Контакт

Вести

Филипинската влада потпиша примирје со маоистичктите бунтовници

Објавено пред

Филипинската влада и маоистичките бунтовници во петокот потпишаа примирје на недоредено време во обидот да стават крај на судирите во оваа островска земја кои траат повеќе од половина век и во кои загинаа најмалку 40 илјади луѓе.

dobivaj vesti na viber

Норвешка, којашто беше земја домаќин на преговорите коишто започнаа во понеделникот, соопшти дека е постигнат голем напредок, бидејќи двете страни го потпишале примирјето на недоредено време. Станува збор за првите официјални преговори за запирање на овој судир уште од 2011 година.

„Постои јасен план за забрзување на мировниот процес“, изјави за Reuters Хозе Мариа Сисин, основач на Комунистичката партија кој живее во егзил во Холандија. Сисон додал дека договорот за прекин на огнот вклучува и распоред на разговорите за политичките, економските и уставните реформи, како и за начините за амнестирање на политичките затвореници.

Двете страни треба повторно да се сретнат во Осло на 8-ми октомври.

„Би сакал да им честитам на учесниците во преговорите коишто покажаа значителна флексибилност и желба за постигнување на оваа важна заедничка декларација“, изјави норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренде.

Норвешка во овие преговори ја им аулогата на посредник од 2001 година, Разговорите за постигнување мир инаку траат од 1986 година, а во 2012 година ги прекина поранешниот претседател Бенињо Акино, одбивајќи го барањето на бунтовниците да ги ослободи политичките затвореници.

Новиот филипински претседател Родриго Дутерте се обврза да ги запре герилските војни со комунистичките и со исламистичките бунтовници кои го попречуваат економскиот развој на земјата.

Военото крило на Комунистичката партија, кое се нарекува Војска на новиот народ, со своите три илјади војници, главно дејствува на истокот и југот на Филипини,

Паралелно со овие преговори траат и обидите за спроведување на мировниoт договор кој филипинската влада го договори со муслиманската бунтовничка група Исламски фронт за ослободување на Моро (MILF).

Филипини се една од двете азиски држави (заедно со малиот Источен Тимор) со претежно католичко население, но во јужниот дел на „земјата на седумте илјади острови“ муслиманите се мнозинство.

По децениите вооружен бунт во кои загинаа десетици илјади луѓе, Националниот ослободителен фронт Моро (MNFL) и филипинската влада во март 2014 година потпишаа мировен договор кој предвидува создавање автономен регион на југот од земјата која пет милиони муслимани ја сметаат за земја на своите предци. Нацрт законот за ова прашање се наоѓа во парламентот.

Договорот којшто го потпишаа преговарачите на филипинската влада и Муслиманскиот фронт на националното ослободуваwе (MNLF) претставува прв чекор кон ставањето крај на бунтот на муслиманските екстремисти од југот на Филипини во кој, според некои процени, до 1970 година загинале 150 илјади луѓе.

Потпишувањето на анексот за учеството на бунтовниците во локалната власт го осигурува остварувањето на вистинска автономија за провинцијата Бангсаморо. Анексот за поделбата на власта кој беше потпишан во неделата се смета за најтешкиот дел од преговорите со веќе остарените бунтовници од MNLF кои сакаат извесни овластување во идната автономна област Бангсаморо, којашто опфаќа области во коишто муслиманите се мнозинство во јужниот дел на Филипини.

Меѓутоа, во јужниот дел од Филипини активни се и други групи востаници коишто сакаат да се прогласи независност на јужниот дел на Филипини. Незадоволството на Фронт за национално ослободување на Моро е поради тоа што во октомври 2012 година владата во Манила потпиша мировен договор, но не со ова движење, туку со помоќниот Исламскиот ослободителен фронт на Моро (MILF) или подоцна Муслиманскиот фронт на националното ослободуваwе (MNLF).

