Забава
Доби на лотарија и на омилениот клуб му купи играч

Добитникот на рекордниот износ на Eurojackpot лотаријата во Норвешка се решил на за многумина изненадувачки и бизарен потег, но вистински за фудбалските фанови, купувајќи му играч на клубот за кого навива.
Ингвар Боргесен, среќниот добитник на премијата од околу 102 милиони норвешки круни или 13,36 милиони евра како голем симпатизер на норвешкиот прволигаш Одд Гренланд, се решил да му помогне на омилениот клуб. Боргесен донирал околу 328 илјади евра за најдобриот фудбалер на клубот бекот Фредрик Семб Берге, да остане во клубот кој во моментов го зазема 14-то од 16-те места и се бори за опстанок во Норвешката лига.
„Седев и размислував што можам да сторам на локално ниво, а одговорот беше Одд. Тие имаат добар имиџ и многу значат за локалната заедница. Сакав да му помогнам на клубот кој го сакам и на локалната заедница“, вели Боргесен за локалниот весник Verdens Gang.
Овој подарок би можел да му донесе и заработка. Имено, сега нему и официјално му припаѓа четвртина од износот на идниот трансфер на 23-годишниот Семб Берге, кому цената му се зголеми од јануари кога настапи против селекцијата на Јужна Африка годинава со што стана и сениорски репрезентативец на Норвешка.
„Тој е многу фино момче коешто смета е добро да се помага, и сметам дека тоа е позитивно. Тоа значи дека Одд може да добие повеќе пари за мене, и дека не мора да ме продадат по секоја цена“, вели фудбалерот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.