Култура
Циклус филмови на Вим Вендерс

На 22 септември (среда) Кинотеката на Македонија во соработка со Гете институт започнува со циклусот Вим Вендерс, а воедно двете институции распишуваат и конкурс за краток игран филм со главна награда присуство на филмскиот фествал во Минхен
Филмовите кои ќе бидат испратени на конкурсот на Кинотеката и Гете институтот кој има цел да ги поттикнеме и мотивираме младите филмски автори на снимање филмовитреба да се посветени на филмовите на Вим Вендерс и неговата естетика. Проектот Вим Вендерс е замислен како проект во кој на двапати ќе бидат прикажани 11 филмови од Вендерс, првиот дел со пет филмови и вториот дел со шест филмови, и дополнително еден документарен филм за Вендерс. По првиот дел и објавувањето на конкурсот за филм-посвета и по евалуацијата на пристигнатите филмови, ќе биде организиран вториот дел со проекции на филмовите на Вендерс, но и со проекции на филмовите кои ќе пристигнат на конкурсот. По разгледувањето на филмовите, ќе бидат доделени наградите, меѓу кои и горенаведената. Конкурсот ќе биде објавен во каталогот за настанот.Циклусот филмви ќе започен на 22 септември (среда) во 20 часот, со „Буква на срамот“(Der scharlachrote Buchstabe/ The Scarlet Letter) игран филм, во копродукција на тогашна Западна Германија и Шпанија од 1973 г. Сценариоото е на Танкред Дорст, Урсула Ехлер (Tankred Dorst, Ursula Ehler), директор на фотографијајата е Роби Милер (Robby Müller), а улогите ги толкуваат Сента Бергер, Ханс Крисиан Блех, Лу Кастел, Јелена Самарина, Јела Ротландер (Senta Berger, Hans Christian Blech, Lou Castel, Yelena Samarina, Yella Rottländer).На 23-ти о.м. (четврток) 20 ч. „Алис во градовите“, (Alice in den Städten/Alice in the Cities). игран филм, Западна Германија, 1974. Сценарио: Вим Вендерс, Веит вон Фурстенберг (Veith von Fürstenberg), директор на фотографија: Роби Милер (Robby Müller), сктери: Рудигер Волер, Јела Ротландер, Лиза Кројцер, Еда Кохл, Ернест Боем (Rüdiger Vogler , Yella Rottländer, Lisa Kreuzer, Edda Köchl, Ernest Boehm);На 24-ти септември (петок) во истиот термин е проекцијата на „Кралеви на патот“ (Im Lauf der Zeit/ Kings of the Road), игран филм, Западна Германија, од 1976. Сценарио: Вим Вендерс (Wim Wenders),директор на фотографија: Роби Милер, Мартин Шафер (Robby Müller, Martin Schäfer), актери: Рудигер Волер, Ханс Зихлер, Лиза Кројцер, Рудолф Шиндлер, Маркард Бом (Rüdiger Vogler, Hanns Zischler, Lisa Kreuzer , Rudolf Schündler , Marquard Bohm); На 25-ти (сабота) ќе може да го погледата „Американскиот пријател“ (Der amerikanische Freund / The American Friend), игран филм, Западна Германија/Франција, 1977 г.. Сценарио: според романот на Патриша Хајсмит, Вим Вендерс (Patricia Highsmith, Wim Wenders), директор на фотографија: Роби Милер (Robby Müller), актери: Денис Хопер, Бруно Ганц, Лиза Кројцер, Жерар Блан, Николас Реј(Dennis Hopper , Bruno Ganz , Lisa Kreuzer , Gérard Blain, Nicholas Ray);На 26 септември (недела) во 20 часот ќе се следи „Како стојат работите“ (Stand der Dinge / The State of w:st=”on”Things), игран филм, Западна Германија/Португалија/САД, 1982 г. Сценарио: Роберт Крејмер, Џош Валас, Вим Вендерс (Robert Kramer, Josh Wallace, Wim Wenders), директор на фотографија: Анри Алекан, Фред Марфи, Мартин Шафер (Henri Alekan Fred Murphy Martin Schäfer), актери: Изабел Вајнгартен, Ребека Паули, Џефри Ким, Џефри Кари, Камила Мора-Шеихинг (Isabelle Weingarten, Rebecca Pauly, Jeffrey Kime, Geoffrey Carey, Camila Mora-Scheihing)На 27.09.2010 (понеделник) во 20 часот, „Раните години на Вим Вендерс“ (Von einem der auszog – Wim Wenders ‘frühe Jahre/ One Who Set Forth: Wim Wenders’ Early Years), документарен филм, Германија, 2007 г., режија: Марсел Вен (Marcel when), сценарио: Марсел Вен (Marcel when), директор на фотографија: Сара Ротер (Sarah Rotter), во филмот учествуваат: Еда Кошл, Лиса Кројцер, Јела Ротландер, Роби Мулер, Бруно Ганц, Хелмут Фарбер и други. (Edda Köchl, Lisa Kreuzer, Yella Rottländer, Robby Müller, Bruno Ganz, Helmut Färber).