Движењето MNLF одамна е главна движечка сила на југот од Филипини, коешто од 1974 година започна војна со владините сили и паравоените исламистички формации, но во 1996 година потпиша мировен договор со владата. Во 2001 година, лидерот на MNLF, Нур Мисуари се обиде да крене нов бунт против централната власт, но тој набрзо беше задушен. Самиот Мисуари побегна во Малезија, од каде беше екстрадиран во Филипини, каде што од 2002 година се наоѓа во затвор, но сé уште е влијателна фигура во муслиманскиот свет.

Кон средината на октомври 2012 година филипинскиот претседател Бенињо Акино и лидерот на Исламскиот ослободителен фронт на Моро (IMLF), Ебрахим Мурад, се сретнаа во претседателската палата во Манила. Овој договор се доживуваше како напредок кон ставањето крај на четириесетгодишните судири во коишто загинаа околу 150 илјади луѓе и во текот на кои беше разорена економијата на регионот.

Долгоочекуваниот договор започна со реализација на планот според кој ќе биде воспоставен нов автономен регион Бангсаморо во јужните области каде што доминираат муслиманите во оваа мнозински католичка земја, а би требало да се случи пред крајот на претседателскиот мандат на Бенињо Акино во 2016 година. Бангсаморо се однесува на муслиманските и немуслиманските малцински народи во јужниот дел од Филипини.

Договорот претставува важен напредок во довербата меѓу владата и сепаратистичкиот Исламскиот ослободителен фронт на Моро (MILF) кој долго време со сомневање гледаше на мотивите на централните власти во Манила во преговорите. Договорот беше постигнат на преговорите во малезиската престолнина Куала Лумпур на почетокот од октомври 2012 година, а со него ќе се формира 15-члена преодна комисија која до 2015 година треба да предложи закон со кој ќе се формира новиот ентитет, којшто ќе ја замени сегашната автономија на регионот. Новиот ентитет и неговите надлежности ќе бидат одредени со плебисцитарно усвојување на суштинскиот закон.

Овој муслимански регион ќе добие поголеми политички и економски овластувања, вклучувајќи и воведување данок кој би ја намалил владината помош, потоа поголем удел во приходите од природните богатства и поактивна улога во внатрешната безбедност.

Овие планови сѐ уште може да бидат попречени со евентуалното одвојување на радикалните исламистички групи од MILF и нивното продолжување на борбата во регионот во кој се забележани врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Закана за договорот претставуваат и можните кланови коишто имаат под контрола некои области и сега би можеле да почувствуваат дека е загрозено нивното политичко влијание.

По четирите децении судири и речиси 15 години преговори за прекин на насилствата, сите повозрасни припадници на MNLF, беа нестрпливи да ги видат резултатите од годините мировни преговори, сметаат аналитичарите. Челните луѓе на движењето, исто така, може да бидат мотивирани и со можностите за приходите од големите резерви нафта, гас и минерали во бунтовничките области, делот на вкупното минерално богатство на островот Миндао се проценува на 312 милијарди долари.

Една од најрадикалните и најмоќни групи коишто може да го загрозат мировниот договор е Абу Сајаф (Носители на мечот) која е основана на почетокот од 1990-те со средства добиени од ликвидираниот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Во почетокот на 2004 година групата го изврши најголемиот во историјата на Филипини терористички чин кога во воздух го крена ферибот „Superferry-14“, при што загинаа повеќе од 200 луѓе.

Абу Сајаф е најмалата но најборбена исламска бунтовничка група којашто е активна на југот на Филипини. Според филипинското разузнавање, Абу Сајаф брои околу 400 припадници. Сепак, според експертите, операциите против милитантите кои последниве неколку години филипинската армија и безбедносните сили ги водат советувани од американските воени советници, сериозно ја наруши способноста на екстремистите и натаму да извршуваат големи терористички напади.

Групата често прибегнува кон киднапирање за откуп поради финансирање на своите активности. Ако откупот не е платен на време, заложниците се погубуваат./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет52 минути

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет2 часа

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија4 часа

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија4 часа

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија7 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија8 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет8 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ8 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа12 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет12 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет13 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет13 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет13 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет1 ден

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија1 ден

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија1 ден

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија1 ден

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ1 ден

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија1 ден

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...