Македонија
Заштита и подобрување на квалитетот на водите останува приоритет на МЖСПП
Заштита и подобрување на квалитетот на водите останува еден од главните приоритети на Министерството за животна средина и просторно планирање кои ги реализираме и преку активна финансиска поддршка на единиците на локална самоуправа со инвестиции во доменот на водоснабдување, собирање и третман на отпадни води.
Ова го истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, во воведното обраќање на потпишувањето на првите пет, од вкупно 30 договори за средства кои ги доделува Министерството согласно Програмата за инвестирање во животната средина и Конкурсот за распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2015 година.
Прифатените проекти се опфатени со точка 1 од Програмата која се однесува на Изработка на техничка документација и реализирање на проекти и активности за заштита, зачувување и подобрување на квалитетот на водите.
Во овој прв циклус се потпишаа договори со градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта за „Изградба на фекална канализација во с.Дебреше“, во должина од 1500 метри; со градоначалникот на општина Желино Фатмир Изаири за „Изградба на фекална канализациона мрежа за населено место Палатица“ при што ќе се обезбеди приклучување на 100 домаќинства, јавни и деловни објекти кон канализационата мрежа; со градоначалникот на општина Чучер Сандево Јован Пејковски за „Реконструкција на примарна и секундарна водоводна мрежа за село Блаце“; со градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски за „Изградба на секундарна фекална канализација по ул. 37 и 22 во населено место Сингелиќ“ и со градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи за „Основен проект за фекална канализација за населени места во општината Боговиње и тоа во: Боговиње, Камењане, Калник, Жеровјане, Синичани и Горно Седларце.
Со Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 година во подобрувањето на квалитетот на водите на целата територија на државата планирана е инвестиција од приближно 50 милиони денари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

