Контакт

Култура

Почина режисерот Петар Вечек неколку часа пред премиерата

Објавено пред

Во саботата во Загреб починал режисерот Петар Вечек неколку часа пред премиерата на претставата „Аматери“, јавува агенцијата Hina повикувајќи се на театарот КНАП во кој требаше да се одигра претставата

dobivaj vesti na viber

Инаку со претставата „Аматери“, требаше во саботата во загрепскиот театар КНАП требаше да се одбележи 40-годишнината од режисерската работа на Петар Вечек. Вечек е роден 1942 г. во Загреб каде што дипломирал во 1971 г. на Академијата а театарска  уметност на која до 1976 г. бил асистент на отсекот за актерство. До 1983 г. бил директор на театарот во Вараждин до 1986 г. на загрепскиот театар Гавела. Од 1985. до 1986 г. Вечек беше програмски директор на знаменитите Дубровнички летни игри Вечек режирал повеќе од 130 театарски претстави во сите хрватски театри, како и во Скопје, во Љубљана, Марибор, Нови Сад, Белград, но и во Европа, како на пример во Рим и во Париз. Исто така тој е потписник на педесетина театарски сценографии, а режирал и неколку телевизиски драми и документарни филмови.Негови најпознати претстави се „Кажувај ми за Августа“ на познатиот хрватски автор Лука Паљетак, Гогољевите „Галебот“ и „Вишновата градина“, „Хрватски Фауст“ на Слободан Шнајдер, како и повеќе дела на Шекспир, Крлежа и Брехт. Носител е на повеќе значајни театарски награди на територијата на поранешна југословенска држава, како што се Стериината награда во Нови Сад, Златниот ловоров венец на МЕС во Сараево и неколку награди на Гавелините вечери во Загреб.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Погребана Габи Новак, на легендарната пејачка и’ беше исполнета последната желба

Објавено пред

Легендарната пејачка Габи Новак, чиј глас ги одбележа животите на генерации низ цела поранешна Југославија, почина на 11 август.

dobivaj vesti na viber

Габи Новак беше погребана во Мирогој во семејната гробница. Нејзиниот погреб беше одржан во понеделникот во кругот на семејството, во крематориумот во Загреб, во согласност со нејзините желби, јавуваат денес хрватските медиуми.

Нејзината урна беше поставена во семејната гробница во Мирогој, каде што беа погребани нејзиниот сопруг Арсен Дедиќ, синот Матија Дедиќ и мајката Елизабета Рајман.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложбата „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ на Лазе Трипков во рамките на Струшките вечери на поезијата

Објавено пред

Во рамките на програмата на 64-тите Струшките вечери на поезијата во хотел Дрим беше отворена изложба „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ – Лазе Трипков, кој е и автор на визуелните материјали, плакатот и изложбениот материјал на ова Фестивалско издание.

dobivaj vesti na viber

На изложбата претставени се 10-тина графички дизајнирани плакати со македонската глаголица.

„Моите дела се одредена рефлексија на тоа што треба да претставува самиот знак. Кога ќе го погледнете плакатот треба да пробате да ја разберете логиката на знакот. Тоа не се хиероглифски форми. Тоа се форми кои метафорички ја пренесуваат суштината на Библијата. Аз буки вједи, добро јест живјети, значи оној кој ги разбира буквите, знае да ги препознае и зборовите и ќе биде поблиску до Бога и ќе живее. Тоа била практично, нашиот живот е толку испревртен, предоминантен со технолошки оптеретувања, а тие едноставно пришле на тоа со голема логика и сенс. Со многу широко разорање направиле еден знаковен систем кој требало да ги образува сите словени“, вели Трипков.

Глаголицата за него, не е само елемент кој што живее во форма на изложба, туку глаголицата од пред три години ја префрлил во виртуелна реалност.

„Сметав дека начинот на кој што таа ќе кореспондира со публиката ќе биде подобро за директно да се доживее да се транскрибира тоа чуство, таа емоција која што таа ја носи до секој поединец што ќе го користи виорот. Со тимот на Галактик Омнивор ја развивме целата таа идеја. Заинтресираните имаа можност преку уред, очила да го доживеат тоа чуство од 9-ти век. Идејата е да се вратиме назад во 9 век со историски контекст, но со современа димензија која ќе може повеќе да го приближи на нашите денешни согледувања. Со виртуелната реалност сакаме да предложеме еден поинтерактивен пристап каде ќе кажеме дека уметноста и културното наследство одат рака под рака со технологиите. Ако не ги пратиме технологиите можеме и назад да останеме“, дециден е авторот.

Прикажи повеќе...

Култура

Свечено отворени 64. Струшки вечери на поезијата

Објавено пред

Од

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчера вечер во Домот на поезијата во Струга почна 64-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот за отворен го прогласи, покровителот на манифестацијата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а свои обраќања имаа и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата Никола Кукунеш.

