Македонија
Неизвесен стартот на судењето за „Пуч“

Во среда во 10 часот закажано е судењето за случајот „Пуч“ во кој обвинети се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, неговата сопруга, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР.
Неизвесно е дали судењето ќе почне и дали ќе се појави лидерот на СДСМ, Заев кој најави дека нема да присуствува на судските рочишта, а веќе не се јавува ни во Судот во Струмица, иако му беше определана мерка на претпазливост.Судијата кој одлучува за мерката за претпазливост на Заев е на годишен одмор.Со договорт на политичките лидери во Пржино беше договорено да биде назначен специјален обвинител кој треба да го расчисти случајот со прислушувањето. Обвинетите се товарат за шпионажа и за насилство спрема највисоки државни органи./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.