Контакт

Култура

Новиот филм на Теона Митевска се снима и во „Јасен“

Објавено пред

Сцени со познатата шпанска актерка Викторија Абрил, која ја толкува главната улога во филмот „Жената која ги избриша своите солзи“ во режија на Теона Митевска, се снимаат и во ловниот резерват „Јасен“

dobivaj vesti na viber

Снимањето на новиот филм на Теона Митевска започна на 28 март на повеќе локации низ Македонија. Првите 27 дена снимање на филмот „Жената која ги избриша своите солзи“ се одвиваат во Македонија. Потоа следуваат 12 дена снимање во Германија.Во текот на оваа седмица снимањата се одвиваат во ловниот резерват „Јасен“, каде екипата која работи на филмот ги покани медиумите да присуствуваат на снимањето на една сцена од филмот. Присуството на медиумите се случи на 18-тиот ден од снимањето на филмот.Заедно со актерската и филмската екипа на снимањето на сцената присуствуваа Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на РМ, и Дарко Башески, директор на Филмскиот фонд на Македонија.„Со задоволство присуствувам на снимањето на сцена од филм што се реализира со поддршка на Филмскиот фонд на Македонија, како што тоа е случај со новиот филм на сестрите Лабина и Теона Митевска – Стругар. Македонија треба да биде горда што овој филм со силна актерска екипа се снима во нашата земја“ – нагласи Елизабета Канческа-Милевска.„Ме радува што годинава имаме богата филмска година и со снимање нови филмови и со премиери на снимените филмови кои се поддржани од Филмскиот фонд на Македонија. Ме радува фактот што Лабина Митевска, како продуцент на филмот, за само една година го обезбеди целиот буџет за снимање на филмот. Од друга страна со филмот ќе бидат прикажани најубавите и најнедостапните предели во Македонија, како што е случајот со снимањето во Јасен“ – изјави Дарко Башески, директор на Филмскиот фонд на Македонија.„Имаме одлична актерска и филмска екипа, одличен кастинг и ветувам дека ќе направам добар филм. Големо задоволство е да се прави филм. Бидејќи себеси се сметам за уметник и филмот е уметност треба да продолжиме да правиме уметност. Екипата со која работам ми го овозможува тоа“ – изјави режисерката Теона Митевска-Стругар.Главната улога во филмот „Жената која ги избриша своите солзи“ ја толкува славната Викторија Абрил, која стана светски позната по улогите во филмовите на Педро Алмодовар.Објаснувајќи на кој начин се одвивала комуникацијата со сестрите Митевски, Абрил за медиумите изјави дека навистина ја восхитила нивната љубезна упорност, прво да присуствува на фестивалот „Браќа Манаки“ во 2009 година во Битола, а потоа и да ја толкува главната улога во нивниот филм.„Среќна сум што сум тука, бидејќи морам да признаам дека плачев кога претходниот пат си заминував од Македонија. Сега, на мое задоволство, сум тука да ја толкувам главната улога во филмот на Теона и Лабина Митевски. Откако го прочитав сценариото за филмот толку ми се допадна што немав зборови, останав без здив, бев исполнета со емоции и шокирана од приказната. Потоа и кажав на Теона дека станува збор за неверојатна приказна и дека треба да ја направиме“ – изјави Викторија Абрил.Филмот ја прикажува борбата на две жени од различни општества, од Франција и Македонија, кои ќе се спојат под чудни околности, едната барајќи одговори за загубата на својот син и отуѓувањето од својот сопруг, додека другата трпеливо настојувајќи да го најде својот изгубен сопруг и да го зачува синот. И двете на свој начин одбиваат да ја прифатат општествено одредената улога и се борат да ги преуредат своите животни судбини.„Исто така морам да признаам дека кога го читав сценариото си замислував како тоа би можело да се визуелизира. Но сега, кога почнаа снимањата во Македонија, ќе кажам дека навистина сум изненадена од неверојатната убавина на природата и амбиентот во кој ги снимаме сцените во Македонија. Исто така ќе кажам дека Македонија е неверојатно фотогенична земја. Каде и да поставите камера се добива прекрасен филмски кадар“ – нагласи Абрил.Тоа што најмногу ја изненадило Абрил во текот на снимањето на филмот е што во филмската екипа се зборуваат 15 јазици и дека се функционира како што треба бидејќи сите совршено се разбираат меѓу себе.На денешната средба присуствуваа и актерите Жан Мари Калеи, кој доаѓа од Франција, Арбен Бајрактарај, кој по потекло е од Косово, а веќе десет години живее во Париз во Франција, и актерот Фирдаус Неби, кој по долго отсуство од македонската театарска сцена ја прифатил поканата на сестрите Митевски да учествува во филмот.„Сестрите Митевски работат со многу емоции и љубов и веруваат во тоа што го работат“ – изјави актерот Фирдаус Неби во своето образложение за учеството во филмот.Гостите од Франција Жан Мари Калеи и Арбен Бајрактарај изразија големо задоволство што имаат можност да снимаат во најубавите предели на Македонија. Исто така, објаснија дека нивното пријателство во Теона Митевска во Париз сега се претворило во професионална соработка во нејзиниот филм.Главен продуцент на филмот „Жената која ги избриша своите солзи“ е „Сестри и брат Митевски продукција“, а станува збор за копродукција меѓу „Вертиго филм“ од Словенија, „Entre chien et Loup“ од Белгија и „Osterlicht production“ од Германија.Финансиската поддршка во износ од 1.930.000 евра во најголем дел е од Филмскиот фонд на Македонија, но и од филмските фондови на Словенија и Белгија, како и германскиот МДМ. Филмот е поддржан од „Еуроимаж“.

