Култура
Скапино балетот покажа што е вистински современ танц

Седмото издание на „Танц фест“ Скопје започна синоќа со настапот на танчерите на модните студија „Мак Mоделс“, „Ребис“, „Еурека“, „Прима данца“, „Скопје денс академи“.
Седмото издание на „Танц фест“ Скопје започна синоќа со настапот на танчерите на модните студија „Мак Mоделс“, „Ребис“, „Еурека“, „Прима данца“, „Скопје денс академи“. Пред започнувањето на официјалниот дел од програмата, беше доделена и наградата „Менада“, за посебни достигнувања во областа на танцот, која оваа година отиде во рацете на Елисавета Кушовска. „Танц фест“ го отворија гостите од Холандија, Скапино балетот од Ротердам со делови од претставите „Бисвинг“, „Браво Чарли“ и „Холанд плус“. На сцената покажаа зошто се најдобрата компанија за современ танц од Холандија, бидејќи нивните тела и движења беа уметност сама по себе. Современ танц што се прикажа синоќа е добра лекција за идните поклоници на оваа уметност.„Ова е приказна без приказна. Се распространува во сите правци. Овој елемент е силен фактор и во Келнските концерти, музиката е на Кит Џерет која ја употребувам. Насловот „Браво Чарли“ има повеќе референци. Циркус, бар во Штутгард, театар, Виетнам и воената азбука,“ вели кореографот Марко Гоке кореографот на Браво Чарли.Ед Вуб кореографот на „Холанд плус“ и уметнички директор на Скапино балетот е еден од најсестраните холандски кореографи чија работа е следена од пошироката холандска публика. Во многу кореографии на Вуб тензијата е постигната преку содејствувањето на спротивности, што резултира во интригантен збир на слоеви. Музика, танц, декор и драма се комбинирани во неговата драмска продукција за да создадат нова современа целина. крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.