Забава
Пронајден бродски труп со товар вреден три милијарди долари?

Ловецот на богатство, Грег Брукс, тврди дека го лоцирал трупот на британскиот брод „Порт Николсон“, кој потонал за време на Втората светска војна и дека во него се наоѓа платина вредна три милијарди долари.
Ловецот на богатство, Грег Брукс, тврди дека го лоцирал трупот на британскиот брод „Порт Николсон“, кој потонал за време на Втората светска војна и дека во него се наоѓа платина вредна три милијарди долари. „Порт Николсон“ во 1942 година бил потопен од страна на германска подморница, во близина на Кејп Код. Брукс тврди дека бродот, кој пловел кон Њујорк, го лоцирал на длабочина од 213 метри и на оддалеченост од 80 километри од атланскиот брег на САД. Ловецот на богатство тврди дека бродот превезувал 71 тони платина, која во тоа време била вредна 53 милиони долари, според него бродот превезувал и злато и дијаманти. Платината била дел од исплатата на воени залихи кон САД од страна на Советскиот Сојуз. Брукс откри, дека, тој и неговата посада, бродот го идентификувале по бројот на пранецот, кој го снимила подводната камера. Тој изјави дека кон крајот на овој месец или почетокот на следниот ќе се обиде да го извади богатството со помош на подморница на далечинско управување. Наспроти Брукс, од британската влада излегоа со тврдења дека бродот „Порт Николсон“ во моментот на потонувањето превезувал машини и воени залихи. По повод изјавите и тврдењата на Брукс сеуште не се огласила американската влада, можеби и поради тоа, што Советите подоцна на Вашингтон му платија за загубениот товар. Иако Брукс тврди дека по секоја цена ќе го извлече богатството, поморските закони се многу комплицирани, и доколку се покаже дека бродот навистина пренесувал вреден товар, тогаш можат да се појават повеќе барања за сопственост на товарот. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Глобалниот феномен ARGY – по Tomorrowland и Бразил, на 13 декември директно во Скопје

Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата.
Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој бран, преку уметникот кој од подземјето создаде глобален феномен.
ARGY е артист што одамна го надмина статусот на диџеј и стана симбол на современиот хаус и техно звук.
Со сетови што предизвикуваат транс, со магична сценска естетика и харизма што ја поттикнува колективната еуфорија, тој создава атмосфера што ги брише границите меѓу уметност, звук и емоција.
Во арената „Борис Трајковски“ ќе биде поставена продукција со највисоки светски стандарди. Сценографијата и визуелните ефекти ќе создадат амбиент што ќе го премине секој физички простор, претворајќи ја арената во импресивна катедрала на звук и светлина. Комбинацијата од технологија, визуелен дизајн и акустична прецизност ќе резултира со нешто што не се гледа, туку се доживува.
Забава
Привлекуваат љубов само кога ќе ѝ го свртат грбот: дали си и ти меѓу нив

Некои хороскопски знаци мора да научат на тешкиот начин дека љубовта ќе дојде само кога ќе престанат да трчаат по неа. Само кога ќе се опуштат и ќе престанат да бараат потврда однадвор, вистинската љубов го наоѓа својот пат до нив.
Вага
Вагата често бара рамнотежа преку другите. Кога конечно ќе најдат мир во себе, се појавува некој што ги гледа такви какви што се. Љубовта им доаѓа само кога ќе престанат да им угодуваат на сите и ќе научат да се сакаат себеси.
Риби
Рибите имаат идеализирана слика за љубовта и често страдаат за погрешни луѓе. Но, кога ќе престанат да бараат „сродна душа“ и ќе почнат да ја ценат едноставноста и искреноста, тие привлекуваат љубов што е стабилна и вистинска.
Девица
Девицата често се сомнева, анализира и бара совршенство. Но, кога ќе престанат да размислуваат премногу и ќе си дозволат да чувствуваат, тогаш личноста што е токму она што им треба доаѓа во нивниот живот, без планирање или пресметка.
Вистинската љубов не доаѓа кога најмногу ја сакаме, туку кога сме подготвени за неа.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Жешкиот бакнеж меѓу познатата актерка и згодниот маж, 24 години помлад од неа, предизвика бура

Гвинет Палтроу откри дека нејзините пријатели „полуделе“ поради нејзиниот бакнеж со Тимоти Шаламе.
Иако станува збор за сцена од филмот „Marty Supreme“, кој е снимен во Централ Парк во Њујорк, актерката признава дека нејзините најблиски, особено нејзините пријатели, биле воодушевени од сцената.
„О, Боже, сите мои групни разговори со нив беа возбудливи… Тие полудеа! Сите беа како: Да, Гвинет, само напред! А јас бев: Луѓе, смирете се“, се пошегува таа.
Гвинет призна дека, и покрај славата на Шаламе, не знаела многу за него. Таа исто така се присети на нивната прва средба.
„Сите ми се потсмеваат затоа што не знам ништо. Го прашав: Дали имаш девојка? И тој рече да. Спомена дека таа имала деца од претходна врска, а јас реков: Тоа е навистина убаво. Мило ми е што го слушам тоа од млад човек како тебе. Немав поим дека зборува за Кајли Џенер“, призна таа со смеа.
фото: принтскрин