Забава
Вајклиф Жан се предомисли – пак сака да го води Хаити

Хаитската поп ѕвезда Вајклиф Жан достави жалба на одлуката за негова дисквалификација на претседателските избори во земјата, пренесува BBC.
Хаитската поп ѕвезда Вајклиф Жан достави жалба на одлуката за негова дисквалификација на претседателските избори во земјата, пренесува BBC.Жалбата се однесува на хаитскиот изборен закон во кој стои дека кандидатот за претседател треба најмалку пет години непрекинато да живее во земјата пред да ја поднесе својата кандидатура.По одлуката за негово дисквалификување Жан изјави дека ќе ја почитува одлуката и ги повика неговите поддржувачи да го сторат истото.„Сите мораме да ги почитуваме сеќавањата на оние што ги изгубивме во земјотресот со мирно и одговорно реагирање на ваквото разочарување. Сакам да им порачам на моите сограѓани дека ќе продолжам да работам на обновата на Хаити,“ соопшти тогаш Жан, кој сега се премисли во врска со одлуката.Хаити се уште се опоравува од ужасниот земјотрес кој се случи во јануари годинава, во кој настрадаа повеќе од 230,000 луѓе додека повеќе од милион луѓе останаа без своите домови./крај/ббц/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Нормален ден во Бангладеш – автобуси се гребат во сообраќајниот хаос

Во Бангладеш возењето автобус не е само средство за транспорт, туку искуство што го одразува секојдневниот живот на земјата.
Автобуси од сите облици и големини ги преполнуваат патиштата, од стари, преоптоварени минибуси, покриени со боја и слогани, до автобуси на долги релации, што поврзуваат далечни градови.
View this post on Instagram
Неколку факти:
Голем метеж: Дакa, главниот град, е еден од најгусто населените градови во светот, со сообраќаен хаос, што изгледа како организиран неред;
Разновидни автобуси: на улиците навистина има и стари, шарени, често импровизирано поправани автобуси со рачно насликани декорации, како и поголеми меѓуградски автобуси;
Начин на качување: речиси нема фиксни автобуски станици во градот – автобусите застануваат каде што ќе им се сигнализира;
Преполнетост: често патниците висат на вратите, стојат на скалилата или седат на покривите – нешто што на странците им изгледа небезбедно, но е дел од секојдневието таму;
Функционалност: иако изгледа хаотично, системот навистина работи и секојдневно пренесува милиони луѓе.
Забава
Од Кисела Вода в понеделник тргнува уметничкиот карван „Баскерфест 2025“

