Македонија
Стручни тимови на АХВ ги отстрануваат и закопуваат угинатите животни
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/agencija-2.jpeg)
Стручни тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и ветеринарните друштва, со цел превенција и спречување на појава на заразни болести во поплавените подрачја во скопскиот и тетовскиот регион, по поплавите, активно работат на отстранување и закопување на угинатите животни.
Во текот на изминатите два дена, во најголем, дел завршено е евидентирање, проценка и утврдување на сопственоста на угинатиот ситен добиток ( кокошки, овци и кози), како и нивно закопување на соодветни локации определени од страна на локалната самоуправа. Од вчера попладне се врши и извлекување, евидентирање, проценка и отстранување и закопување и на угинатиот крупен добиток во поплавените региони. Со цел елиминирање на ризикот од појава на болести кај добитокот во поплавените региони, официјалните ветеринари во соработка со ветеринарните друштва и месното население врши дислокација на живиот добиток и обeзбедување на доволни количини безбедна храна и вода за нив. Се проверува и здравствената состојба на секое животно, која дополнително ќе биде проверена и по повлекувањето на водата, темелното чистење и извршената дератизација и дезинфекција на одгледувалиштата, каде повторно ќе се врати добитокот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Студеното утро донесе минусни температури насекаде
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/ptica-zima.jpg)
Најстудено утрово е во Берово со -9, во Крива Паланка се измерени -8, -7 во Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Крушево и Битола, -5 во Скопје, Штип и Велес, -4 во Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Прилеп и Виница, а -3 во Струмица и Охрид, соопшти УХМР.
На Попова Шапка има снежна покривка од 30 сантиметри, а во Маврови Анови 12.
Времето денеска наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Македонија
Денес студено утро, а преку ден до 11 степени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/zima-sonce.jpg)
Утрово е студено со услови за појава на магла по одделни котлините. Преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се движи од -6 до 1, а максималната од 4 до 11 степени.
Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Македонија
(Видео) Јанев од Тетово: Со иницијативата „До вас, за вас“ ги отвораме вратите на полицијата за поголема довеба во полицијата и безбедност на сите граѓани
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/thumbnail_034.jpg)
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во Тетово присуствуваше на четвртиот настан од иницијативата „До вас, за вас“, која е дел од посветеноста на за приближување на полицијата до граѓаните.
Директорот Јанев го отвори настанот на дружење и заеднички активности на полицијата со граѓаните и истакна дека ова иницијатива е исклучително важен чекор во создавање подобра комуникација а со тоа соработка и доверба меѓу полицијата и заедницата.
„Граѓаните знаат дека овде сме за нив, ние сме нивен сервис и во една заедничка соработка можеме да оствариме напредок во повеќе сегменти, како во сузбивање на криминалот така и во превенција на сите такви појави и заеднички да придонесеме кон една поголема безбедност на сите. Статистиката покажува дека полиција е секогаш прва на местото на настанот и со ваква подадена рака до сите граѓани нашата порака е дека полицијата е партнер на граѓаните, одговорна за нивната безбедност и сакаме да ја добиеме довербата на сите наши граѓани.“, потенцираше директорот Јанев.
Директорот Јанев на крај уште еднаш даде уверување дека полицијата не е тука да владее туку да им служи на граѓаните бидејќи таа потекнува од нив за нив и взамената соработка и доверба со граѓаните ќе продолжат да се надградуваат постојано и во иднина.