Култура
Активности во чест на женските права
Во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар во Скопје од 5 до 8 март се одржува второто издание на Women’s Rights Nights
Во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар во Скопје од 5 до 8 март се одржува второто издание на Women’s Rights Nights, настан организиран од Канцеларијата на жени на ОН во Скопје, Институтот за родови студии при Филозофскиот Факултет и Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА од Скопје.Програмскиот сегмент на настанот содржи ревија на документарни филмови (четири вечери по еден документарен филм) коишто ќе бидат проследени со дискусија и поканети гости, меѓу кои и авторите на филмот, како и други релевантни лица кои работат на полето на родовата рамноправност во земјата. Настанот вклучува и други активности, како што е изложба и промоција на календар со фотографии изработени од страна на студентите од ЕСРА и Институтот за родови студии, кои го прикажуваат кршењето на стеротипите во различни типови професии.На 5 март со почеток во 20 часот се прикажува филмот „Градот на Баданте-жените“ (Бугарија, 2009, 70 мин.) во режија на Стефан Командарев. По филмот следува дискусија на тема „Жени печалбарки – родовите аспекти на економската миграција“.Во недела, 6 март ќе се прикаже филмот „Село без жени“ (Хрватска / Франција, 2010, 83 мин.) во режија на Срѓан Саренац. Дискусијата ќе се одвива на тема „Во потрага по сопруга – феноменот на договорени бракови“.На третиот ден од настанот, 7 март, ќе може да се проследи проекцијата на филмот „Доцен дом“ (Бугарија, 2010, 29 мин.) во режија на Марија Аверина. Тематската дискусија е со наслов „Идентификација на жените со домот – мит или реалност“.Завршната вечер на Women’s Rights Nights на 8 март, опфаќа проекција на филмот „Шивачки“ (Македонија / Германија, 2010, 30 мин.) во режија на Билјана Гарванлиева, македонска режисерка на документарни филмови која живее и работи во Германија. Дискусијата ќе се одвива на тема „Феминизација на сиромаштијата“.По тематскиот дел на настанот ќе следува коктел-забава по повод 8-ми март со промоција на Канцеларијата на жени на ОН, изложба на фотографии и промоција на календар, во МКЦ Клуб ресторан. Влезот на сите проекции е слободен. /крај/ т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.
Култура
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“
На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.
Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.
Култура
Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“
Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“
Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.
Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.
Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.