Вим Вендерс е роден на 14. август 1945 г. во Дизелдорф, како Ернст Вилхелм Вендерс. Кога имал шест години, родителите му подариле стар рачен кино проектор и стари филмови на Чарли Чаплин и Бастер Китон. На десетгодишна возраст, секој од филмовите го имал гледано по илјада пати. Подоцна, во младоста, многу го привлекува американската култура, особено филмовите и рок-музиката. На 18-годишна возраст почнува студии по медицина во Минхен, кои набргу ги напушта, па студии по философија и социологија во Дизелдорф, кои исто така бргу ги напушта за да му се посвети на сликарството, што е причина за преселба во Париз. Таму работи како гравер во работилница на Монмартр и секоја вечер ги посетува кино-салите на Француската кинотека, на чии чело во тоа време се наоѓа легендарниот Анри Ланглоа, кому подоцна Вендерс ќе му го посвети филмот „Пријател од Америка“. За една година во Париз, Вендерс успева да види повеќе од илјада филмови, пред сè вестерни и американски комедии. Во 1967 г. се враќа во Германија и почнува поинтензивно да се занимава со филм. Во Минхен, посетува предавања на Високата школа за телевизија и филм, и редовно пишува филмски критики во специјализираната ревија Филмкритик и во дневниот весник Суддојче Цајтунг. Во тој период почнува да снима и кратки филмови, кои претставуваат дел од т.н. „Минхенска школа“ и воедно, вовед во т.н. „Нов германски филм“. Во 1970 г. го режира својот дебитантски игран филм, „Лето во градот“, што означува почеток на една успешна кариера, која е крунисана во 1981 г. со Златен лав во Венеција за филмот „Состојба на нештата“, со Златна палма во Кан, во 1984 г., за „Париз, Тексас“, наградата за најдобра режија во Кан, во 1987 г. за „Небото над Берлин“ и со уште многу други меѓународни награди и признанија. Во 1989 г. Вендерс станува почесен доктор на Сорбона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов изложуваат во Грција

Вечерва, со почеток во 20 часот, во главниот град Хора, на островот Андрос, свечено ќе биде отворена изложбата на првата интернационална уметничка работилница со наслов „Поистоветени со хоризонтот“ (“Aligned to the horizon”).
Во текот на јуни, девет меѓународни уметници: Сергеј Андреевски (Скопје), Ан Лизе Бројер (Париз), Стано Бубан (Братислава), Маријана Кацарас (Тунис), Маркос Хаџипатерас (Лондон – Атина), Никола Пијанманов (Струмица), Герлинде Пистнер (Нирнберг), Кристина Рахме (Бејрут) и Карла Салем (Лондон – Бејрут) се нурнаа во пејзажот, архитектурата и приказните врежани во камењата и древните патеки на Андрос – и ги трансформираа овие средби во уметнички дела за време на нивниот престој во резиденцијата „Амалија Гарденс“ во Витали, Андрос.
Сместена во историска зграда во Хора, изложбата ќе биде отворена до 31 август, поканувајќи ги и локалното население и посетителите да се вклучат во уметнички дела создадени во директен дијалог со островот. Поканетите уметници имаа средби со вистинските чувари на наследството на Андрос – локалните производители и жители – и истражуваа пејзажи што носат силни траги од човечко присуство низ вековите: антички камени тераси што ги обликувале полињата, вековни маслинови градини, камени фарми и традиционални пешачки патеки. Преку оваа интеракција со островот и неговите жители, уметниците беа поканети да размислуваат за тоа како овие елементи служат како живи сведоштва за долгогодишна, хармонична врска меѓу луѓето и нивната околина; Како минатите начини на живот можат да се прилагодат на денешната реалност и каква улога може да игра уметноста во усогласувањето на наследството на островот со современите ритми?
Целта на резиденцијата и изложбата е да се истакне безвременската релевантност на традициите на островот Андрос – не како реликвии од минатото, туку како вредни ресурси за сегашноста.