Култура

Триумф на „Диџеј Ахмет“ во Сараево, филмот Унковски освои три големи награди

Објавено пред

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски се закити со три награди на 31. Сараевски филмски фестивал што заврши синоќа. Дебитантското долгометражно остварување освои „Перспективи на младите“, наградата на порталот „Cineuropa“, како и Уникредит наградата на публиката за најдобар игран филм.

dobivaj vesti na viber

Жирито посочи дека специјалната награда „Перспективи на младите“ се доделува за ведра и хумористична, но и трогателна приказна, која преку шарената кинематографија и изведбите на младите актери носи силна порака.

„Филмот им дава глас на младите од мала заедница, а воедно има потенцијал да допре до публиката ширум светот“, стои во образложението.

Филмот освои и награда од „Cineuropa“, вредна 5.000 евра, која се доделува на филмови со уметнички квалитети што промовираат европски дијалог и интеграција.

Покрај тоа, македонската продукција ќе го има честа да го затвори 46. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола (20–26 септември), што ќе биде и официјалната македонска премиера на филмот.

Светската премиера на „Диџеј Ахмет“ се одржа во јануари на фестивалот Санденс во Јута, каде што доби две признанија – наградата од публиката во програмата „Светски филм“ и специјалната награда на жирито за креативна визија.

Филмот е сниман во октомври и ноември минатата година во селата Коџалија и Али Коч кај Радовиш и во Скопје. Во главните улоги настапуваат Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед, а во останатите – Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага и Метин Ибрахим.

Станува збор за копродукција меѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, компании од Чешка и Србија, со продуценти Иван Унковски и Ивана Шекуткоска. Филмот беше поддржан со 23,5 милиони денари од Агенцијата за филм во 2020 година и 160.000 евра од европскиот филмски фонд Еуримаж.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Претставена тематската антологија „Дионис и Свети Трифун“ панорама на македонската винска поезија на Струшките вечери на поезијата

Објавено пред

Учесниците на 64-тите Струшки вечери на поезијата денеска имаа можност да присуствуваат на поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година и да испијат поетско кафе со добитникот на „Златен Венец“ за 2025 година, словачкиот поет Иван Штрпка. Ги проследија и поетските портрети на минатогодишната добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик Катица Ќулавкова и добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2025 година за најдобра дебитантска книга од млад автор на Матеуш Шимчик од Полска.

dobivaj vesti na viber

Пред присутните беше претставена и тематската антологија „Дионис и Свети Трифун“, чиј приредувач е истакнатиот македонски поет и есеист Славе Ѓорѓо Димоски. Тематската антологија, според приредувачот, панорама на македонската винска поезија е прво видување на оваа тема во македонската литература воопшто.

