Забава
Во Бока Которска уловена ајкула од половина тон
На самиот влез во црногорскиот залив Бока Которска во четвртокот е уловена ајкула долга четири метри и тешка повеќе од 500 килограми
Станува збор за вид морско куче кој популарно се нарекува „главуч“ и еден од 26-видови гои се регистрирани во Јадранското Море.
„Во мрежата за паламиди која ја спуштивме во морето најдовме ајкула тешка повеќе од половина тон. Иако беше изморена од обидите да се ослободи од мрежата и не даваше поголем отпор, не можевме само да ја извлечеме па ни дојдоа на помош пријателите од Херцег Нови. Ја врзавме со јаже за бродот и ја довлековме во малото пристаниште Роса, а потоа со багерот ја извлековме на копното“, вели Давор Лакичевиќ кој заедно со татко му и браќата го уловија овој редок примерок.
Инаку станува збор за познато рибарско семејство од Бијелила, на кое ова му е најголемиот поединечен лов. Најавуваат дека дел од ловот ќе заврши на менито од нивниот ресторан а дел на пазарот.
Последен пат ајкула во Бока Которска е уловена пред пет години, речиси на истото место како и сега. Тогаш беше уловен примерок од видот „модруљ“ долг 3,5 метри и тежок повеќе од 100 килограми.
Ајкулите ретко влегуваат во заливот Бока Которска бидејќи. Според морските биолози, тој е многу тесен за овој вид./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ким Кардашијан ги шокираше луѓето со фустан на Мет Гала: „Како може воопшто да дише во ова?
Синоќа се одржа овогодинешната Мет Гала, најпрестижниот моден настан во светот, а меѓу многуте ѕвезди се најде и Ким Кардашијан чиј фустан привлече големо внимание.
Имено, Ким се појави во проѕирен сребрен фустан од Џон Галијано, кој вклучува корсет и е украсен со листови. Корсетот привлече големо внимание кај луѓето на социјалните мрежи, а многумина се прашуваа како ријалити ѕвездата успеа да се вклопи во него. Некои коментираа дека ги извадила ребрата за да изгледа што послабо, а многумина се загрижиле за нејзиното здравје бидејќи не разбирале како дише во тесен корсет.
I can’t wait for someone interview Kim so I can watch her try to take enough air into her diaphragm to say a sentence #MetGala pic.twitter.com/BywGAH2HEC
— Libby (@Libbotomy) May 7, 2024
„Едвај чекам некој да ја интервјуира Ким за да можам да ја гледам како се обидува да внесе доволно воздух во нејзината дијафрагма за да каже реченица“, коментира еден корисник. “Како дише Ким Кардашијан? Нејзиниот струк изгледа толку мал”, рекол друг. „Половината на Ким Кардашијан е апсурдна. Нема да бидам хејтер, но всушност е загрижувачка, особено кога луѓето сакаат да бидат како неа“, напиша трет.
“Ким Кардашијан изгледа како да не може да дише. Тој корсет изгледа толку непријатно, но изгледа добро”, “Не ми се допаѓа Ким Кардашијан и не ми е гајле за неа, но тој корсет мора да боли како пекол” беа некои од коментарите.
Инаку, овогодинешниот официјален дрес код за настанот беше – градина на времето. Темата го добила името по расказот на британскиот писател Џ.Г. Балард од 1962 година, сместен во градина исполнета со проѕирни цвеќиња кои манипулираат со времето. Како и претходните години, така и оваа, црвениот тепих на њујоршкиот музеј на уметност, Метрополитен беше преплавен со прекрасни креации кои тешко може да се видат на друго место.
Забава
Модни киксови на Мет гала – од мрежа за комарци на главата до фустан балон
Мет гала долго ќе се памти по најдобрите изданија на црвениот тепих од синоќешната церемонија во музејот „Метрополитен“ во Њујорк, но и по модните грешки. Не е тешко да се згреши на модниот настан на годината, критериумите се високи, а модните предизвици во форма на темата на настанот и кодексот на облекување честопати се премногу напорни.
Во исто време, модната ревија е под лупа и од љубители на модата и разни критичари, а конкуренцијата е исклучително силна.
Амелија Греј Хамлин со фустанот балон влезе во листата на модни неуспеси на Мет гала 2024 година. Сара Џесика Паркер носеше сличен крој на Мет гала и доби главно позитивни критики.
Пејачката Лана дел Реј се појави во необично модно издание, кое се споредува со мрежа за комарци. Музичката ѕвезда со прекрасен глас се водеше од принципот на ексцентричност што го сака Мет гала. Настанот бара и костими, па дури и малку бизарност, но сето тоа треба да биде дозирано.
Пејачката Дуа Липа се појави во костим како од „Мулен руж“, а погледот одзади ѝ ја открива тангата.
Ниту на Кара Делевињ, чиј дел од облеката е направен од кристали, не ѝ појде од рака, па влезе во листата на модните грешки.
Забава
(Видео) Украинската претставничка падна на евровизиската сцена: имаше голем пех пред полуфуналето
Снимка од познатата украинска раперка ги обиколи социјалните мрежи.
Аљона Аљона и Џери Хејл, кои годинава ја претставуваат Украина на Евровизија, имаа лоша среќа на една од пробите. Додека Џери пееше, раперката Аљона Аљона почна да излегува на сцената за да си го одработи својот дел, а потоа се сопна и падна на бината.
oh HELL NO….. pic.twitter.com/74rCHG2L4S
— 𝐊𝐇𝐀𝐂𝐇𝐎 🇦🇲🇺🇦 (Jerry Heil's husband) (@KUNT60D41N) May 6, 2024
Видеото се појави на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен „Твитер“).
Инаку, Украина има големи шанси да се пласира во финалето и важи за еден од главните фаворити за победа оваа година. Обложувачниците им предвидуваат трето место, но ситуацијата се менува од час на час. Сепак, пред тоа треба да го минат првото полуфинале, кое се одржува вечерва.
Вечерва, покрај Украинките, ќе настапат и претставници на Кипар, Литванија, Ирска, Полска, Хрватска, Исланд, Словенија, Финска, Молдавија, Азербејџан, Австралија и Луксембург.
В четврток ќе настапат натпреварувачи од Малта, Албанија, Грција, Швајцарија, Чешка, Австрија, Данска, Ерменија, Латвија, Сан Марино, Грузија, Белгија, Естонија, Израел, Норвешка и Холандија.
Директни финалисти се Велика Британија, Италија, Германија, Франција, Шпанија и домаќинот Шведска.