Македонија
Македонија во сабота во портокалова фаза, од недела заладување
Поголем дел од Македонија во саботата се наоѓа во портокалова фаза, со сончево и многу топло време до раните попладневни часови, а подоцна во западните делови ќе настапи мала до умерена облачност.
Дува умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер, а дневната температура се движи од 32 до 38 Целзиусови степени.
Во Скопје преовладува слично време, а попладнето ќе настапи мала до умерена облачност. Дува умерен западен ветер. Дневната ќе се искачи до 38 степени.
Од недела попладне се очекува значителна промена на времето со зголемена облачност, локален дожд и умерен до засилен западен ветер над 60 километри на час кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика осетно опаѓање на температурата, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Заладувањето ќе биде поизразено во северните делови од земјата, а во останатите подрачја ќе се почувствува од понеделник, кога ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди.
Дневната температура ќе биде пониска за околу шест до седум степени во однос на денешната и ќе се движи од 24 до 30 Целзиусови степени, а слични температури се очекуваат и во текот на целата седмица. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

