пренесува духот и енергијата на градот директно до срцето на публиката.
На пијаното ќе настапи Давид Павиќ, млад, но веќе признат пијанист кој го претставува новиот бран на македонски уметници. Со внимателно одбраниот репертоар, рециталот ќе го истакне генерацискиот премин на македонските композитори и континуитетот на музичкото изразување во Македонија.
Овој рецитал е прв целовечерен концерт од ваков вид воопшто кај нас, во кој младата надеж на македонската пијанистичка сцена, Давид Павиќ, преку својот личен уметнички израз ќе ги претстави делата на македонските композитори во ново светло.
Со внимателна интерпретација и емоционална длабочина, тој не само што ги оживува музичките дела на македонските композитори, туку и ги афирмира пред домашната и меѓународната публика.

