Контакт

Култура

„Панкот не е мртов“ ќе го отвори 14. Скопје филм-фестивал

Објавено пред

Премиерата на филмот „Панкот не е мртов“ ќе го отвори 14. Скопје филм-фестивал, кој ќе се одржи од 15 до 20 април.

dobivaj vesti na viber

Премиерата на филмот „Панкот не е мртов“ ќе го отвори 14. Скопје филм-фестивал. Филмскиот фестивал ќе се одржи од 15 до 20 април.„Горд сум што по долги години Скопје филм-фестивал ќе започне со премиера на македонски филм. Станува збор за ‘Панкот не е мртов’ во режија на Владимир Блажевски“ – изјави Иво Антов, директор на Фестивалот, на првата прес – конференција, која денес се одржа во киното „Милениум“.Според најавата на Антов, Фестивалот ќе ја задржи својата основна концепција. Најавена е силна главна програма и седум филмови во авторската селекција. Посебен акцент на фестивалот ќе биде ставен на програмата наречена „Скопје најнтис“, во која ќе бидат прикажани андерграунд-филмови снимени во 90-тите години на дваесеттиот век.Програмата ја сочинуваат филмовите „Маклабас“ на Александар Станковски и продуцентот Влатко Галевски, „Кокино“ на Александар Станковски, Драган Абјаниќ и Златко Трајковски, НЕП на Драган Абјаниќ и Игор Иванов – Изи, и „Светло-сиво“ на Александар Поповски, Дарко Митревски и Срѓан Јаниќиевиќ.Гостин на отворањето на фестивалот ќе биде полскиот режисер Кшиштоф Зануси, кој ќе стане и почесен професор на ФДУ, а ќе ја добие и специјалната награда на Скопје филм-фестивал.„Многу ни значи фактот што премиерата на ‘Панкот не е мртов’ ќе се случи на отворањето на Скопје филм-фестивал, бидејќи станува збор за радикално, за луто скопски филм“ – изјави режисерот Владимир Блажевски.Филмот е снимен со многу мал буџет и самата реализација помина низ повеќе перипетии. Со неговата финална верзија официјално, станува збор македонско-српска копродукција. Филмот е снимен во Скопје, а монтажата се одвиваше во Белград.Практично тоа е филм кој се занимава со повеќе социјални приказни поврзани околу членовите на една фиктивна скопска панк-група, која во филмот го носи името „Работничка терапија“.„Иако и насловот насочува кон тоа, сепак, сè во филмот е поврзано со панкот, и малиот буџетот, и снимањето, и приказните, кои не се фикција, не се измислени, туку актерите го играат начинот на живот што некогаш и самите го живееле. Затоа велиме дека станува збор за скопски, за луто добар панк-филм“ – изјави актерот Тони Михајловски.„Сум го живеел панкот во Скопје и воопшто не ми беше тешко да ја одиграм својата улога“ – нагласи актерот Јордан Симонов.Во кастингот на филмот, покрај Михајловски и Симонов, се и Камка Тоциновски, Кирил Поп-Христов, Владимир Тулиев и други. Снимател е Димо Попов. Монтажата е на Благоја Неделковски. Музиката ја напиша Александар Пејовски. Филмот се снимаше по сценарио на Владимир Блажевски.По скопската премиера на 15 април, филмот ќе се прикажува уште во пет македонски градови./крај/т.д.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја.

dobivaj vesti na viber

Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи, како и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, во 2017 година, сите активности беа прекинати, скелето беше симнато, а објектот остана незаштитен, со што последиците од таа негрижа се очигледни и денес, истакнуваат од министерството.

Минатата година, како што информираат, Министерството, во координација со Заводот и Музеј – Прилеп, подготви проект за интервентна заштита на објектот во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне во текот на оваа година. Паралелно се работи и на подготовка на сеопфатен проект за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс, кој се очекува да биде финализиран до средината на 2026 година. По изработката на документацијата и обезбедувањето на сите потребни дозволи, ќе отпочне реализацијата на овој капитален зафат.

