Забава
Лондонски Биг Бен ќе биде преименуван во чест на кралицата Елизабета Втора
Познатата лондонска кула Биг Бен крај зданието на парламентот на Велика Британија во Лондон, ќе биде преименувана во Кулата на Елизабета, во чест на 60-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета II, пренесува Reuters повикувајќи се на претставник на Долниот дом на британскиот парламент.
„Комисјата на Долниот дом го одобри предлогот за преименување на кулата со часовникот во „Кулата на Елизабет, во спомен на ‘дијамантскиот’ јубилеј од владеењето на Нејзиното Височество и ќе го организира спроведувањето на оваа одлука, како што се прави во вакви случаи“, изјавил соговорникот на агенцијата.
На 16-ти јуни во Лондон се одржа традиционалната годишна парада по повод одбележувањето на официјалниот роденден на кралицата Елизабета Втора. Таа е само вториот монарх во британската историја, којашто прослави 60-годишнина од доаѓањето на престолот.
Елизабета Втора е родена на 21-ви април 1926 година, но нејзиниот роденден се одбележува во Велика Британија двапати годишно, на самиот ден и традиционално секоја трета сабота од јуни, поради временските услови коишто овозможуваат одржување на раскошната и импозантна парада во центарот на Лондон. Вистинскиот роденден Елизабета Втора обично го одбележува во кругот на семејството.
„Мислам дека тоа ќе биде достојно признание за кралицата во оваа јубилејна година, за нејзините услуги во земјата“, ја цитира во вторникот Reuters изјавата на британскиот премиер Џејмс Камерон.
Кулата Биг Бен е дел од архитектонскиот комплекс на Вестминстерската палата. Познатиот часовник, кој се наоѓа на 55 метри над земјата, се смета за најголемиот во светот. Во основата на секој од четирите бројчаници е вгравиран латинскиот натпис „Domine salvam fac Reginam nostram Victoriam Primam“ („Боже, чувај ја нашата кралица Викторија Прва“).
Според една од верзиите, своето име лондонската кула со часовник го добила според името на Бенџамин Хол, еден од раководителите со реставрацијата на зградата на британскиот парламент по големиот лондонски пожар. Во 2008 година, популарната кула со часовник беше прогласена за најпопуларната атракција во Велика Британија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