„Книгата е составена од два клучни дела и еден вовед. Воведниот се две песни едната од Јордан Хаџи Константинов – Џинот, во која се опева дионизискиот ритуал, а другата е од Матеја Матевски, посветена на Свети Трифун. Тие две песни се двата мотиви кои го прават јадрото од кое се развива книгата. Во првиот дел се песни од преродбата до кодификацијата на македонскиот јазик, а вториот е од кодификацијата на македонскиот јазик, односно од 1945 година па навака“, информира Димоски.

Иако замислата му била да направи антологија на македонската боемска поезија, по неколку месечни истражувања заклучил дека нема таква класична боемска поезија, а имало доста песни посветени на лозата, лозјето, виното и задоволставата од пиењето вино, дошол до идеја да ја именува како македонска винска поезија. Содржината е поделена на неколку поглавја кои типично си носат своја тема.

„Вториот дел е поделен на седум кругови тематски групирани, според мотивскиот интерес на авторите кон оваа крупна тема. Поетскиот пристап кон виното и другите видови алкохол е во согласност со балканската и македонската традиција, а тоа е особено изразено во здравиците кои се поместени на почетокот од вториот дел“, додава Димоски.

Манифестацијата продолжи со поетски читања на поети од платформата Версополис, поетски портрети, мешународното поетско читање „Кругови“ и музичко-поетски перформанс- Ноќ без интерпункција. Вечерва ќе биде врачена и наградата „Млада Струга“ за 2025 година на поетот Андреј Анѓеловиќ.

Во рамките на програмата меѓудругото утре на прес-конференција ќе биде соопштен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“, а традиционално во црквата Света Софија во Охрид ќе има поетски портрет на добитникот на „Златен венец“за 2025 година Иван Штрпка од Словачка.

Прикажи повеќе...

Култура

Oтворен фестивалот „Македокс“ – во следните денови над 75 филмови на 5 локации

Објавено пред

Високо кренати главици кромид во рацете на екипата и волонтерите е традиционалниот поздрав до публиката на отворањето на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Годинава фестивалот беше отворен на 21 август во Куршумли ан.

dobivaj vesti na viber

На отворањето на 16-тото издание на „МакеДокс“ во името на екипата се обратија Сара Ферро и Дарко Набаков, кои прво упатија благодарност до публиката што беше присутна во Куршумли ан на отворањето на „МакеДокс“ под мотото: „Кому му е гајле за реалноста?“

– Во овие осум дена, на пет различни локации, ќе можеме заедно да погледнеме повеќе од 75 филмови, да учествуваме во бројни дискусии со авторите по проекциите, да бидеме дел од два мастер класа, две изложби, пет дискусии под смоквата, три денови со документарнaта индустрија и, секако, да слушнеме многу ноќни приказни – истакна Сара Ферро.

– Живееме во време во кое вистината се менува побрзо отколку што можеме да ја сфатиме. Во време кога границата помеѓу фактите и фикцијата станува сè потенка. Затоа потребата да гледаме на работите внимателно, креативно, критички и со грижа никогаш не била поголема – додаде Дарко Набаков.

Двајцата изразија особена благодарност до две иницијативи што одлучија да берат гајле за сите нас, а не само за себе. Најпрвин, SupportKochani, за сè што направија за повредените од трагедијата во Кочани, и потсетија дека сметките за донација остануваат отворени. Втората благодарност ја упатија на луѓето од „Спас за Дошница“, кои неуморно се грижат за сите нас, за да живееме во здраво и природно опкружување.