Во понеделник, од Расадник во скопската општина Кисела Вода, ќе започне Баскерфест 2025, обележувајќи го почетокот на јубилејното 15. издание на еден од највозбудливите и најпрепознатливи улични фестивали во Македонија.
Под мотото „Побарај ја забавата“, после неколкугодишна пауза, фестивалот повторно ќе ја оживее уличната сцена, носејќи ја уметноста меѓу луѓето, на плоштадите, улиците и јавните простори.
„Ме радува што по неколкугодишна пауза, се враќаме повторно на уличната сцена, посилни и повозбудливи од кога било досега. Од 25 август до 6 септември На уличните сцени ќе продефилираат преку 20 интернационални артисти, од сите краеви на светот – од Полска до Чиле, од Канада до Бразил – со единствена цел да ја раздвижат секоја локација, да создадат моменти што се доживуваат со сите сетила и се паметат трајно“, истакна Пане Темов, организатор на Баскерфест, на денешната прес-конференција по повод 15.издание на фестивалот. Тој информираше дека оваа година, Баскерфест ќе гостува на 13 различни локации во 9 градови низ земјава.
Во понеделник, првиот фестивалски ден, ќе се одржи во скопската општина Кисела Вода, во вторник караванот ќе гостува кај амфитеатарот во Велес, во среда на плоштадот во Кавадарци, прилепчани ќе можат да се забавуват во четврток на плоштадот, а петок е резервиран за битолчани пред фонтана Магнолија. Во сабота (30.08.), Баскерфест ќе биде на плоштадот во Охрид, а веќе наредниот ден во Тетово.
Од 1 до 4 септември, караванот повторно ќе биде пред скопската публика, односно во општините Бутел, на плоштадот, Аеродром, жителите на Гази Баба ќе можат да го проследат Баскерфест на плоштадот во Автокоманда, додека паркот во Ѓорче Петров е локацијата на која ќе се одржуваат уметниките перформанси. Претпоследниот ден од двонеделното патување, 5 септември, Баскерфест ќе го посети Куманово, а наредниот ден во Гевгелија е последната фестивалска вечер. И во двата града, баскерџиите ќе настапуваат на плоштадите.
Публиката ќе има можност да ужива во огнениот спектакл на Plucie Ogniem од Полска, театарско-циркускиот настап на харизматичниот Hiram Meza од Чиле, ќе се смееме до солзи со Mr. Mostacho и неговиот уницикл-шоу „Equilibrium“, кое носи комедија, рамнотежа и многу изненадувања. Публиката со своите кукли Carolina и Maria Beijoqueira – комбинација од шарм, хумор и интеракција, ќе ја забавува популарниот Edu Boneco од Бразил, а Канаѓанецот Sean Rooney ќе донесе бои и фантазија преку балон-уметност која буквално се трансформира пред вашите очи. Свој перформанс ќе има и македонскиот уличен артист Кристијан Бенито, кој со својот автентичен стил и енергија ќе внесе локален дух во интернационалната програма. Целовечерното улично шоу ќе го збогатат и The Beat Killers Academy од Албанија, кои со танц и перформанс ќе креираат вистинска улична магија, како и статуите од Србија – актерска уметност што ќе ве воодушеви. Фестивалските вечери ќе бидат збогатени и со музички перформанси за кои ќе биде задолжен DJ MartiAn.
Бразилецот Edu Boneco беше присутен и на денешната прес-конференција на која не ја криеше возбудата што ќе настапи пред македонската публика.
„Навистина ми е драго што сум дел од овој Баскерфест, што се одржува во Македонија. За првпат сум овде, многу ми се допаѓа она што го видов до сега, се надевам дека се за време на моите настапи ќе запознаам што повеќе нови луѓе и ќе ја видам одблизу вашата култура. Јас ќе дадам се’ од себе да ве претставам на моите следбеници од целиот свет што поизворно, за и тие да ја запознаат Македонија и македонскиот народ. Се надевам дека сите заедно ќе си поминеме одлични 13 дена“, истакна Edu кој ќе ја забавува публиката со своите кукли Carolina и Maria Beijoqueira.
Забава
Оглас од Дубровник хит на „Фејсбук“: Можеби ќе продадеме бубрег за да платиме за станот

На фејсбук-страницата „Станови за изнајмување во Дубровник“ овие денови се појави објава што ги насмеа оние што ја видоа.
Имено, на страницата Андреа Оберан и нејзиното момче објавија необичен оглас во кој бараат стан за долгорочен наем – и тоа во стил што ретко се гледа во морето од сувопарни огласи.
Огласот почна со духовит вовед:
„Бараме стан затоа што двајцата го сакаме Дубровник повеќе од нашите бубрези (и можеби ќе треба да продадеме еден за да го платиме)“.
Младиот пар јасно кажа што бараат: стан од најмалку 35 квадратни метри, со една спална соба, по можност во областа Лапад, Дубровничка жупанија, или во Цавтат. Посебен бонус би бил паркирањето бидејќи, како што велат, „им е здосадено да талкаат низ соседството и да плаќаат“.
Во огласот тие нагласија дека не пушат, дека немаат домашни миленици и дека чистотата не им е проблем затоа што Андреа работи од дома и, како што вели, има „благо опсесивно-компулсивно растројство, па станот секогаш ќе биде чист како аптека“. „И малку постерилен“, се пошегува таа.
Сепак, најголемата предност е скриена во ветувањето за идниот закупец или кој и да им го покаже идеалниот стан: домашна вечера со десерт и вино.
„За оној што ќе нè поврзе со нашиот иден стан – готвам вечера. Не зборувам за сендвич со тост, туку за домашен оброк, десерт и вино… затоа што хедонистот во мене секогаш бара можност за добар оброк и уште подобра приказна на маса“, напиша таа.
„Ако имате стан што ќе нè заведе и двајцата на прв поглед, а нема да нè собори кога ќе ја видиме цената – контактирајте нè“, додаде таа.
Покрај огласот што се прошири на социјалните мрежи поради неговата искреност и хуморот, многумина беа привлечени и од приложената фотографија со натпис: „Бубрези на продажба за изнајмување во Дубровник“.
На крајот од огласот Андреја им се обрати на закупците и ги замоли да не нудат станови во кои самите не би живееле велејќи: „Времето е пари – да не го трошиме залудно“.
„Да имав стан, дефинитивно, би ви го изнајмил, огласот е за 10“, „Да имав стан, по ваков оглас, би го дал бесплатно најмалку шест месеци“, „Со среќа во пребарувањето“, беа коментарите под огласот. „Со среќа, момци! Грижете се за вашите органи“, се пошегува некој.