Македонија
Млади од Африка, Азија и Европа учат да развиваат мобилни апликации во Скопје
Дваесет и пет млади од Африка, Азија и Европа учествуваат на меѓуконтинентален проект за мобилно учење и нови технологии кој се одржува во Скопје, а е организиран од Асоцијацијата за едукација Младиинфо интернационал.
Меѓу учесниците на проектот „Мобилни млади: можности, техонологија, и поддршка за здружени мобилни млади“ (mYouth: Mobile, Youth, Opportunitiy, Unity, Technology, Help) се млади таленти за нови технологии од Хонг Конг, Сингапур, Сенегал, Гана, како и од европските земји: Италија, Шпанија, Бугарија, Полска, Австрија и Македонија. Во рамки на проектот, тие ќе работат на мобилни апликации со кои сакаат да придонесат кон решавањето на некаков општествен проблем или да остварат општествено влијание. Во Скопје, учесниците посетуваат тренинг за интеркултурно учење, тренинг за развој на мобилни апликации, како и тренинг за бизнис модели за мобилни апликации во соработка со Hub Skopje. Мобилните апликации кои младите ќе ги подготват за време на својот престој во земјава, ќе се натпреваруваат за Европската награда за млади (European Youth Award: http://www.eu-youthaward.org/) која секоја година наесен се одржува во Грац, Австрија. Во рамки на доделувањето на наградите ќе има и посебен гала настан на кој ќе се промовира проектот и ќе бидат поканети учесниците. Младите кои не доаѓаат од Европа ќе аплицираат за учество на Светската награда за млади (World Youth Summit Award: http://www.youthaward.org/), чија цел е поврзување на младите дигитални претприемачи кои со помош на интернет и нови технологии помагаат при остварувањето на целите на Обединетите Нации за одржлив развој (www.youthaward.org/united-nations-sustainable-development-goals). Учесниците на тренингот во Македонија беа избрани како победници на локалните кампови за развој на мобилни апликации кои се одржаа во нивните земји во периодот март-мај 2016. Целиот проект за градење на капацитети вклучува 10 организации и повеќе од 200 млади и е финансиски поддржан од Европската програма Ерасмус Плус. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