На програмата на првата вечер беа краткиот документарен филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ на Робин Петре. Во музичкиот сегмент „Ноќни приказни“, акустичен концерт одржа гитаристот Мухамед Ибрахими, додека полноќната музичка програма продолжи со диџеј-сет на Шурбе.

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ се одржува од 21 до 28 август со програма распоредена во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. Мото на 16. „МакеДокс“ е „Кому му е гајле за реалноста?“. На фестивалот ќе бидат прикажани 75 документарни филмски остварувања, а се очекува присуство на околу 100 гости од странство.

Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (www.makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација.

Партнери на „МакеДокс“ се ППФП, МКЦ – Младински културен центар, Кинотека на Република Северна Македонија и фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.

Шеснаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенција за филм на Република Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Амбасада на Франција, Француски институт, Амбасада на Кралството Холандија, Австриска Амбасада, Казино Австрија, Грчки филмски центар, Гете институт, Скопско смут, Амбасада на Република Чешка, Чешкиот културен центар во Софија, Младинскиот културен центар, Музеј на Македонија, Археолошки музеј, Факултет за ликовни уметности, такси „Глобал“.

Медиумски покровители на 16. „МакеДокс“ се МТВ – Прв програмски сервис, Слободен печат, Нова Македонија, Еспресо.мк, МКД.мк, УМНО.мк, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена 5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк, Кајгана Медиа, Култура Бета, Трн, Блен.мк и Медуза.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Алиу вети транспарентност, граѓаните ќе знаат кој го помага македонското здравство

Министерството за здравство воведе нов електронски модул за транспарентен преглед на донациите во здравството, со кој јавноста ќе може во...

Свет2 часа

(Видео) Телохранителите на Путин земаат сѐ, дури и урината и изметот на претседателот и го носат во Русија

Обезбедувањето на рускиот претседател Владимир Путин секогаш е предмет на големо внимание на социјалните медиуми од различни причини. Сега, тие...

Македонија3 часа

Попладне дожд и грмежи во западните делови

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладневните часови носат локален пороен дожд и ретки...

Свет13 часа

(Видео) Автобус со повеќе од 50 туристи излета од пат во САД, има загинати и повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи во американската држава Њујорк. Туристички автобус кој се враќал од Нијагарините водопади кон Њујорк излетал...

Свет13 часа

(Фото) Трамп: Путин сака да дојде на Светското првенство во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да присуствува на Светското првенство во фудбал...

Топ16 часа

Пронајден возачот кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Денеска во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Ф.Б. од село Света Петка, скопско. На 21.08.2025 во 14:30 часот...

Европа16 часа

Лавров за средбата Зеленски-Путин: Зеленски рече „не“ на сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија прави сè што може за да спречи средба меѓу него и рускиот...

Македонија20 часа

Дојранското Езеро пак ќе се полни: со соларни панели Владата ќе ги намалува трошоците за струја од 2,5 милиона евра годишно на хидросистемот „Ѓавато“

По неколкугодишен прекин, Дојранското Езеро повторно ќе се полни со свежа вода преку хидросистемот „Ѓавато“. Премиерот Христијан Мицкоски денес од...

Топ21 час

Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го...

Македонија22 часа

Документацијата за Стоматолошката комора стигна во рацете на Обвинителството

Министерството за здравство соопшти дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите што вршеле надзор над работата на Стоматолошката...

Македонија23 часа

Поместени границите во ортопедската трансплантација – извршена најсложената трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија...

Македонија1 ден

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ1 ден

Отворена истрага: уапсен 27-годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун на колена: првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет1 ден

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо, освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Македонија1 ден

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Култура1 ден

Свечено отворени 64. Струшки вечери на поезијата

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчера вечер во Домот на поезијата во Струга...

Македонија2 дена

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија2 дена

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија2 дена

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...