Македонија
Работната група ќе разговара за специјалниот обвинител
По завршувањето на состаноткот на работната група за излез од политичката криза, составена од претставници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, за спроведување на договорот од Пржино, во понеделникот никој не откри детали, а во вторник продолжува расправат за специјалниот обвинител.
По средбата, која во Клубот на пратеници траеше пет часа, претставниците на партиите не дадода изјави за медиумите. Зад затворени врати состанок имаа Никола Попоски и Никола Тодоров од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски од опозициската СДСМ, Муса Џафери и Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, а присуствуваше и белгискиот европратеник Питер Ван Хојт. Како што се дознава неофицијално, партиските претставници успеале да ги доближат ставовите по прашањата поврзани со пречистувањето на избирачкиот список и со зголемувањето на надлежностите на Државната изборна комисија, а за вторник езакажана средба на работната група, на која треба да се дискутира само за специјалниот обвинител. Претставниците не успеале да ги доближат ставовите за гласањето на дијаспората.За вторник е закажана средба на работната група на чиј дневен ред ќе биде специјалниот јавен обвинител.Според договорот од Пржино специјалниот јавен обвинител ќе треба да ги истражува сите сомневања што произлегуваат од прислушуваните разговори на високи државни функционери, кои ги објавува опозицијата од февруари годинава. Медијатор за оваа тема е ирскиот експерт Џејмс Хамилтон. Специјалниот јавен обвинител треба да биде избран најдоцна до 15 септември, две недели по враќањето на опозицијата во Собрание.Опозицијата најави дека материјалите од прислушуваните разговори ќе ги предаде на новиот специјален обвинител кој според договореното треба да има целосна автономија во своето работење, стручен тим соработници и да не биде временски ограничен./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

