Забава
Фотографиите на Кејт Мидлтон во топлес ги објави и ирски таблоид
Ирскиот таблоид The Daily Star ги објави топлес фотографиите на Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, од одморот што со својот сопруг војводата од Кембриџ, принцот Вилијам го минаа во југоисточна Франција.
Главниот уредник на таблоидот, Мајк О’Кејн, изјави дека кон војвотката од Кембриџ се однесувале како и кон секоја славна личност.
Фотографиите не се објавени во изданието на Тhe Irish Daily Star коешто се продава во Северна Ирска.
Таблоидот The Irish Daily Star е во заедничка сопственост на ирската компанија „Independent News and Media“ и британската „Northern & Shell“ која е издавач на британскиот таблоид The Daily Star.
Сопствениците ја осудија оваа одлука на уредништвото за објавување на фотографиите, издавајќи соопштение во коешто се наведува дека за ваквиот потег не биле известени.
„Многу сум гневен поради објавувањето на фотографиите и веднаш ќе преземам чекори да го затворам ова заедничко вложување“, изјави претседателот на управниот одбор на компанијата Ричард Дезмонд.
Уредникот Мајк О’Кејн изјави дека е запрепастен од реакцијата на сопствениците.
„Војвотката не е поинаква од која и да е друга славна личност до чиишто фотографии доаѓаме. Има ист статус како и, на пример, Риана или Лејди Гага. Таа не е дината кралица на Ирска“, вели О’Кејн.
Пикантните фотографии на Кејт Мидлтон со голи гради во петокот прв ги објави францускиот таблоид Closer, откако британските таблоиди одбиел да ги откупат фотографиите на француските папараци направени додека двојката престојувала во приватниот замок во Прованса, која припаѓа на нивниот вујко, Виконтот Линли. Таму, француските папараци ги начекаа принцот и неговата сопруга и ги направиле контроверзните фотографии крај базенот.
Палатата Сент Џејмс, претставника на Војводата од Кембриџ, најави веднаш дека ќе ги тужи издавачите на францускиот таблоид. Објавувањето на фотографиите на војвотката до Кембриџ со разголени гради во магазин претставува гротескен и сосема неоправдан напад врз приватниот живот“ на Вилијам и Кејт, изјави во петокот портпаролот на британското кралско семејство.
По овие закани од Closer изјавија дека поседуваат уште пикантни фотографии, а во саботата ги обајви и италијанскиот таблоид Chi, кој најави за следната седмица обајви објавување на фотографиите се специјална приказна за одморот на Кејт и Вилијам на 26 страници.
Таблоидите Closer и Chi се во рамките на медиумската групација „Mondadori“, на поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

