Македонија
Во саботата издадени потврди на 1.782 мигранти

Во саботата од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјава на вкупно 1.782 странски државјани, од кои 625 од машки и 390 од женски пол, како и на 757 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 10 деца кои патувале без родител.
Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 948 државјани на Сирија, потоа на 442 државјани на Авганистан и на 392 државјани на Ирак.
Од почетокот на годината па до 6-ти февруари, издадени се потврди на вкупно 65.184 странски државјани, од кои 26.571 се од машки пол, 14.029 се од женски и 24.460 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 124 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-31.880, Авганистан-20.447 и Ирак-12.854.
Од почетокот на годината па до 6-ти февруари, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гази Баба почна акција за обележување пешачки премини

Општина Гази Баба започна со активности за обележување на пешачките премини на локалните улици, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на сообраќајната сигнализација во урбаните заедници.
Вчеравечер, екипите на Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“ извршија обележување на пешачките патеки во населбата Железара, како дел од поширока акција за системско одржување и обнова на хоризонталната сигнализација.
„Пешачките премини имаат суштинско значење во сообраќајната безбедност, особено во урбаните средини каде што е зголемен интензитетот на сообраќај. Тие претставуваат клучен елемент во заштитата на пешаците, особено на децата, повозрасните лица и лицата со попреченост. Обновената и јасно видлива сигнализација значително придонесува за зголемена безбедност и поефикасно функционирање на сообраќајниот систем.
Денес активностите продолжуваат во населбата Автокоманда, а во текот на следните денови ќе се реализираат и во останатите урбани заедници низ општината“, соопшти Општината.
На терен, заедно со екипите до доцна во ноќта, беа и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, како и директорот на ЈКП „Гази Баба“, кои лично го следеа спроведувањето на акцијата и ги поддржаа теренските тимови.
Македонија
(Видео) Ангелов: Најтешкиот пожар е во Јасен, кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов извести дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 30 пожари на отворен простор, а од нив во овој момент два се најсериозни.
„Најтешкоот е пожарот во Јасен, но и кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак. Гори на еден рид каде што има неколку репетитори. Репетиторите успеавме да ги спасиме, тие се функционални, но пожарот се уште е активен. Овде дејствува еден полициски хеликоптер“, изјави Ангелов.
„Верувам дека овој пожар денеска ќе биде ставен под целосна контрола“, додаде Ангелов.
Македонија
ССНМ го осудува и бара онлајн-малтретирањето на новинарката Мирослава Симоновска веднаш да престане

„Самостојниот синдикат на новинари и медиумски го осудува повторувачкото онлајн малтретирање од страна на Зоран Божиновски кој на 14.08.2025 година, ја фотографирал новинарката на Слободен печат Мирослава Симоновска додека седи на јавно место со две обвинителки“, велат од ССНМ.
„Притоа на социјалните мрежи, на крајно недоличен и вулгарен начин истото лице ја клевети Симоновска дека „се пазарела со обвинителките“, а медиумот „Слободен печат“ го нарекува „подземно, милицајско-таблоидна новина“.
ССНМ смета дека станува збор за онлајн малтретирање, кое не е прво и кое што почна претходните неколку денови, по објавен напис на „Слободен печат“ кој потоа беше објавен и на Телма ТВ, а кој воопшто не е авторско дело на Мирослава Симоновска, но во објавите на Божиновски е напаѓана и деградирана, лажно посочувана како авторка на текстот, нарекувана кообвинителка, рекетарка, заедно со медиумот и со обвинителка во предметот.
Сметаме дека тенденцијата да се фотографираат новинари е со цел да се конструира лажен наратив во јавноста, да се предизвика чувство на нелагодност, демнење, сето тоа проследено со невистинити конструкции да се влијае врз нивната работа.
Потсетуваме дека Мирослава Симоновска беше следена и снимана на ист ваков начин во ноември 2024 година од непознато лице додека седи на маса со ќерката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, по што снимките му беа дадени на тогашниот шеф на Вишото јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи од страна на лица задолжени за нејзино следење, за што во ОЈО Скопје има кривична пријава против НН службено лице за неовластено снимање поднесена од Симоновска. ОЈО Скопје го нема расчистено настанот, односно нема откриено кој е тој што неовластено ја снимал и следел Симоновска, иако снимањето се случи во истото кафуле на градскиот Кеј, каде има многу камери. ССНМ бара итно и безусловно решавање на овој предмет и секое пролонгирање ќе го толкува како обид за заплашување на новинарите и дополнителен притисок врз нив, и нивната работа“, се наведува во соопштението на ССНМ.