Кукунеш потсети дека неслучајно визуелниот фокус е ставен на глаголицата, нагласувајќи ја буквата „Г“, која во тоа писмо е именувана како „глаголи“ – што значи зборува/говори.

„Пред нашите очи, со сиот свој пркос, се појавува сликовната страна на старословенскиот јазик – јазикот кој го зборувале Македонците од околината на Солун, т.е. јазикот на сесловенската писменост. Јазикот за кој како по зрак светлина или душевна храна пекале Словените во Моравија и Панонија. Во еден од првите оригинални текстови на старословенски јазик, „За буквите“ – поптпишан со псевдонимот Црноризец Храбар, стои: „Порано Словените немаа букви, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа…“ Сѐ до оној момент кога браќата Свети Кирил и Методиј ја создале глаголицата, ги превеле првите книги и тргнале да ги описменат Словените на север. Тоа значи дека јазичната и културната врската меѓу Македонија и Словачка е нераскинлива цели 1162 години, очигледно е дека трае и денес, а доказ за тоа е годинешниот лауреат на „Струшките вечери на поезијата„ – словачкиот поет, г-н Иван Штрпка“, додаде Кукунеш.

Големите идеи кои потекнуваат од малите народи и малите јазични средини забележа дека се честа мета на оспорувања или присвојувања.

„Таква е судбината и на македонскиот јазик. Но, факт е дека постоењето на Охридскатакнижевна школа и Светиклиментовиот универзитет не можат да бидат приграбени од никого, затоа што ги обединува глаголицата и се директно продолжување на килилометодиевската традиција – нешто со кое можат да се идентификуваат мал број средновековни писмени центри. Ова е уште еден од низата докази дека македонскиот јазик и писменост се уникатна појава и дека беспредметна е секоја полемика по ова прашање. Богатата препишувачка дејност, но пред сѐ, авторската полемична и поетска оставнина се бесмртно сведоштво дека ниту сме биле епигони, ниту сме се идентификувале со нешто туѓо“, подвлече Кукунеш.

Претседателката на државата Сиљановска-Давкова навраќајќи се на почетоците на формирање на Струшките вечери на поезијата во 1961 година, пред 64 години, кога група македонски поети се собрале во Струга, за да ја одбележат 100-годишнината од објавувањето на Зборникот на браќата Миладиновци, изрази увервање дека по 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата, Струга, но и светот ќе бидат поинакви.

„Фокусирањето на глаголицата води 1160 години назад, кон старословенскиот јазик и огромната обединувачка улога на сесловенските просветители Кирил и Методиј, кон писменоста и нејзината најблиска другарка – поезијата. Ова е вашата поетска република. Од тука, од Струга, вие сте го менувале и сѐуште можете да го менувате светот, градејќи вечни поетски мостови од неуништливи материјали: мислата и зборот, проткаени со ум и чувства“, рече претседателката на Република Македонија.

Добре дојде во Струга, на присутните поети на 64-тите Струшки вечери на поезијата им посака и министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

„Ова издание на фестивалот е осветлено од знакот на глаголицата, писмото што ни ја подари светлината на словото. Таа е нашата културна душа, сведоштво за нашата историја и наша врска со иднината. Затоа, во годината кога одбележуваме 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, со особена гордост се навраќаме кон првата искра, кон буквите што се претворија во корен, идентитет и вечност.За нас е голема чест што е вечерва со нас г. Иван Штрпка, легендата на словачката поезија и мајстор на зборот, кој потенцира дека „глаголицата не е само писмо, туку душа на зборот“. Поезијата и глаголицата се како два извора што паралелно течат низ времето: едниот нѐ потсетува на корените, другиот нѐ води кон бескрајот. Во секој стих, како и во секој глаголски текст, се крие светлина што ги осветлува нашите души и ги поврзува со сите генерации“, рече Љутков.

 

Манифестацијата продолжува со Меѓународното поетско читање „Меридијани“, на кое ќе настапат поети од различни меридијани и култури, пренесувајќи ја својата поетска мисла во градот на мостовите.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го...

Македонија2 часа

Документацијата за Стоматолошката комора стигна во рацете на Обвинителството

Министерството за здравство соопшти дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите што вршеле надзор над работата на Стоматолошката...

Македонија3 часа

Поместени границите во ортопедската трансплантација – извршена најсложената трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија...

Регион4 часа

Политичар почина на плажа на Халкидик

Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен генерален секретар на парламентарната група на Нова демократија, почина ненадејно...

Македонија5 часа

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ6 часа

Отворена истрага: уапсен 27-годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет6 часа

Ким Џонг-ун на колена: првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет7 часа

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо, освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Македонија7 часа

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Култура7 часа

Свечено отворени 64. Струшки вечери на поезијата

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчера вечер во Домот на поезијата во Струга...

Македонија19 часа

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија20 часа

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија22 часа

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија22 часа

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија22 часа

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија1 ден

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ1 ден

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија1 ден

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија1 ден

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија1 ден

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...