Култура
„Локомотива“ со бројни меѓународни гостувања и претстојни проекти
Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ ги претстави нивните меѓународни гостувања и претстојни проекти во Скопје
Акцентот беше ставен на гостувањето на Искра Шукарова со нејзиниот проект „Формула“ во Истанбул, Севиља и Загреб, потоа Номад танц академијата како дел од проектот „Градина на Европа“ и фестивалот „4 Синхорнизирани градови“ кој во Скопје треба да се случува од 15 до 18 декември.„Делото „Формула“ македонската публика го виде пред две години во фаза на изработка. Од тогаш до денес беше претставено на неколку важни фестивали во странство и регионот меѓу кој и на „27-Тједан Сувременог Плеса“, во Загреб. Многу е важно да се биде учесник и дел од современата светска сцена, а не да се дејствува само локално. Делото доби многу позитивни критики на гостувањето во Севиља.,“ изјави кореографот Искра Шукаорова која од 1 до 3 декември ќе биде претставник од Македонија, во улога на селектор за програмата на Балканска танц платформа-биенале за современ танц кој ќе се одржи во Љубљана во април идната година. Претставникот од Македонија ќе се знае наредниот месец. Шукарова најавува и нов проект кој треба да го реализира во МОБ.Номад танц академија е дел од проектот „Градина на Европа“ за критичко промислување кое се однесува на аспектите на позиционирањето и гледањето на современиот танц во изведувачките дела. Оваа академија доделува награда која е прва Европска награда за современ танц и перформанс уметност.„Современиот танц ми е интересен како своевиден феномен. Повеќе го перципирам како начин на мислење отколку како движење на телото. Победниците Мариа Барончеа, Едвард Габиа и Драгана Булут со својата претстава дадоа еден поглед на светот-односно регионот кај нас и даваат одговор на прашањето за нешто кое се случува тука и сега,“ изјави режисерот Дејан Дамјановски кој беше дел од меѓународното жири.Фестивалот за независен филм и визуелни уметности „Четири синхронизирани градови“ обединува четири града Приштина, Амстердам, Сараево и Скопје. Целтa е создавање услови за континуирана размена на информации и знаење за новите уметнички и културни реакции на Балканот и Западна Европа во доменот на независниот филм и визуелни уметности, чии креатор е младата генерација на уметници и културни работници. По прикажувањето на фестивалот во Приштина, Амстердам и Сараево во Скопје ќе се одржи од 15 до 18 декември. Фестивалот ќе понуди филмска програма, изложба на современи уметнички креации, презентации и отворена дискусија, музичка програма.Номад танц академија ќе остварат соработка и со Нордискиот регион, па така од 4 до 11 декември ќе присуствуваат во Стокхолм каде што ќе остварат бројни средби со институциите кои се дел од современата изведувачка сцена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.
Култура
Концерт на Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки и Дино Имери во Музејот на македонската борба
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.
Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско присуство, а критиката и публиката го вбројуваат меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Заедно со Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, тие носат концертна вечер од врвен уметнички ранг.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од: Бетовен, Шнитке, Шуман, Дебиси, како и композиции од Имери Илкоска, носејќи свеж и современ израз во концертната вечер.
Концертот е со слободен влез, претставувајќи ретка можност за љубителите на класичната музика да доживеат висок уметнички квалитет и инспиративна интерпретација.

