Култура
Совршен концерт на Симон Трпчевски и Лондонската филхармонија
Македонската публика имаше ретка можност на сцената на Метрополис арената да види светски пијанист, Симон Трпчевски, светски диригент Владимир Јуровски и светски оркестар Лондонската филхармонија
Македонскиот вируоз од светски ранг и неговите гости приредија два часа уживање на звуците на Феликс Менделсон Бартолди, Сегеј Прокојфјев и Јоханес Брамс.Композицијата „Сербес Донка“ од Панде Шахов беше изненадување кое Симон Трпчевски и Лондонската филхармонија го приредија за македонската публика.„Заокружувањето на мојата концертна календарска година 2010 не можеше да биде поубаво од можноста да свирам со Лондонската филхармонија и честа што ми ја укажа еден од најпознатите диригенти во светот Владимир Јуровски. Славам два јубилеа во една вечер. Првиот е 15 годишнината од мојот прв настап со оркестарот кој се случи во 1995 година со Македонскат филхармонија во Скопје. Вториот е десетгодишнината од мојот прв настап со Лондонската филхармонија во финалето на натпреватрот во Лонодон. Концертот звучеше хомогено, барем од аспект на сцената. Горд сум како Македонец што светски диригент и светски оркестар се претставија пред нашата публика. Би сакал да истакнам дека музичарите се презадоволни од приемот овде, топлината и гостопримливоста на народот како и нивната природност. Владимир во една прилика ми рече: „ Колку е убаво кога народот во сопствената земја те сака“ изјави по концертот Симон Трпчевски.Тој до Нова година останува во Скопје, а во јануари ќа има концерти во Португалија, Данска и Велика Британија. Тогаш треба да излезе и неговото ново цеде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денес е Ден на македонскиот јазик
Петти мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.
Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.
Култура
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“
На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.
Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.