Иницијативата ја спроведува здружението „Амалија Гарденс AMKE“, основано од архитектите и дизајнерите Харис Савидис и Пени Валсамиду. Името на организацијата ѝ оддава почит на Амалија Атанасиу, последната жителка на напуштената населба Калокаирини, со цел да ја оживее како нов центар на уметничка креативност. Резиденцијата „Амалија Гарденс“ има за цел не само да ја промовира современата визуелна уметност, туку и да поттикне значаен дијалог меѓу уметниците и културното наследство на островот. Преку оваа размена, програмата се стреми да создаде жив дијалог што ќе остави траен отпечаток врз сегашноста и иднината на Андрос.
Култура
„Јон Вардар против Галаксијата“ овој викенд на Grossmann Fantastic Film & Wine Festival во Словенија

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ во сценарио и режија на Гоце Цветановски ќе биде прикажан на 21. издание на Фестивалот за Фантастични филмови и вино во Љутомер, Словенија. Проекцијата е закажана за сабота, 5 јули во Домот на културата.
Интересно е што фестивалот, покрај внимателно селектираната програма од жанровски филмови, има и посебен фокус на виното. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни вина за време на фестивалските настани, создавајќи уникатно искуство кое ги спојува филмот и винската култура.
„Овој фестивал за мене има посебно значење, затоа што во 2016 година гостував со краток анимиран филм и тогаш ја имав честа да се запознаам со Јан Харлан, продуцентот на Стенли Кјубрик – еден од моите омилени режисери, чие влијание може да се забележи во повеќе сцени од ‘Јон Вардар’“, изјави режисерот Гоце Цветановски.
Култура
Марко Виденовиќ и „Мевлем“ вечерва на „Бит-фест“

Битолското културно лето „Бит фест“, вечерва во Офицерскиот дом во Битола со почеток во 21:00 часот, ќе биде домаќин на прекрасна вечер во која музиката низ Проектот „Мевлем“ ќе зборува за љубовта, болката и надежта…
Проектот „Мевлем“, претставува уникатен спој на авторска музика и поезија од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој наиде на извонреден прием и сериозен одек меѓу публиката и културната јавност, како во земјава така и надвор од неа.
Со секој од досега реализираните концерти, „Мевлем“ не само што ја потврдува својата уметничка автентичност, туку и се етаблира како проект со исклучителен емотивен и социјален капацитет. Неговата досегашна реализација покажа дека публиката, без оглед на културниот контекст, препознава искреност, длабочина и убавина.
Музичкиот состав „Мевлем“ е составен од музичарите: Памела Велкова – виолина, Верица Ајтовска – виола, Енис Аљи – виолончело, и самиот автор Марко Виденовиќ – пијано и глас, кои досега концерти одржале во: Загреб, Белград, Скопје, Битола, Охрид, Гевгелија и Велес.
Во вечерашната програма се вбројуваат композиции кои се специјално создадени за проектот „Мевлем“ и претставуваат иновативен пристап кон камерната музика и современата поезија.
„Мевлем“ е повеќе од концерт – тој е уметничка исповед, место каде поетскиот збор не се чита туку се чувствува, каде што музиката не се слуша туку се доживува. Создаден од композиторот и поет Марко Виденовиќ, овој проект е интимен дијалог помеѓу музиката и зборот, меѓу солистите и тишината, меѓу публиката и нејзините најдлабоки емоции.
Композициите, инспирирани од лична и колективна болка, љубов, надеж и тишина, се изведуваат од музичари кои со секој тон ја раскажуваат таа внатрешна вистина. Влијанието што овој проект го има врз публиката е од оние ретки, длабоки уметнички впечатоци што долго остануваат со човекот.
„Мевлем“ во својата суштина има потреба – да се понуди лековитост преку уметноста, да се овозможи допир со нешто исконско, нешто што ги надминува жанровите и формите.
„Целта никогаш не беше само да се приреди концерт, туку да се отвори простор за уметнички дијалог, за разбирање и заедништво. Резултатите од тоа не се само мерливи преку број на публика, аплаузи или медиумски интерес – туку преку тишината меѓу две композиции, преку солзите по последниот акорд, преку луѓето што приоѓаат по концертот не за да честитаат, туку за да споделат своја приказна. А токму тоа, всушност, беше и крајната цел“, вели Марко Виденовиќ, автор на Проектот „Мевлем“, кој вечерва ќе биде претставен пред публиката во Битола.