Македонија
Груевски треба да сведочи пред Анкетната комисија за прислушувањето

Премиерот Никола Груевски, во понеделник треба да се појави пред Анкетната комисија за прислушувањето за да сведочи и да одговара на прашањата не членовите на комисијата, датум што тој сам го одбра, откако не беше во можност да се појави на седницата минатата недела.
На денешната седница треба да сведочи и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која до сега нема доставено известување за евентуален друг термин.На досега закажаните сослушувања не се појавија ниту вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, ниту поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и шефот на кабинет на премиерот Мартин Протуѓер.Само Груевски и Ставрески побараа презакажување на претходно утврдените термини на претседателот на комисијата Петре Шилегов, па така од 9 декември го презакажа присуството на Анкетната комисија за денеска, а Ставрески од 10 декември побара сведочењето да биде одложено за 17 декември. За седницата во вторник планиран е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Сашо Мијалков и Мартин Протуѓер не се појавија на закажаните термини, ниту пак побарале промена на распоредот. Груевски, Ставрески и Јанкуловска се предложени сведоци од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а Протуѓер, Мијалков и Јанакиески се предложени на листата од СДСМ.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, членови на комисијата, бараат седницата да биде затворена за јавноста, а претседателот на комисијата, Петре Шилегов, пратеник од СДСМ, најави дека ќе инсистира на тоа седниците да бидат отворени за јавноста.Сослушувањата на сведоците треба да заврши до 22 јануари.На 16-ти декември треба да се формираат работни групи за посета на УБК, МВР, Агенцијата за разузнавање, Специјалното обвинителство и другите институции.Седницата на собраниската Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето ќе се одржи денеска во 11 часот./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Најновите економски податоци се алармантни, денеска ќе ги објавам за граѓаните да ја знаат вистината

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи најави дека на прес-конференција во 12 часот ќе ги објави најновите економски индикатори кои, како што вели, не се само загрижувачки, туку навистина алармантни.
„Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата. Бројките се фрапантни и јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата“, стои во објавата на претседателот Филипче.
Македонија
Салиу: Промена во Шуто Оризари мора да има

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.
„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела“, порачува Салиу.
Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.“
Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.
„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари“, додава Салиу.
Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.
„Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци“, порачува Салиу.
Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“
Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.