„Нашата цел е јасна – да го заштитиме и обновиме ‘Македониумот’. Тој не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба. Како Влада и како Министерство за култура и туризам, остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е наш стратешки приоритет,“ изјави Љутков.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Објавено пред

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.

dobivaj vesti na viber

Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.

Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.

“Sorcerer”

“Godfather 2”

“The Getaway”

“Groundhog Day”

“Casablanca”

“Treasure of the Sierra Madre”

“Jaws”

“Mean Streets”

“Close Encounters of the 3rd Kind”

“Double Indemnity”

Прикажи повеќе...

Култура

Македонскиот народен театар со „Жива досада“ гостуваа на фестивалот во Штип

Објавено пред

На 11 септември, на 13. Театарски фестивал за деца „Малиот принц“ во Штип, Македонскиот народен театар ќе гостува со претставата „Жива досада“.

dobivaj vesti na viber

Гостувањето на МНТ е во организација на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, кој веќе традиционално обединува значајни детски театарски продукции од земјата и регионот.

Претставата, наменета за деца над пет години, се занимава со современа, но често игнорирана тема, досадата кај децата, и како може таа да биде врата кон креативноста, играта и самоистражувањето, наместо нешто од што треба да се бега. Иновативен и топол авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, а во режија на Јовановска.

„Досадата не е непријател, туку креативен простор, кој им овозможува на децата да се поврзат со себе и со светот околу себе“, вели актерката Изабела Јакимова, која е и една од авторките на текстот.

Во претставата настапуваат: Гоце Андонов, Нина Деан, Изабела Јакимова, Јана Вељановска и Билјана Јовановска (алтернација).

Преку духовита и интерактивна форма, „Жива досада“ ги охрабрува децата да ги откријат магичноста на досадата и вредноста на паузата – простор во кој настануваат најубавите игри, разговори и идеи. Истовремено, испраќа важна порака и до родителите да не го исполнуваат секој момент на детето со активности, туку да остават простор за самостојно растење.

Со ваквите репертоарски претстави ‒ МНТ продолжува да гради едукативен и инспиративен театар, а „Жива досада“ е пример за тоа дека детскиот театар може да биде уметнички сериозен, длабоко комуникативен и актуелен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу,...

Македонија3 часа

„Дрисла“ трет ден ги труе скопјани, Мицкоски со механизација од општествено одговорни компании ќе влезе на депонијата

За пожарот и чадот од депонијата „Дрисла“, кои трет ден ги трујат скопјани, премиерот Христијан Мицкоски вели дека има истрага,...

Македонија3 часа

Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот сѐ уште го учи оти...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами, без мерки за високите цени и со најниски плати

„Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“...

Македонија4 часа

Против три лица поднесено обвинение за депониите во „Вардариште“: ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе обвинителен акт против три лица за...

Македонија4 часа

„Дрисла“ сѐ уште чади, агенција за обезбедување ја чува депонијата „Вардариште“

На депонијата „Дрисла“ сѐ уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој појасни дека депониите тешко се гаснат со...

Топ5 часа

Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата во која престојувал

Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде...

Македонија5 часа

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правело МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“. „Документите до кои дојдовме...

Свет6 часа

Последните зборови на Чарли Кирк пред атентатот: Куршум го погоди соработникот на Трамп додека зборуваше за насилство

Сѐ уште е во бегство осомничениот за атентатот на Чарли Кирк, младиот конзервативен активист, кој беше застрелан во вратот додека говореше...

Македонија7 часа

Дождот не помогна многу – чадот од „Дрисла“ и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот на депонијата „Дрисла“, чиј чад што се чувствува во воздухот во...

Македонија8 часа

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовира својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари....

Свет9 часа

Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници...

Македонија9 часа

Локални избори: на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања...

Свет10 часа

(Видео) Расправија за време на минутата молк за Кирк во Претставничкиот дом

За време на минутата молк за Чарли Кирк во американскиот Претставнички дом избувна жестока расправија. „Ве молам, станете за момент...

Свет11 часа

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA...

Македонија12 часа

Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана...

Македонија20 часа

Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот...

Македонија23 часа

Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се...

Македонија1 ден

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна...

Македонија1 ден

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...