Македонија
Случајот „Јустиција“ одложен за октомври
Почетокот на судењето за случајот „Јустиција“ во кој обвинети се судии и стручни соработници од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1 се одложи за 27 октомври поради неуредна достава и поради болест на неколку од обвинетите.
Во обвинението се вели дека обвинетите воделе постапка без да се појават странките, а судските казнени пресуди биле внесувани како извршени, но биле чувани во фиоки сè до нивно застарување, асе ставал и противзаконски изготвен штембил дека постапката се запира.Ефто Спировски, адвокат на дел од обвинетите, смета дека целиот случај е фарса за понижување на големи професионалци со над 30-годишно судиско искуство, но дека овој случај е и навреда и понижување за целото правосудство. „Ова е голема навреда и понижување, не само лицата за кои се води постапката, туку за целото судство. Едноставно ова не смееше да се случи. Ова обвинение е нелогично и неразбирливо. Обвинетите се луѓе кои биле беспрекорни во својата работа. Тие не ваделе една норма туку трострука норма и за тоа место да бидат наградени, тие се обвинети“, рече во изјава за новинарите адвокатот Спировски. Според бранителот, главниот проблем во случајот е во погрешна поставеност на целото судство.„Главна грешка е што се укина Судот за прекршоци. Не можете да укинете еден суд во град од околу 700.000 жители со огромен број фирми кои функционираат на територија на Скопје, кои при своето работење прават огромен број прекршоци од сите области. Не можете да укинете суд кој за пола Македонија треба да врши работа и да го направите Одделение со огромен број предмети. Во оваа прилика апелирам дека мора тој суд да се воспостави“, рече Спировски.Во акцијата „Јустиција“, која се случи лани во октомври, беа уапсени дваесет и пет лица од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1 под сомнение за кривичното дело несовесно работење во службата. Јавно обвинителство – Скопје, во меѓу време, склучи седум спогодби со судии и судски службеници кои ја признаа вината и тие беа осудени на условна казна. Против петмина, пак, кривичната постапка беше запрена бидејќи се утврдило дека нема кривично дело кај нив.Со обвинението се опфатени 13 лица. Меѓу нив има и пензионирани судии, додека останатите, кое се во работен однос, се суспендирани од работа. Сите обвинети се бранат од слобода./крај/а/бб
Извор: Akademik
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

